Софи има во просветно звучна книга со азбуката . Ние го имаме второто издание ќе ви помогне доста за сите букви.
Да знае, малку интересно но знае Ја имаме звучна азбука од просветно дело и од неа се научи Го интересира и додека не му кажеш не се откажува
Ќе оди во второ директ. Шала на страна земете книгата во просветно со азбуката син ми мн ја сакаше уште како помал од неа научи и како прават мн животни и буквите ги научи скоро сите,ко ќе го прашам каде е А, каде е Ш, В, У, оди стега на нив ,некогаш ги кажува некогаш кажува пр. В верверичка и одма емитира како прави верверичката. Интересна е Него мислам дека твоето се облекува само и облекува патики нели? За облекување неможе сам ама ми помага,а за патиките порано се трудеше сега па ич. Сам ли даде интрес или некако го поттикна ? Секој ден му трубам ,џабе
Стави слика ако сакаш да не лутам. Облекува и соблекува патики без помош и алишта. Поточно соблекува чорапи а облекува со помош, соблекува долен дел и облекува без помош иако се мачи малку, горе тренерки на патент соблекува и маици а облекува со поголема помош од моја страна. Користи лажица и вилушка. За ништо не сум форсирала сам си дава иницијатива. Гледа и учи и повторува. За говорот зборам мелам ама ке погледне и ако му се чини тешко не пробува. За останати физички активности ке се мачи ама ке успее.
За зборење,не зборува. Али научи да вози тротинет сама,и тоа го крадеше од комшиите. Ние немаме купено уште и баш сум хепи. @The Unicorn Среќен роденден на синко
Навистина, книгата е убава. Јас ја имам звучната книга, ги знае, ама од меморија ги знае, ја вртиме пола година,но не можам да кажам дека знае букви и пишува, далеку од тоа, мноогу далеку од тоа. А сега направи и тој две. И далеку од тоа дека зборува, што го интересира знае да каже и да поврзе, кога нема потреба си ќути.
Син ми слекува сам чорапи , за облекување ми помага со рачињата ама далеку дека сам се интересира. Патики сакаше да пробува сам како помал и можеби тоа ми е грешка што не го оставав сам па сега чека на мене. Вилушка и лажица користи сам иако повеќето храна му паѓа ама мн се труди. Еве ја книгата , нашата не ја сликав да не се срамам колку е излитена
Синко е многу самостален. Сака се сам. Кога ке викне ЈА нема што сакам јас или некој друг возрасен, туку како сака он. По скали нагоре надолу сам се качува. Кај мајка ми се посебно стрмни ама нема ЈА и крај. За се е така. Сам и готово. Од вилушка не му паѓа кога ке боцне а од лажица зависи, супа му паѓа ама пире не, зависи колку е цврста храната. Битно знае какп треба да ја стави во уста правилно, не наопаку. И координација око рака се гледа тука. Ке ја побарам, гала мајка.
Ама сериозно 2 год и 1 месец знае сите букви да ги напише Моево 2 год и 8 месеци уште сам ништо не облекува, сам соблекува само чорапи и влечки/патики кажува се, зборува се, одвикнат е од пелени ама ете незнае ниту една буква да напише
Женски, синко 2г и 1м, 4та вечер спие сам во соба. Првата вечер помина супер, се разбуди еднаш и дојде во спална ме викна во детската и заспа без проблем. Овие 3 вечери, се заспива и се буди после некое време и повраќа. Откако ќе се исповраќа е весел без никакви други сиптоми. Дали е можно да е од стрес? Преку ден е супер, оди во градинка, спие јаде. После се заспиваме во детска пак и се буди 1-2 пати но продожува без проблем. Дали некоја имала некое вакво искуство?
Ние му направивме дупчиња на сите цуцли и такви му ги дававме. Не сакаше такви да ги цуца туку само ги џвакаше, некогаш ке се налутеше дека нели се скинати ама упорно тие му ги дававме и после недела дена престана да бара.
Мамички ми треба совет околу нејадење на синко. 2 години и 2 месеци е и веќе неколку месеци мачиме мака со вртење во круг само две јадења. Не сака ништо ново да проба. Што и да пробам да му дадам ништо не сака. Не сака ни да проба па нели ако не му се свиѓа нека го плукне. Ама ајде до сега се тешев нека јаде едно исто барем нема да му е празен стомакот меѓутоа веќе 3 недели почна и тие две јадења да ги одбива. Јаде само по еднаш во денот и тоа едвај, све тече со молење, убедување барем нешто да се стави во уста. Е смоки никако не одбива ама неможе бе цел ден да е само на смоки. Се надевав период е, ќе помине, ама искрено веќе се загрижувам. Дали некоја од вас се има соочено со слична ситуација да ме посоветува?