Мајки ај ако имате совет или искуство споделете. Антонија кашла веќе една неделс од што и се слева од носето секрет. Правев крвна слика уредна, и правев брисеви од нос и грло - чисти. Цела недела одам кај матичниот да ја следи и слуша од страв да не спушти на плуќа. Чисто на плуќа, грлото не е црвено. Се сомнева на нешто алергиско др. Давав два дена сируп Зиртек не помогна па сега земав Лоратадин. Има бели прозирни мрсулчиња, прскам аквамарис, влечам со пумпица по четири па и пет пати во денот. Голема е знае и да дува па и така го чистиме носето. Наутро и навечер и прскам и Оперил за деца. Ја осеќам ми зборува на носе а и кога ќе се раскашла онака се слуша како пушач што има триста шлајмови да исфрли. Што да и дадам друго да ја смири кашлицата или да се смири носето?
Вака кско што опишуваш беше и малата моја пред неколку месеци, носена на педијатар, се чисто. Никаква терапија освен физиолошки да го чистиме носето оти е мсла мојата, сега има 17 мезеци, тогаш и помала беше. Шлајмовите постепено ден за ден сами по себе се чистеа, повеќе течности давав, вода, сокче, цицање нон стоп за да се разводени и да се исфрли. 2 недели може и повеќе траеше кашлањето и само по себе помина. Тоа беше и одговорот на педијатарот , дека постепено ќе мине,немаше потреба од никаква терапија кај нас.
Андреа беше со фатен глас и шлајм пред три недели. Матичната тогаш рече само два пати инхалации зада омекне ,испирање со шприц и физиолошки. Прскав оперил три пати дневно. Рече ке кашла уште две три недели.и кашла суво сега чат пат
Ќе помине треба време. Чистете го носето, повеќе течности, најдобро топли чајчиња . може да и направиш домашен лек за исфрлање шлајмови ако јаде мед .
За среќа кај мене децава сакаат да го јадат Една половина мала лажичка насабајле и навечер Ако несака да го јаде,ставај го во шише со млеко или чај да се растопи па така Само да го мачкаш мислам нема голем ефект,затоа поубаво да се внесе
Ке земеш од аптека шприц голем и шише физиолошки раствор. Некој мора да го држи детето, само да седи мирно нема шанси. Кај нас мм држи. Ова оди многу брзо и е топ работа. По ова видео правев. Јас ја покривав со пешкир подебел на пола свиткан. Не се плаши,ич не е страшно
Вака на син ми да му направам ќе се онесвести. Кога е ова препорачливо да се прави и дали вака навистина делува ? И кажи ми дали не може да се засркне ?
Ова се прави само во болнички услови. Оти секретот може да замине каде што не треба, па да биде поголем проблем. Чистете го носете над топла вода, наведнати во водник.
И Јас мислев така,но не е страшно. Ако е убаво исправена ништо неможе да и биде. На децата не им е зарасната носната коска затоа излегува течноста на друга страна. @duffi Мене матичната ми рече да правам дома
Ама зависи од ситуација. Андреа беше со сува кашлица и хрчеше во спиење. Прво две инхалации правев за да опушти и после испирав. Во други ситуации аспирирам со правосмукалка. Се во консултација со лекар. Работела 20 години на детска клиника, знае што кога треба.
Јас живеам во Грција и тука педијатрите кажуваат исклучиво вакво чистење на нос, од бебе со ампула се чисти, ако е бебе се прави легнато настрана и се става една цела ампула во едната ноздра и после друга ампула во другата ноздра, ако има секрет излегува се, вака 3-4 пати на ден. Ако е поголемо бебето/детето се прави така како што членката го постира видеото. Јас така правам/ев за сите деца од бебиња, т.е. од првата им настинка со зарнато носе и секрет. Не е страшно затоа што на тој начин му помагаш на детето да го исекне носето затоа што само нели не може. Јас вака правам на мојата која е скоро 18 месеци, летото 2 пати ми настина со растечено носе и кашлање, ако не и го чистев вака носето јас мислам дека сигурно ќе спуштеше од секретот. Само мене од старт ми одговара држејќи ја над лавабо, ги држам рацете и ја наведнувам со главата малку над лавабо и шприцам цел шприц 5 или 10 мл во едната, одма друг во другата и пак во едната па во другата ноздра се додека не излезе се што има внатре, а не сте свесни што и колку има секрет внатре што нема теоретски шанси да излезе на било кој друг начин. Кога ќе почне да излегува само водичка, растворот значи, тогаш престанувам, значи е исчистено се, до тогаш излегуваат густи мрсули, а тоа мора да се исчисти, да излезе. Јас и правев 4-5 пати дневно, колку повеќе пати се чисти толку побргу ќе мине и нема да дозволите да оди надолу. Е сега нешто од растворот така шприцајќи ќе голтне, нормално е тоа. Само така чистам носе на мое дете и до сега не сме имале никаков проблем, нормално е дека не седат, кој би седел така ама нешто што се мора, мора да се направи, за нивно добро, на нивно здравје.
Исто е и синко еве 3 дена, мат ми рече да му давам ацц или бисолвонт за да го искашлува ама не му давам оти не ми личи дека е такво кашлањево, поќе на алергиски ми е, засега само чистам со спрејче физиолошки и диво оригано 1 денот, кашла само кога спие и од ко ќе стани.
Еве и ние стигнавме до оваа група, пред некој ден наполнивме 2 години Што мислење имате за овие витамини? Малата оди во градинка, но многу често ми се настинува од таму,бидејќи во групата секогаш има некое дете што го носат болно, па сакам да и давам некои витамини. Дефендил ми е испробан, и покрај многу фалења, кај нас немаа некој ефект.
Јас и го прекинав и Лоратадинот на Антонија, 4 дена давав никакво подобрување. Не кашла во спиење,само хрчи со носето. Бидејќи во градинката нејзина имаше случај на заразени воспитувачки, за нашата сеуште никој не не известил, и голем број на дечиња што не одат во градинка, од денес па до понеделник не ја пуштам да оди. Вчера ми крена темп 37.5 и сама се спушти, башка од завчера кашламе и јас и мм, вчера Антонија уште и поврати со шлајм и сабајлево како попче и неа и маж ми и јас во Биотек. Се тестиравме со брзите тестови сите тројца негативни. Матичниот ни вика немате ништо на плуќа, немате црвено грло, пијте повеќе чај и тоа е ќе помине. Ми се измачи детево уште малку две недели ќе фатат како кашла. Не кашла постојано ама кога ќе се закашла мислам белите дробови ќе си ги искашла и доаѓа дури и со нагон за повраќање. За разлика од неа јас и мм сме со сува кашлица.