Синко прави проблем кога треба да му се плакни косата т.е. кога му тече вода на лице. Се плаши од правосмукалка и алат кој зуи.
Мојата имаше таква фаза ама се плашеше од коњи .Имавме спроти нас 2 пасеа и цело време плачеше ,неможев надвор да ја изнесам.Дома сите коњи ги криевме .Ако добро памтам 2м а држеше
Од се што напишавте и мојот се плаши, особено од косилка. Но имаме друг проблем. Нејќе од дома да искача, буквално се треска од плачење додека го облакам и во ливт се смирува ама многу вриска како да го колеш Ама и на него ми дојде нагла промена. Го оставив на спиење и отидов на пораѓај, па 4 дена ме немапе видено, таман си дојдовме една медела се прилагодувавме пак отидов со бебето во болница и пак на спиење го оставив Месец ипол нее отиден во градинка, сега од наредна недела пак ќе почне плус со нови учителки, има весело да биде. Со брат му беше многу мил ама само неколку дена,дур не свати дека бебето нее на гости Сега несмеам секунда сами да ги оставам стана опасен, бебе неможе да спие од него,ќе го гушка и бацува и наеднаш бокс ќе му мавне, дури и од релаксаторот го преврте Од тогаш големово и во тоалет си го носам.
Исто,несака надвор да искочи . Плачки и трескње врати. Не размислувам за второ,оваа за десет е немирна. Луѓе, некогаш ми иде да пукнам од што е неподнослива дури. Се срамам што го кажувам ова за сопствената керќа која толку ја чекав. Ама некогаш брате,ми иде коса да си откорнам Нормално ли е,или само моето дете е такво
За ова не излегувањево надвор се чудев и меслев моето само неќе да излези надвор. Не знам што му е последниве дена со триста циркузи го ваѓам ,после од кога ќе го иставам нема гајле му поминува. Или ќе запне за количката и се тегне или пак се качува по скали и чека пред врата да му отворам за да ја земеме и количката а кога беше мал плачеше во неа Сега брзо почна од звуци од мотор да се плаши. Дури и во сон се буди и плачи ако помине некој мн бучен. Гледам и за млекото сте се запишале. Син ми од кога го прекинав доењето ,никакво друго не посака. Капка неможам да му ставам ,ни пак да му го маскирам во нешто. Но сепак јаде кисело млеко и јогурт, педијатарот ми рече тоа е најздравата опција.
Мисли си дека само твоето е такво. Вака како што читам сите се исти како од еден калап излезени. Мојата сега на 4г не праве проблем за коса миење. Само ѝ кажам да гледа нагоре и јас ѝ ја мијам. А малово па да нѐ слушне некој ќе помисле дека ја колеме. Последните 2 бањања писка, рика, а пред тоа не беше таква, кој знае што му стана на детето. Пола минута под туш и толку
леле како бре несакаат надвор,па јас неможам да ја намолам да влезе дома и не се плаши буквално од ништо за коса миење ми прави проблеми кога ќе и влезе во очи писка пара уши
Керка ми се плаши од мали деца , инаку не оди во градинка. Сака да игра со возрасни, со поголеми деца од неа, од врсници колку неа (2год) бега и пишти и вика дека се плаши од нив. Имавме 2-3 непријатни случки со дечиња колку неа, да ја удрат или искубат и мислам детево сега уплав има од нив. Знае и да се заигра ако "намириса" дека е мирно детенцето и дека нема да и направи ништо лошо, тргне ли да ја фати за рака, или не дај боже да ја баци , одма плаче и трагично трча кај мене да ми каже што и се случило и следи : мамоооооооооооооо ме бацувааааааааа!! и плаче како кој знае што да и направиле. Со големи деца (4,5, 7,8 год) нема никаков проблем,дава раче одма, игра со нив, си зборува со нив ,ги прашува прашања и слично. Фаза е ова? Разговараме нон стоп , дека не е страшно ништо ако и дадат раче или слично, ама гледам дека страшно ја иритира коа ке ја пипнат, многу трагично го сфака, начинот на кој што ми раскажува после гледам дека стварно се плаши да не и направат нешто, што е скроз обратно со големите деца. мајка не се потресувај, и ја секој ден истово си го кажувам Некад толку знае да ме извади од такт ,што не знам што со себе, не па со неа
Вчера мм се напна,и ми вика на психијатар да ја носиме. Ништо не слушала. Ми идеше да го треснам стварно. Јас сум со неа цел ден. Се осетив виновна и најлоша мајка на целиот свет.
ИСТО!!! значи ништо не слуша,НИШТО! Слуша само кога и одговара на неа во моментот, и ако и одговара. Пример: иде ја истура цела врека со играчки , и ми вика ајде мама одиме надвор сега? Јас- не , собери си ги играчките прво па одиме она- е не сакам, не можам јас- собери ги играчките одма , инаку нема да може да одиме надвор она - МРТВА ЛАДНА, океееј мама , не одиме надвор јас- ЧУРАМ!! викам ок не одиме И ја баталувам , зошто гледам за инат дека прави. Накрај гледа дека не попуштам , и ке ми рече заедно да сме ги собереле, уморна била Живци еден тон треба со нив
А мојава направе нешто и ми вика Мамо едно направило (тоа и тоа) и јас ја прашувам Е кое бе мама дете го направило тоа? Е не знам ми вика. Да да викам сигурно некој од надвор ќе дојде и ќе го направе тоа. И она почне да се смее. Глумица невидена е. Или па направе некоја беља и вика не била она, сестра ѝ била, а сестра и нема 7м
Не ја терај ништо, ако не сака не сака, ќе и помине. Нека си игра со кого сака и завршена работа. Обично така кога се на иста возраст баш најмногу се караат зашто истите фази ги поминуваат.
Викаш мајка фаза е? Јас едно време почнав и да се секирам, мн ми пага жал како трагично реагира. Скроз е различна со возрасни и поголеми деца - дали дека ја пазат, тинтраат дека е помала , може и тоа да е. Абе оди собира луге од игралишта татковци мајки, ги фака за рака оди им се претставува, дојде ли дете колку неа одма шпринт со плачење : мамоооо ми кажа здравоооо
Ништо страшно. И мојата секогаш со поголеми сакала да си игра, па еве и сега, некако повеќето такви се. Гушни ја само, да знае дека ја разбираш, инаку и инает ги фаќа, па стануваат поекстремни додека не им се покаже дека ги разбираме. Ќе си помине, како и се друго.
Денес ми го скрати животот. Палав е и го имаме на око цело време. Секунд не смее да се тргне поглед од него. Седиме на тераса, јас на два чекора од него. Се качува на оградата ама не може бидејќи се како цветови и му се лизгаат нозете. Сега ја заглави патиката некако и да не станев ке скокнеше. Го карав и разбра дека е крив. Се врткаше и на крај се пикна да бара титем да се смири. Ѕверка мала. Во фаза е кога сака клучеви. Битно е да се клучеви. Ама сака туѓи. На комшивка, на човек со кого се разминуваме итн. Му нудиме наши, јок тие ги сака. Драми плачки.
Ауууу среќо @srekice мисли си дека само твоето е такво. Сакаш да се трампаме на еден ден да одмориме? Во духот на муабетот, ејџој