Биди упорна, и пробувај повеќе комбинации. Јас цвекло кога воведував, со морков, па со батат,па го засака и јаде. Со се така мешав.
Мајки дали некоја правела алерготест во приватниве лаборатории? Прашувам конкретно за инхалаторен панел за алергени во Биотек. Антонија има 2 години и 8 месеци, со коронава не сакам да се маткам по државно, а и како што ми кажа матичниот тешко дека ќе направат за дете под три години и дека често немаат од потребните алергени. Ме интересира дали резултатите се веродостојни?
@Sofi.ja јас имам со синко и доста долго трае. Имаше период во кој што бегаше од бањата не сакаше ни да влези во када. Сега тоа помина ,но сеуште неќе коса да му миеме. Стои супер си игра со водата и кога ќе дојде на ред главата... хорор. Станува да си оди , и мм го држи јас му ја мијам. Друго чаре нема
Јас во Биотек и правев на 8м ,на тоа што беше покажа.Сега на 2.5г правев во Авицена не покажа на ништо алергија ,но и самата не покажуваше по конзумирање. До 3г не препорачуваат затоа што преку ноќ може да се смени ,пример ако била алергична веќе да не е.Но моменталната состојба ќе биде точна ,мене ми помогна тоа.
Уште трае. Долги 6 месеци Коса мијам со рака црпам вода. Ко идиот за да не плаче и станува принцесот Сестра ми вика дека внука ми ( 5години). Уште одбива миење коса
големото дете така. Крева еднаш тт и после готово нема. Да не знаеш дали е болен или здрав. Баш сега понеделникот беше зарипнат дента вечерта сосем случајно мерам тт 38.3 и тоа баш случајно не ни беше топол на чело. Му дадов една чаша јогурт оцет на чорапи и почна да снижува на 3.8 Вечерта се испоти и падна 37.3 истото беше и пред да јавам јас симптоми од короната. Тој крева еднаш 38 и готово јас за 3 дена трески чуда. Јас корона тој до мене спиеше ништо ич буквално. Мене многу ме чуди таа појава.
леле и свекор ми така. Што му правите на детето што писка и плаче. а па што треба да дозволам куќата да ја демолира само за да ќути? Уште и ми вика не знаете вие со деца како да постапите штом така прави. да викам, на 32 години со второ дете не знам.
Дали се случува на вашите деца да им паѓа косата нагло? Кај ќерка ми минативе две недели забележав нагло паѓање и многу се загрижив... Следниот месец полни 3 години.
Здраво на сите! Сакам да го споделам мојот проблем со надеж дека некој ке ми помогне во решавање на истиот.Имам две дечиња. Првото 3 ипол, второто само што наполни 2. Проблемот со првото е што никако неможам да го одвикнам од шише, пробував му ја скинав цуцлта цел ден плачеше, пробав сам да ја фрли во канта како он е голем ама после тоа пак се навраќавме на истото. Со второто пак, неможам да го одвикнам од цицање. Пробав со оцет, маргарин и сл, преку ден поминувавме некако ама навечер плачеше се фрлаше реагира доста агресивно. Инаку се работи за доста инаетливи и твдоглави деца па сакам да најдам некој начин без траума и присилно да го поминеме процесот, ама искрено смачено ми е веќе дете 2 години а седнам он залепен до мене и не ме остава да сработам некоја работа. Се надевам на ваши совети и искуства, поздрав
За поголемиот, ти прифаќа ли да пие од шише со цевка? Имаш многу убави некапечки со интересен дизајн, прво така, после премини на чаша. Не гледам ништо страшно во шише, освен што цуцла не е ок за заби. Е за вториот случај. Постепено почни. И да знаеш дека треба долго време, месец сигурно. Јас на година ипол откачив ноќно доење. Секое прво будење во ноќта ја презаспивав во раце. Значи а се разбуди, првиот пат нишање, вториот цицање. И така еден месец додека стигнавме без цицање. Немаше плачки битно иако траеше долго. Дневните полесно ќе ги откачиш. Ама оди постепено.
Па за големиот е проблем што му паднаа забите а и цел ден е со шишето во уста и не мрднува. Фала за советот ќе пробам со малиот прво навечер, јас мислев се почнува со денските Убав ден
Како успевате да им дадете ма децата антибиотик што горчи? Лекоклар му го прешишаа многу горчи. Несака ни во сок
За поголемото немам совет бидејќи јас се изнамачив да фати шише малата и не успеав. Од 8 месеци почна со цевка а веќе од година и пол од чаша пие како нас. ( не дека пие нешто само вода) Ама пак затоа цица ко смок. 2год и 3 месеци. Не можам никако да ја одбијам. Не дека е невозможно, но сеуште не сме спремни ни двете(посебно јас) Решив да ја оставам сама да реши и да се одбие. Веќе гледам дека ближиме кон крајот и кон точка Чао цице. Речиси и не цица. Ноќе веќе не станува, и да се разбуди само го вади цицето околу носот го гушка и заспива. Ретко тргнува. Исто и за заспивање. Си легнува на цице како на перниче. Преку ден може да побара ако се удри, или сака да седнам до неа. Веќе сама вели Мама нема млеко. Два- три пати ќе повлече па бега. Инаку убаво ти рекла @srekice намалувај подои. Биди упорна. Тие полесно забораваат. Се е навика и тренинг кај децата. Со синот шишето го фрливме на 2 без никакви плачки и трауми. Со еден збор ти си голем срамота е со шишето. Но се работи за кротко мирно дете кое денес на скоро 17 год лесно и се со збор се разбираме. Понуди награда, однеси го на заболекар др нека му објасни дека шишето му ги зело запчињата... Веќе е голем може да разбере. Ние со малата веќе од 2 некако почнавме да се разбираме со договор, награди, услови. . . . Да прашам генерацијава моја @Мариаа. @Yowannty @Septemvri @The Unicorn и др што занимација им давате на дечките. Цело време малата е со мене. Готвам, таа на кујна. Ги знае сите садови и кујнски помагала, ги именува сите овошки, зеленчуци и ми помага. Ја вадам во парк секој ден, подолго пешачиме. Учествува во сите обврски. Вади алишта и чинии од машина, бриши прашина, јадеме пиеме заедно на стол како нас, некако како поголема да е. Слегува сама по скалите оди сама кај дедо баба од 3 на 1 кат и обратно. Бериме лисја, средуваме двор... Секој ден имаме активности меморија, коцки, дрвени табли, едукативни книги... Ги знае боите, брои до десет сама до 20 со помош, пее песни, ТВ и Тел не ја интересира, освен што на ТВ течат песнички. Но некако како да и фали друштво- деца. Кога во парк ќе види деца пресреќна ги гушка и вели ајде да игаме. Во градинка ја запишав дури до година не може да ја примат, нема место. Многу мајки што ги знам со деца се чуваат не се дружат, околу нас сите другари, роднини се со поголеми деца околу синко+/- некоја година. Редовни одиме на прошетки, кај баба, Тета, нина... Но таму се е +12 год. Игротека во градот немаме, родендени скоро и не се прават Некој совет, идеја, понуда што би ми дале. Или доволно е ова за неа?
За сируп што горчи не советуваа во шприц и на гладно(за да не го поврати). Нас ни рекоа зинатот дека горчи,ама освен драмите дека ќе пие сируп,кога ќе се договоревме да го испие дека ќе добие нешто ,како сокче го цуцаше од шприцот...
@Presrekna Среќо моја,не цицаме ние ехеее од март уште. Јас совет само давав како да намали подои. Уште тоа ми фали,да цица сега