5 дена е доволно. Ако ви продолжи лекар може и уште. Помага да. Јас имам проблем што не го сака. Инаку за настинки и да престане носот е добар.
Ако ти рекол доктор давај, и мене ми кажа, за дете од нецели две години, макар јас еднаш дадов, и веќе не. Моево спиеше цел ден од една доза, а ич не е спанко, и прекинав да му го давам. Си помина само од себе, за такви настинки веќе не давам Риностоп.
Да исто и кај нас иако е настината спиеше мирно цела ноќ, што не е навика за неа и затоа се плашев повеќе ама изгледа од парацетамолот е така. И гледам дека и помагаше зато носот и тече како вода и очите црвени и нон стоп плаче кенка ништо не јаде.
Не е од парацетамолот, од псевдоефедринот е, состојката која треба да го смири носот. Кај мојот не дава поспаност. Сум давала и Тајлол Хот и Ногрипин,сите се слични.
Ај ке пишам тука иако имаме уште еден месец за во оваа група Заради тоа шо сите се поголеми тука и веќе спиењето е средено(се надевам) ми треба мала помош. Кој ме читал знае дека имам дете страшен неспијач а и многу активна е сега за спиењево дали некоја од вас има користено чај/сируп/капки на природна база за помирен сон? Премногу е веќе скоро 2год три часа немаме врзано, спие по 9ч преку ноќ со будења од три до десет пати буквално преку ден спие само по 45мин. Иако сум скептик за такви работи морам да пробам нешто.
Јас знаеш дека имам неспијач и нејадач. Ама неспиењето не е толкав проблем. Ако не спие дење, ноќе е капсан. Е сега, јас пробав куп сирипи за апетит и ниту еден не ми даде некој ефект да кажам детево јадач најјадач е. Сега не пие никаков сируп а јаде колку толку. Дури има денови јаде појадок па ужива овошје. Пробав со се што ми кажаа дека е ефикасно, природна база, б комплекс итн. И од ништо не пројаде. Дури и поголем проблем беше тоа што не сака ни сирупи да пие, па плачки и за тоа. Прашај доктор какви чаеви може, камилица, маточина итн. Б 6 е за возрасни ама за деца не би знаела. А сум читала по групи дека даваат искршен (во прав) б6 во млеко пред спиење. Дали смее не знам. Побарај на фб Роса, прават чаеви за се и сешто, може имаат и за деца.
Ако најдеш решение кажи. Мојата е поголем неспијач од твоето 100посто. Три ноќи за 2 години и 4 месеци преспала само. Се буди просечно 3-5 пати. Сеуште се заспива и презаспива со нишкање и шетање по соба.
@haruki @srekice има бебе чај на бекутан за добра ноќ со маточина. Пробајте. Има и б6 сируп за деца на бекутан Исто има и сируп Калма, на природна база е https://www.facebook.com/381977421935322/posts/2167921520007561/
@KuklickaSk фала ти морам да пробам не бива веќе. @MilaSs12 едно не јаде друго не спие да не знаеш шо е полошо. @srekice ниту една вечер нема преспано, три пати и е фиксно станување а знаат да бидат и 10 а преку ден више не ни рачунам дека преспива шо е тоа 45макс спиење ли е. Еве јас ке пробам нешто од овие шо ги кажа Кукличка па ке ти кажам ако има ефект.
Претешко... Длабоко во себе знам дека нема да помогне ништо затоа шо знам какво ми е детето и имам чувство дека е така како твојата девојка до голема шо се вика нема да преспива ноќ ама морам да пробам.
Пробај,ти посакувам среќа. 4та година сум без сон,турбо сама со нив по цел ден,ноќе не спијаат,поголемава почна и дење да не преспива и еве ја уште будна а пред 8 е станата. Ќе треба да превземам нешто и јас.
Фала ти срц,но мојава освен вода, за ништо друго уста не отвара. Чај нема шанси да пие. Да и здробам Б6 во јадење од оној алкалоидскиот. Се шалам. Среќа не работам ,инаку ке беше весело
На природна база се, пробај. Баш тешко со дете што не спие, мојот сега почна да зеза, да се буди ама еднаш до два пати ноќе само и тоа ми е претешко.
Од денес моево има секрет од носот кива цел ден. Сега за сега друго нема. Кажувајте што да правам доколку качи температура , не пие никако сирупи , се плука, а неколку пати и имам давано легната ама се дави и ми е страв да не направам беља.
Од вчера и ние со затнато носе, кашлање, обилен густ секрет, плачки, ќемкавост, црвено грло, благо покачени леукоцити и најбитно враќање на цице 24/7. Таман почна да си јаде убаво, денес само 2 чаја со мед и цице. Антибиотик ни препиша др. Се дави од секрет. Поврати 4 пати шлајм.. Инаку во глобала е добра. Темпераментна, но смирена. Откако зазборува убаво се смири. Трантуми нема, се се разбираме со убаво. Многу е вредна и пргава. Само што ќе се вратиме од шетање се на место става. И си зборува, сега ставам буците или патиките на скали, еечето (елечето) впакар-во плакар... Ми се врати старата мирна палчица. Не застанува по цел ден но не онака со бељи и инаети. Затоа мајки трпение. Кој порано, подоцна ќе се смират, прозборат, разјадат... @haruki @mal.ecka знам како е со неспанковци. Синко до 4 год душа ми извади. Гроги бев. Оваа станува ноќе но само да провери дали сум тука. И тоа 1-2 пати.
Можеш чепче, можеш со шприц (на сила за жал, во образ - на крај на вилицата натаму свртен шприцот малце по малце.
4 ќе полни првава ама сеуште немирно спие,се биди неколку пати за вода,па за мочкање,во комбинација со малава што исто како твојата се буди мал милион патиедна заспи друга разбидисе.Се надевав дека барем малава ќе биде спанка на мене ама ништоме разочара
Дете од 2 години и месец преспива ли преку ден? Уствари од кога престануваат со дневни дремка? На моево се му е интересно освен спиење. Се нишаме таман да заспие му текнува нешто и оди во соба да си игра. 4 дена по ред не можам да го успијам. А навечер си врзува и до 12 часа некогаш.