Ама па кога ќе почне во градинка малото, ќе биде полесно, оти преку сестра му го поминува истото. Моето искуство е такво, големиот одеше во градинка, малото го чував дома. После, кога почна на две полни во градинка полесно ги поминуваше настинките, не дека ич не се разболуваше, ама поретко и главно на нога. Сега почесто ми се разболува поради изолацијата и неодењето во градинка цела година.
Јас не би ја чувала дома цело породилно, сакам само првите два месеца, додека ептен е мало бебето и да поминат најладните месеци. Знам дека оно многу порано ќе ги мине сите вируси, малата ми се немаше разболено две години се додека не тргна во градинка.
Во право си ти. Јас имам проблем со разболувања. Ме фаќа страв и паника кога е болна малата. Се осеќам како неспособна тогаш
Најмногу уплав имам од опструкција. Затоа некни те прашував за мислење. Плус сега и со коронава со матичниве комуникација јок. Плус останавме без матична. Ми се темни @Kallias2 Ќути еј,не дишам тогаш. Јас второ не би можела да чувам. Вакви стресови уште еднаш да поминувам
јас ќе споделам..Породена со царски,две недели после операција почнав двете да ги чувам.Напорно е.ама и убаво-двете љубовчиња со тебе.Ќе имаш момемти на шизење,ама пробај да не се истураш на поголемкото.Српак боља опција,него да ти носи вируси од градинка,па со тоа др нервози ќе имаш .Секако,се издржува и со две низ дома.
И јас исто, се исклучувам, не знам кај сум....ама јас изгорена еднаш и сега затоа сум така, а не бев, ич ни за првото ни за второто се додека не ми се случи кобниот момент ..... За првото оти прво бев ептен опуштена, кога и да се разболеше не му ја мислев ич, оти не знаев тогаш.... Сега поготово за третото сум
@srekice денес ке биде отворена којиќ од 10 ипол до 13ч, за картонот. Имаше објавено на ФБ. Може веќе и ти имаш видено.
Здраво, дали знаете некој дневен престој во Скопје каде детето би одело на пр 1 недела, доколку тој што го чува не може за таа недела?
Ќе дојде ли некогаш ден кај што ќе може да се преспие цела ноќ??? првото дете ми спиеше ама јас не спиев,стани да го преслечеш се испотило, му се пиело вода се оскрило му пуштил памперсот.... После ноќни терори... Таман подпораснало работа трета смена потоа бременост лето жешко тешко па новороденче цицање ..... еве 26 месеци уште не можеме да врземе сон обавезно ќе се разбуди па маката е како ќе призаспиве.
Поголемава 4 год.станува за вода,мочкање.Малата милион пати за цицање.. Досега не сум сврзала 2 саати 4та година по ред...навикнав.
бенето ми е еден месец и се нервирам што се буди 2xноќе...А ова ти што кажуваш ме плаши.Јака ти душа како функционираш
Првите месеци и јас мислев умирам,во дрпресија бев,после 3 будење почнував на секое наредно да плачам Сега навикната сум,и кога не се будат јас се будам,па плус нивното будење Супер функционитам,стануваме си се уклучувам на турбо и терам сама со двете од јутра до сутра
...па големко се....Што да кажам,јака ти душа.Ја без 8ч спиење не функционирав.Син ми беше бебе само на цице,ама па затоа ја спиеше цела ноќ.Ај се наддвам да смени моево
Јас без 12 часа спиење не функционирав.Мајка ми вика сум си го одспала моето Поголемава станува за мочкање најмалку 2 пати,најмалку 1 за вода. А беба цица бетер од новороденче Дури презаспала едната се разбудила другата.И една ако стани другата се буди. Плус спијаат мн.немирно,мн.се вртат,клоцаат а јас имам многу лесен сон,да се издишат ќе се разбудам,да мрднат ќе се разбудам и ете плус неспиење.