Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    10.957
    Здраво и од мене :hai: Мајки да ве прашам сте имале ли проблем околу ноктите еве 3 дена ја молам да и ги исечам не дава се мава од земја и не сака да се бања ако и ја натопиш косата со вода и одма почнува да се дави |( Читав тука имало дечиња не јаделе да се приклучам и јас во клубот ништо не јаде, само леб сув смоки, чоколадо и сок, а претходно се јадеше и вода пиеше, овошје, зеленчук. Успех беше вчера касна грав и цела чинија супа, се надевам период е инаку 2 години и 6 месеци сме. Поздрав :hai:
     
    На Mia Fuentes и lackygirl им се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    17.584
    Пол:
    Женски
    Пробај да и ги исечеш кога ќе заспие цврсто.
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Нокти сечам со телефон само. Ја ставам во хранилица,седи врзана. Давам телефон и брзински сечам:D
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    10.957
    Сега и два пати поврати вика стомак ја болело, грб ја болело, глава ја болело докторот и даде сируп и утре да и се испита урина и крвна слика :| сега кога поврати и шлајмови многу имаше. Температура 34 со 4 не знам што и е
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    34.4 е многу ниска температура. Затопли го детето, топли течности дај му и завиткај го со ќебе, држи ја во раце ако треба.
     
    На Marijana93 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Нокти се сечат ако е ноктарката наша, не бебшката нејзина.
    Во хранилка не седи веќе година дена. До сега не јадеше па немаше потреба:D сега последниве дена сама бара јадење(fingers) ама под услов на стол како ние да седи.
    Тел и ТВ воопшто не ја интересира освен ако не прави муабет на тел. Буквално глава не врти.
    По цел ден е во движење и тоа со трчање.
    Сега после роденденот некако смена многу, почна се да зборува како голема, почна да јаде и да кажува што сака и да се заигрува. Кујната апаратите, куклите, колички се почна да користи. Ми вари кафе, ја носи куклата на др. Ја прегледува и дава "шуљупче", и готви, ја цица и заспива...
    И конечно седи 3 мин да и прочитам книга.
    Дома сеуште е многу бесна, прави бељи, сака по нејзино, ама намалени се трантумите, надвор е помирна и почна да се срами.
    Ќе ја биде. Хахаха како ја пофалив како за продавање или мома за мажење
     
    На Chanell*, hello-kitty.90, koritsaki и 7 други им се допаѓа ова.
  7. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Дојдов да се пофалам (fingers).
    Бебе мое не цица веќе. Кооонечно. Веќе 5 дена е без цице :inlove:.
    @MilaSs12 има надеж, го одбив на 2 год и 8 полни месеци :drunk:. Последните 2 месеци ужасно ме нервираше зошто посебно за спиење знаеше да ме жвака и по 2 часа на суво |(. Млеко скоро и да немаше, а он како усисувач.
    Па и ноќе ако се разбудеше и бараше да цица :@.

    @lackygirl и моево почна да преспива цела ноќ. Од пред 2 или 3 недели почна да си спие без будење, па некој ден се будеше еднаш или двапати, па пак цела ноќ спиеше, и се така. Не ми беше сигурно дека ќе потрае, па не се фалев. Сега откако го одбив, некоја ноќ спие убаво, некоја се буди, се врти на друга страна и продолжува да спие :inlove:. Почнав да "живеам". Ова го чекав дооолги 2 год и 8 месеци :worried:. Само нека трае.

    Од она што читам, сите деца се постојано во трчање, не застануваат. И моето е такво. По цел ден трча, па топка, па моторчиња, па коли, па кујна и кујнски апарати, продавница, бои и по цел ден само трчам со него и по него. Од играчки нема каде да се стапне. И цел ден ги собирам и пак не соберени.
    Се надевам побргу ќе се изморува кога ќе почне во градинка :emo:
     
    На Iki lepi, koritsaki, NewMama и 7 други им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.854
    Допаѓања:
    18.710
    Пол:
    Женски
    (fingers) Има надеж и за синко. Само што синко и цели ноќи преспива. Знае и да се штека постојано ама поретко. Главно цела ноќ ја спие.
     
    На NewMama, srekice и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  9. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Уште мојата да почне да преспива цели ноќи:rofl: ама рано ни е нас. Тек сме 2 години и 3 месеци:D.

    Туку, сакам да прашам. Ви паѓа ли косата? Ова е хорор. Не паѓаше после шест месеци од раѓањето како што паѓа сега. Лудница е ова(facepalm)
     
    На koritsaki, NewMama, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.854
    Допаѓања:
    18.710
    Пол:
    Женски
    Паа не паѓа, т.е. паѓа ама редовно.
    Последица од корона можеби е? Многу се жалат дека после корона без коса останале.
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Од корона не е.
     
    На NewMama и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.121
    Допаѓања:
    24.430
    Пол:
    Женски
    Да ми паѓа, секоја есен и пролет :D
     
    На srekice и NewMama им се допаѓа ова.
  13. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Еве ме сега официјално во темава. Синко ми порасна :') 2 годинки.
    Како папагал е. Се повторува. Кажува мн зборови ама секој нов му е интересен. Мн ми е сладок доаѓа во кујна и си кажува што сака . Цокче,мече (харибо) ,чоко, чајче... :rofl: самиот сака да јаде и се труди многу со вилувче и лајца. Му купив пластични детски за да не ми го уништи шанкот од лупање. :D

    Трча како да има моторче во газето, се качува и слегува сам по скали, за облекување ми помага иако неќе да го облекувам и понекогаш хорор е. Од вода неќе да излезе само да не му падне капка на косата тогаш следува драма.

    Со спиењето сме супер од дамна преспива цела ноќ иако си се шета низ креветот и му ставив две перници. Една на крај од кревет и една кај што си спие|(

    Пред некој ден го пофалив дека е мирен сега си ги враќам зборовите назад :wasntme: се ми ваѓа од кујна, ми ги паѓа столовите. Се качува кај ќе стигне , се качува на грб кај сите, скока, растура... хаос.. мислев дека денот му се погодил таков ама еве веќе 4 дена по ред лумпува :rofl: Размислувам сериозно за градинка.

    За мочкањр какање сеуште нема абер. Знср дека пиш пиш е мочкање и дека па па па па е кака , ама не ми кажува туку од кога ќе си го наполне памперсот. Ај се тешам има време, барем тоа сите деца го научиле.

    Патем јас сега очекувам туфки од коса да ми паѓаат дека се породив пред 3 месеци. Со син ми после 4 месеци почна косата да ми паѓа.
     
    На koritsaki, MilaSs12, Mia Fuentes и 2 други им се допаѓа ова.
  14. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.161

    Мене почна да ми паѓа 4 месеци од кога престанав да ја дојам, значи после 15 месеци од пораѓај. Исто се чудев зошто толку касно, траеше може 2 месеци и се стабилизира. Значи секоја есен ми паѓа ама ова беше многу, никогаш порано толку не ми паѓала.
     
    На srekice и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  15. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Јас на 20+ м кога го одбив после нецел медец останав бремена пак, па сега од витамините и од бременоста ко луда ми расте до половина и е густа. Си се фарбам редовно, за шишање здравје пред пораѓај ќе и дадам убава форма, сеа не ми се оди на фризер.

    Детето ми е со градинка катастрофа, ко да не одел цела година, плаче, тажи, вика, има нова воспитувачка и не сака да ја прифати. Не јаде ништо таму, па дома да го чека ручек од врата. И со месо сме слаби, уф ич. Како јадеше мефце на 7 месеци со џвакање со се', сега цело лето не е каснат, па ни мелено, ни ќофте, никакоооо. Надоплнуваме со јајца. Крвната слика му е топ, и не напнувам многу. Криво ми е што готвам толку за џабе, со надеж дека ќе проба. Јаде салата со ручек и исклучиво ручек без месо, а ние дома месари. А сум пробала и со готвење, уствари он си се качува на скала во кујна одамна, готви мие се прави, само не да јаде.
     
    На srekice, MilaSs12, paleska3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    915
    Пол:
    Женски
    Добро вечер.
    Имам едно прашање.
    Чувам дете моментално и ми треба малку помош од мајки со искуство со ваква ситуација. Детето што го чувам сега сакам да го наранам ама некако не сака да јаде. Гледа во телефонот цело време еден цртан, го изгасив телефонот и почна да плаче па пак му го уклучив цртанот... И преку игра нешто така како "види авионче лета" и така пробав да го наранам ама главата не ја трга од телефонот. Мора да го наранам, не може гладен да стои. Инаку 2 години има детето.
     
  17. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    17.584
    Пол:
    Женски
    А мајката што вика?
     
  18. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    915
    Пол:
    Женски
    Кога ѝ се јавив ми рече да го оставам да огладне па да му дадам да јаде. Бидејќи сакаше да јаде детето чоколадо јас му направив јадење прво за да не му се сече апетитот од чоколадото, но од јадењето не сакаше.
    Инаку го наранив. Му дадов вода побрзо да огладне па почна да јаде и сам после. :)
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Мајки да ве прашам. Деновиве синко ги трга ушите, поточно ги затвора ушнотр капаци и ги влечи на долу или си го чеша увоот од рамото. Ја навалува главата и се гледа дека е нервозен. Утре ќе го носам на педијатар. Дали е можебо поврзано со тоа што му растат сите 5ки ? Си велам да го болеа ушите ќе плачеше многу
     
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.854
    Допаѓања:
    18.710
    Пол:
    Женски
    Стисни го на почетокот на увцето, ако ск гледала педијатар кај стиска за да првери. Ако не реагира на болка значи забите се. И синко многу ги влечеше ушите кога му растеа заби. Сега ги нема чепнато.
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.