Искуство со стафилокока аериус во нос кај дете од 2 ипол години? досадна бактерија градинскане ни прави проблеми некои али ја има.. Знамдекмтреба капки но знам дека и тешка е за лечење
Тешка е стрептокока. Стафилокока имаше син ми и капки цитерал ми даде матичната, капев 5 дена. Сите се повторуваат мислам при пад на имунитет ама не е страшна како стрептокока. Со помин.
Здраво, Малава ми е 2 години, но имам страшен проблем не сака да се бања. Претпоставувам дека е некоја фаза, што се вика и раце со лажги и мијам. Ако имате некоја идеја како да го надминам проблемов кажете
2 г и 1 м (25 месеци) - 95 цм и 12,5 кг - обувки бр 26. Уште цица. Со јадење кога како. И лажица почна да користи правилно за супа и потечна храна. Се качува и спушта по скали. Најнов збор му е нема.
Фаза е, ама знам за деца кои одма им проаѓа, знам и такви што цела година и повеќе ги држи. Ќе видиш како ти е полесно, када или туш, и тераш. Како и се друго, ќе се навикне со тек на време дека мора да се бања. Ќерка ми само за коса миење правеше проблем, сигирно повеќе од 6 месеца рикаше на секое бањање. Сега се мести сама да не и иде вода во очи, пак не го сака тоа ама барем не плаче веќе. Уште пред 2от роденден почна тоа, се среди скоро на 2ипол години.
Јас ја земав во раце и се бањавме заедно. Траеше две недели. Сега со корито ја лажам и пена многу и правам. Знае да плаче ,ама не толку.
И мојот не сакаше коса едно две три недели пред 2 год, а па една ретка коса проќелава уште, ама затоа туш бара на секое влагање дома, се научи летово по неколку пати го туширав, посебно кога се мочаше насекаде, сега а нешто му капне, туш, кака туш, руча туш, пие вода се истурил туш ајде. Пред спиење обавезно туш, од сабајле рано не гледа нас, сака туш. Па со едно продолжено меко Ш. Веќе и сам влегува си пушта дур го стигнам јас. Када немаме, а кадичката ја фрлив на година дена, ми фаќаше простор. Пробувам да го лажам да не е често ама морам бар на 1 дневно да сведам, јес да е само со вода претежно без купки, ама што е многу, многу е.
Мајки од кога ,,треба,, да почнат правилно да ја изговараат буквата Р децата? ние сме 3 г за еден месец сеуште ја скокаме
Мојава еве 2 и пол години никогаш не поминало миење коса без плачки. Веќе се навикнав, за туширање дава ама штом натопиш коса и почнува песната .
Иста е и мојата. Ќе се бања во коритото пола саат може и повеќе, целата ќе се намокри и косата, ама штом и ставам шампон на коса почнуваат плачките и траат додека не и облечам бањарката.
Не е ништо страшно да не знае да изговори буква, најчесто р или л, тие им се најтешки, некои и кога ќе тргнат на училиште не изговараат убаво р или л. Кога ќе сака покажувај му на детенцето како се изговара или брмчете бррррм, па ќе му дојде на говор, нема никаква потреба за грижа.
На една емисија слушав баш за овој проблем и логопедот кажа дека до 6 години се толерира. Ако и после 6 години не ја изговара правилно буквата во тој случај треба да се побара помош од логопед така да не се секирај, имате време за вежбање до тогаш .
Која е потребата дете од две години и некој месец (кое патем сеуште не збори чисто на македонски јазик) да знае како се кажуваат одредени зборови на англиски јазик? Зошто некои родители се гордеат ако детето знаело да брои до 20 на англиски (при тоа не сфаќајки го количеството) а на македонски не знае ни до 5? Не разбирам....сигурно порадосна ќе бидам да ми каже лижавче наместо зиапче, отколку чикен за кокошка
Син ми кажува мн зборови на англиски јазик и се трудам премногу на пр. да каже јаболко наместо апл ама џабе е. Не сум ни му кажала туку од цртани што му пуштам за јадење и тоа не често на англиски зашто му ги ротирам. Мајка ми ме кара ама како да и објаснам дека не се гордеам тоа е што е.. азбуката цела ја научи да ја кажува , а македонската не. Сега гледам кога брои преферира македонски и тоа ме радува .
Какoв ви е ставoт за пиење кравjo млекo? Давав АД си пиеше се дoдека не се разбoле и преку ден гo oдби па престанав да купувам. Се рoди бебетo и измoлзенo шишенце акo гo начека знаеше да му гo испие. Прoбав тетрапак мнoгу сака нo некакo oд тoа штo имам читанo сo дoза на резерва и давам?
Со една нога сум влезена веќе,ситно броиме до роденден, уште 35 дена Дада крадец на млеко Не и текнува да побара да цица? Јас чоколино,гриз ,житарки му правам со тетрапак млеко. Сум му понудила и да се напие но или малку ќе проба или воопшто не сака (на мене е, и јас не пијам благо млеко). Можеби дека цицаше долго (до 19м). Кога прашував за одбивање, педијатарот ми рече ако конзумира млечни производи нема потреба дополнително да пие млеко. Иако некои до 2г даваат ад. Во ред, нешто научило само па да повтори ,ама ова намерно пред мене беше испрашување на детето,како се вика крава,како коза,како ова како она. Додека моево дете, ќе му речам да испее песничка си пее песни од детски фестивал на македонски (што дома,што од градинка научени ) Не знам,може беше докажување еве и нашево нешто знае.