Да не видел некое дете или вие да носите од онакви меки јакни со крзно? Синко има и шушкава и таква мека. Одозгора е плетена а внатре бело крзно како кебе.
Па не знам... има такво ќебе. Бело. Рацете ми ги носеше на него на јакната и викаше ќебе ќебе ама нервозно и со плач. И баш ми е криво што не го сфатив што сакаше да кажи. Така со плачки в количка го кладов и надвор се смири. Можеби сакаше таква јакна или ќебе. Ах леле ајде нека прозбори убаво вака и мене и него му е мака . Ама општо не сака јакни детево. А надвор камен е. Незнам какви циркузи да му правам за да сака да облечи
Не си ти крива мајка, имаат некои луди идеи понекогаш. Можеби сакал со кебе да го замоташ. Синко кога ке види некој да е бос се соблекува во секунда. Синко сака да е мајстор и сака да носи комбинезон од дедовците. И замисли ти дете од 2 год да облече 3XL. Синко дека не збори ич се научив се да си го разберам со мммкање. Најтазе случка: едната соба е празна и во неа има тепих и само негови играчки. Има и шатор. Го превртел и така влегува. На татко му му кажал да го стави преку прозорец ама не се разбрале. Доаѓа до мене мамамамамаа и ме носи кај што му требам. Само направи гест и кажа вљум и го разбрав.
Ахаххаах се изнасмеав ... кај му доаѓа.. па и преку прозор хахха леле мајко навистина имаат луди идеи. Сигурно е пресладок во комбинезоните. И синко мој глупости прави и се чудиме како му текнува од никаде не видел.
Ги искршив забите стискајчи Е баш така мислам дека не легнувам на спална буквално легни стани цела ноќ... Не е будењето од болка се познава кога а боли нешто. Испаднати и се петките(освен една не е скрос) зборува ко навиена, адаптација во градинка помина и се е џабе. А преку ден ти спиеше ли барем? Мене и тоа ми е проблем до 40мин макс спие еве и во градинка е иста.
Преку ден не спие воопшто. Од 2 год и 3 месеци( мислам ) престана да спие денски. Еднаш во две недели можеби ќе заспиеше преку ден. И моево кога се будеше и го болеше/мачеше нешто се познаваше и тоа траеше 2 или3 дена, после пак си се будеше колку да се разбуди и да ме разбуди. Многу е тешко, знам . Сега си спие, сигурно и твоево ќе смени.
Се надевам ке го дочекаме и ние тој ден Јас и мм сме постојано во шок кога гледаме успани дечиња во точаци, колички или ко ке кажат едни пријатели ако не го будиме на дремка ке спие и 5ч а преку ноќ врзува не знам 12ч Мислам јасно ти е се шо сакам да кажам. Фала ти за утеха јас се радувам ко за мое мајка на неспијач кога ке каже дека спиењето е средено.
Затоа и ти кажувам и на тебе и на сите други мајки кои се соочуваат со ваков проблем. Изгубив надеж дека некогаш ќе се среди. Постојано читав по форуми и се се надевам, некој пишуваше дека после 5 или 6 месец му сменило детето со спиење, некој после година, па после проодување, па после прозборување, па....... И се така го чекав моментот кај нас. И среќа, дојде. Се буди ако не сум до него, па во рок од 1 саат треба да легнам до него, ама и ако се разбуди и види дека ме нема, почнува да плаче, јас ќе легнам до него и заспива. Ноќе се врти и ме бара во спиење со рака да види дали сум тука. Сигурно и кај вас ќе се среди, мора
Што може да е ова? Ги има веќе три дена на десна рака. Матичниот вика ако се само на едно место најверојатно ја има нешто полазено, но вчера и излезе едно на стомаче и две на нога. Ја чеша многу, нон стоп се чеша. Ја мачкав со течна пудра.
Не се. Како мозолчиња се, и тврди се на допир. Имаше еден период нешто слично, тогаш испадна дека ја има каснато болва, ама не знам дали беа вакви тогаш.
@NewMama и моево исто штом види подебела јакна ,,неее нејќе вика и паѓа доле се треска а залади не може да излегува со тенка јакна. Јас мислам не се научени уште до пред некоја недела на кратки ракави одеа ќе се навикнат
Не му прави јакната мерак. Ако имаш друга покажи му ја. Мојата исто правеше и сеуште прави. И не е уште престаната. Значи сака само една вреќа за спиење,ако е мокра ја сушам со фен. Сака едни патики ( нај искинати) две маици,едни црвени панталони со дупка на газ и колено,две блузи ,два пара пижами и два пара чорапи. И се треска ако не се тие работи. Ке се навикнеш
Здраво мајки. Синчето ми е скоро 2 и пол години. Горните забчиња почнуваат да му се ронат, тоа страшно ме загрижува.... Се повеќе и повеќе... Дајте ми совет, кажете искуство што се презема околу ова? Ми се "врти" во глава кога ќе помислам 3 години да е без забчиња додека никнат новите...
Процесот неможе д престане но може да се забави. За постариот син користев тутмус паста преку една вечер и забите останаа додека да почнат да се менуваа, иако имаше циркуларен кариес во најава на 2 годишно возраст. Кај нас тутмусот се покажа ефикасен со редовно користење. Туку ке ве прашував што активности имате по дома деновиве додека врне по цел ден. Ние денес правевме печати со компир и темперни, лепевме обоени ливчиња на врата, некако играчките како да не му се интересни веќе. Дајте некој идеја.
Полазано е нешто, може пак болва го искасала, не е дека нема иако е ладно. Синопен или камагел намачкај, треба да прекине чешањето.
Од кое вајкики купи? Вчера во Капитол и купив,имаше само една ,и тоа жолта со тигриња. Лански модел по поскапа цена од лани
Троп, троп! Смеам да влезам? Претпоставувам да, бидејќи имаме полни две веќе. Вчера моите близначиња наполнија две години, па да не доцнам многу, да се пријавам овде