Јас и ставам пола лажиче несквик во млекото. Секој ден кога бара млеко да пие и ставам. Ако мислиш за купечко , уште не сум и дала , инаку 2 години и 1 месец има моето.
ние сме во тој период но кога не го сака тој ручек не знам паника ме фаќа да не престане да го јаде тоа, зашто со првото го имавме тој проблем и од 2ипол години па до ден денес пребира ко ќе јаде. Извинете морав да редактирам,заборавив која тема ја читав и не но видов од кога е мислењето (2016) луѓе толку имам напорен период што ме сум во тек со ништо. Штета е што не може да се избрише мислење Али тоа е
Пискаат ли вашите деца? За месец ипол ќе прави 3 години. Ако нешто не го услужиш одма или нее по негово писка додека му држи глас.
Писка вришти, ме тегне, се прави за да биде оо негово..старите веднаш се симнуваат и веднаш што му е на детето..јас отрпнав и го оставам сам да се смири
Писка на цел глас. Ако попуштиш, ви секунда се смирува. А кога ептен ме вади од контакт и и велам ти се лутам, иде по 5 мин и се умилкува, извини мамо.
Големи манипулатори, ќе сака да го удри брат му и наеднаш вика галам мамо галам. Ќе го скарам и доаѓа бацам мамо.
Дали сте имале некогаш ситуација детето да крене тт до 38 неколку пати во текот на денот и тт сама да се спушти за кратко. Носето малку е растечено, не кашла. 2 дена ни траеше така. Инаку весела си беше, си јадеше како што треба.
27 м. е синчето веќе настинат ми е неколку дена Растечено носе сега почна да поткашлува Петокот бевме кај матичната ни даде дефринол...ако не е подобар макропен Многу му вадам мрсули дури како шлајм Од ноќеска поткашлува повеќе...се мислам да дадам од другиот, макропен...до сега не сум му давала..искуство некоја мајка со овој сируп
Двете деца ми се со слабо железо,пробав доста работи но најмногу ефект имаа од малтоферот но им прави запек,незнам што да давам за да не им прави,пробиотик давам редовно дали има некој вакво искуство ?
@monik55 од толку пискање пред некој ден дојде комшиката до нас и ме праша да не сакам помош со малата. Да ја занимавала, да цртале заедно DА женава штотуку се пресели во зградава па не ја "знаеше" доволно ќерка ми ме полуде со тоа пиштење
Кој имаше мака со пиштење при бањање? Како да го коле некој кога доаѓа косата на ред, бега ,се тегне,вришти,паѓа како шпагета надоле. Не сакам косата и готово. Заради тоа избегнувам на секое туширање и коса да му мијам, ама ако е фаза до кога ли трае??? И му викам,гледај нагоре за да не ти тече вода, џабе вришти отворил уста уште толку вода му влегува. Му стана одбивно и коритцето заради миењето коса...а што убаво си се шлапкаше во него...
Ке помине мајка како и се до сега. Синко ми правеше проблеми кога треба да се измие пената. Ама помина. Сега се прави шпагета кога треба да го вадиме од бањање сака уште.