Среќен роденден на близначињата Моите се под 2 и над 3 ама сите категории со мерак си ги читам,а тебе со еден здив.
Ништо да не пробуваш, помири се дека е такво детето и не се нервирај, џабе ти се нервите потрошени, знам иста бев, на 2 години и 8 месеци почна да ја преспива цела ноќ КОНЕЧНО. Значи КОНЕЧНО
Мами ај совет, ептен паничам во последно време.. Малиот 3+ год, прв пат пред некој приметив како врти со очите, знаете ги врти навнатре бевме кај мајка ми и баш почнав да паничам а она ми велеше ништо не е, он така намерно правел. Додуша и се смееше шо знам.. Вчера кога гледаше надолу како пак да приметив и толку беше.. Што мислите што да направам? Да следам или од сега да барам офтамолог?
Вчера заспа во 9 и се разбуди па до 2 имаше журка. Сабајле во 8 и пол стана, од 12 и 30 до 2 спиеше. Дури сега заспа. Почна да врзува зборови кои ги знае: мама не тато не ја да. Или дедо нема. Знае и некој нов збор да смота ама да го повтори нема шанси. Кажа здраво еднаш и толку. Јаде само макарони јајца и банани. Од ручек лазањи. Уште малку 2 г и 3 м или 27 м.
На моменти се помирувам па ке ме фане нервоза Станата е од 6ч во градинка спиела нормало пола саат сега вечерта заспа во 21ч и еве сега седиме наспани и ми кажува како докторката и правела диши диши пред еден месец беше ова ама многу битна работа нели шо сега треба да се сподели Ох да стискам заби да се надевам дека барем до кај три години ке се управиме како и вие
Намерно прави. И мојата еднаш така правеше намерно. И ние како деца сме правеле од што ни било интересно
Волонтарно или неволонтарно? Ако си прави намерно веројатно си експериментира со мускулите. Би требало да е фаза и да го надмине. Ама би се консултирала со офталмолог, може треба да носи очила. Не е ретка кај деца состојба на очи, не ми текнува на точниот термин, форма на страбизам беше кога пробуваат да се фокусираат на нешто, очите им одат навнатре. Се решава лесно со наочарчиња.
Се надевам.. но ако го приметам пак закажувам на офтамолог Читајки дијагнози по нет, вечер ми нема спиење..
Треба да се породам Декември месец, ќерка ми е 2 и пол години. Од кога почна во градинка е тргни застани, постојано со настинки и вируси. Незнам што да правам кога ќе се роди бебето, дали да ја паузирам барем два месеца и онака се погодува во најладното, да не му пренесе се на штотуку родено бебе. А од друга страна незнам како ќе се снајдам дома сама со двете на почеток . Некој да сподели искуство?
Јас побрзо би чувала две здрави дома,него две болни. Мојата не иде во градинка,ама кога е болна е ужас. Ѓожам да замислам кај тебе
И јас ке ти кажам да си седи дома со бебе. Возрасните ке внимаваат а дете во градинка не може. Ни па можеш да спречиш да го бацува бебе а со тоа да пренесе вирус бактерија на која е имуна таа. Ке се снајдеш. Плус и голема е, ке ја ангажираш околу бебе. Подготви ја за соработка, синко е пресреќен кога помага.
Уште сега и зборувам, и она вака радосно си кажува дека ќе имаме бебе, но знам дека не е свесна што ќе значи тоа. Плус омилена игра и е да го храни и пресоблекува бебето кукла но знам дека ќе кризирам на моменти. Пост породилни хормони во комбинација со тантруми без потреба и бебе со грчеви . Но ништо неможе да се рамни со болни деца, така што најверојатно ќе ја паузирам.
Карши мене комшиката има две деца. Малото е година и два месеци а големата е 4 години. Големото иде во градинка а малото е со дадилка. Сироти,од кога знам е болно и кашла. Стално е со мрсули по болници и на инфузии. Се фаќа од сестра му од градинка.
Мене моментално најголема дилема ми е тоа. Дали градинка или не. Се мислам и за во приватна не се таму мн деца. Јас можам да го чувам дома сум ама па зимава мн ќе му е досадно..