Моево е 2 години и 7 месеци, пред 3 недели отприлика почна да збори како големо дете, цели реченици кажува, размислува што треба да каже:пр. Не му се оди, сака да го земам во раце и ја му викам ајде оди сам, он ми вика подобро ме земи, ќе ме згази кола Или му викам од друга соба да ми даде нешто, он вика не можам ќе скршам глава ( да не го терам). Точно не памтам за време, ама до пред 2 месеци едвај зборчиња кажуваше, нагло се пушти, значи цело време учел, се спремал и наеднаш почна со зборење. Е сега зборењето не му е чисто, зборува понеразбирливо, ама и тоа почна да се поправа. Ама па, откако почна да збори устата не ја затвара За цицањето, што да кажам. Болна тема ми е. Само си вика тити и мора да му дадам, ако не добие вришти, плаче, ме влече.... Имав милион неуспешни обиди за одбивање, со се пробав, освен да го оставам да биде неколку дена без мене . Да ми е овој памет, многу порано ќе го одбиев, а не ќе полни 3 год, он уште цица
Моево е 2 и 1 месец значи се спрема уште. Јас не сум ни пробувала. Сега е екстремно тешко бидејќи разбира. Нема шанси да го залажеш. Да ми е овој памет не знам, јас и со неговото нејадење си кинам живци. Кога јаде си јаде и сув леб. Кога не ни кавијар не сака. Денес беше ден на несакање и мислам дека нервен слом ке добијам.
Баш поради нејадењето и јас си викав, подобро нека си цица отколку гладен да седи. Буквално до 2 години оброк не му се знаеше. Не дека сега е подобар, доручек секогаш скокнува зошто откако ќе се разбуди одма цица, ама барем ручекот го залажувам некако и го јаде. Вечерата кога како. На година сите деца имаа 3 оброци и ужинки, на моево еден оброк не успеав да му воведам, од што само бараше да цица.
Јас ја одбив на 11 месеца. Ене ја 2ипол години, нејадач. Јаде 3 оброка, ужини нема, можда еднаш во месец ќе се излаже. Ама се вкупно во денот што јаде да го измериш дали 400гр ќе се собере. Буквално ко пиле јаде. Јас ја одбив зошто немав намера да дојам по враќање на работа. Потајно се надевав дека ќе пројаде, па по некое време скоро сосема исклучив млеко. Ништо не смени. Нецели 12 кила е. Некои деца не јадат и тоа е тоа, си се помируваш со судбината и толку. Настрана од јадење, за цицањето не гледам поента на 2 или 3 години. Детево цели приказни раскажува, цицка ич не му треба. Да видите како мене ме моли за Кока Кола, исто како што кажувате дека вас ве молат за цице. Па и викам не може и крај. И некад се траска од земја, и ја оставам да се траска. Со тантруми нема да и дозволам да постигнува нешто. Знам дека ќе јадам хејт за ова, ама децата се емотивни манипулатори, и ќе добиваат по нивно се додека им дозволувате. Не е до детето, до родителот е.
Не си забораена Знаеш мојот јадач беше до година и некој месец, па почна се да одбива, јадеше само 1 исто, па после тоа што го сакал не, како лотарија дсли ќе му се бендиса или не, нерви до небо, уште така ми прави, зимата имаше периоди кога не јадеше ништо ич, само леб со масло сол и пипер поминуваше од таков јадач стана нејадач, дури сега од на одмор ко бевме од пред 2 недели почна поќе да јади па и бара сам сега, цицка до 14 месеци. Пие бекутан со омега мултивитамин, може од него се разјади. В градинка ништо не јади само леб Спиење последниве 2, 3 месеци супер е, пак станува чат пат за вода ама подобро, цврсто да спие без ич да стани не уште не сум таа среќа Многу ме слуша во последно, многу е пораснат Ке ја позз Фрее
@Spidy да си ми жива и здрава, потполно истото и со цицање и со нејадење и со кажување приказни, уста не затвора. Најново ни е не сакам да јадам, јадев вчера, утре сабајле пак ќе јадам на 2 години и 6месеца има 12.300грама. За трескањето од земја (зошто не сака да се облече, зошто сакала на прозор да се качи, зошто сакала да мава со лажица по стаклена маса) најчесто и викам можеш погласно мами, не те слушнаа во другото село, и зачудено ќе ме гледа и ја оставам сама да се смири. Инаку да се пофалам, ја примија во градинка после 1година и 8 месеци на листа на чекање Не знам како ќе биде со нејзиното нејадење таму, ама искрено не очекувам некој да трча по неа и да ја моли и да и раскажува најразлични приказни за да касне три залака. Се надевам дека ќе пројаде покрај другите дечиња
Синко во принцип има и периоди на јадење, ама тоа не е ни количински многу и е со молење. Само во висина оди детево. За една година се извиши 10 цм а ни пола кг не качи. Во последен месец почна да јаде така така и качи 600 гр. Кога сака да јаде, тогаш јаде месо, лазањи мусака полнети пиперки итн. Затоа вчера две кришки млеко и леб и кикиритки за цел ден. Синко е 12,6 со 93 цм а можеби е извишен за еден сантим. Јас не можам да го пратам во градинка а мислам дека ке пројаде така. Кога ни беше кумчето на гости, тоа јаде кромид и синко се намести кромид да јаде. Сецкан свеж кромид со скара што беше сервиран.
Ее генерации сте си поприкажале Со цицање на 4 месеци прекинавме, јадење од бебе до сега исто, очај. Плачењето исто од бебе и остана, само сега има глас па рика уште позасилено, сигурна сум дека комшиите мислат дека ја дробиме од ќотек, а таа си плаче дека немало сол на јајцето, дека пантолоните и биле многу кратки/долги, дека сум и дала вода и ред други работи. Тригер и е бебето, недај боже глас да пушти, во иста секунда се фрла на земја и почнува да плаче. Направив фатална грешка па и пуштав Дијана и Рома, па почна како нив глупости да прави и така.. Јадењето ужас, 5 јадења денес да зготвам таа пак само леб со абц, јајце или супа ќе касне и тоа по ептен малку, друго плука. До пред некое време во игра со други дечиња таа беше тепана, е по ново таа е тепачот, а јас мајката што се црвени За зборење си кажува цели реченици, како со голем човек да зборуваш, раскажува приказни, брои до 20 со по некоја грешка со броевите после 12. Од 1ви почнуваме в градинка, ептен е возбудена и среќна, се надевам така и ќе остане.. Плачењето во спиење и кај нас е повеќе од еден месец присутно нон стоп. Незнам дали е за загриженост ама многу се поти во главата, цело тело и е ладно а главата скрос водена, тече вода по неа.. Не ни е топло во спалната, спие само по гаќички и маичка.. Да и тоа, летово ги откачивме пелените, неколку пати се по мочка во гаќи ама во игра се забораваше. Инаку јас нон стоп ја прашувам дали сака да мочка, може за тоа не прави многу грешки. Ногата 26ка на 2 години и 7 месеци Тежина 14 кг, висина немам мерено ама долгичка е на мама и тато. Заби миеме редовно, во 90% од случаите со плачки ама упорни сме. Нека потпорасне па ќе и купам електрична четка, поинтересно ќе и биде. Тоа е жени... И уште ова, одвај чекам некоја минута со неа да сме сами, да се изгушкаме, да ми се измили како што знае @paleska3 Киндер Имуно
Генерацијата се насобра Пак горе долу исти ни се децава како што си беа од почеток. @S.J.Parker знаеш како ќе биде во градинка со јадење, јас мое искуство ќе ти кажам, таму само леб јади, мнооогу ретко можи нешто др да касни, да касни не да јади, затоа дома во 15ч кога ќе си дојди јади како улав значи огладнува. Сега е дома, месецов одеше само 5 дена во градинка, па одмор па од одмор уште е дома цела недела, има вирус стомачен па не ми се пушта уште ако можиме да го одбегниме Иначе е скоро 19кг, 98см висина, откажан од пелени на 10 септември 2 год и 9 месеци. Среќно на сите дечиња во градинка мајки спремајте нерви дебели со настинките
И јас да шкртнам нешто . Не смеам да се пожалам за јадење, јаде и во градинка и дома, нормално не се, си прибира, но јаде. Тешка е околу 15кг, висина не сум и измерила, носи 26 на нога. Како и сите, плаче за без врска работи, зошто омилените пижами биле ставени да се перат, зошто неможе сама да си ги врзе панталоните... Зборува многу и прашува, се е зошто, па зошто тоа и така додека снемаш одговор. Пелените ги тргнавме пред 2 месеца. Со среќа на сите што почнуваат во градинка
Заборајв да кажам, заљубен е во саатови/часовници 20 имаме дома, за одвикнувањето можи 10 купивме исто игра со коли, најново и вентилатори сака, тоа гледа на YouTube. Тема за роденден засега имаме
Денеска со мм не заклучи на тераса, како? Немам појма, за 2 секунди се се деси, среќа мм имаше резетвен клуч па влези дома преку влезната врата. Незнам дали е период ама плаче на секое мое не, се дере и само мене ме удира, и да е период едвај чекам да помине. Како се справувам со тоа удирање и рикање по цел ден, понекогаш ми успева со смирен тон кога и зборувам,понекогаш стварно ме вади од такт. Без цуцла сме веќе 1 месец и дури сега почна да сврзува ајде дома, тато моче(), пиј вода, знае до 10 да брои на англиски(знам и тоа ми е катастрофа морам да престанам со цртените по цел ден, мада кога сме сами не ми прави проблем). Тешки сме 15кг,долги 90цм, обувки носиме 23. Многу често ми прави проблем и за јадењето,ама кога ќе виде дека не и давам нешто друго да јаде, како попче зима и си јаде од јадењето.
Ве читам и почнувам да се плашам. Изгледа во догледно време нема да престане Сите деца ви се горе-доле постари од моето. А мојата прави се исто како и вашите. Се дере,треска глава од земја ако не и е по кеиф. Удира,фрла,плаче како да ја боли нешто со саати без престан ,а не и е ништо. Се мора по нејзино да е. Јаде сега само две работи, крекери и овесни со овошје. Толку е од јадење. За зборење не збори, пелени абер за откачување . Заби уште со сила и мијам,а она плаче. Висока незнам колку е,а тешка е 12кг. Патики уште носи 21. За некој ден сме 2 години и три месеци.