знам дека не цицате. Затоа и реков дека убав совет си дала. Сеуште е палавка? Решила да те тестира до крај. Девојче со став и стил секоја чест Мојата е видно посмирена. Темпераментот ( да се качува секаде, да не застанува ни секунда, да прави работи опасни по живот) си го има, но во однос на врескање, трантуми, инает, непослушност е многу смирена
Дали е палавка!?? Веќе не знам што е. Не зборува сеуште. Прави екстремно опасни работи за нејзина возраст. Сака секаде да се качи и види се. Ако не е по нејзино, тогаш тантруми на најјако. Не јаде и не спие. Мислам само моето дете е вакво. Се навикнав и се помирив со тоа И јас го имам истиот проблем со занимации. Се што наброја ти, веќе и е здосадено на мојата. Сака деца. Градинка до година дури. Донеси ја палчица, ке си играат со Андреа
ти како да имаш големо девојче а не мало и ја нас се повеќето големи деца во фамилијата па со нив си игра и го занимаваат. Не мора да е некое со нивна возраст. Има едно девојче од братучеда на маж ми, 2 месеци е помало и многу потешко им оди играњето а сакаат да се заедно. Но има караници едното не дава играле другото не сака да игра тоа што првото сакало.... Може дома двајцата да ти играат заедно ако е голема разлика во години. Цртање редење сложувалки... Тоа можат заедно. И моите се така со поголема разлика па наоѓаат начин да се занимаваат. Некогаш играат криенка и брканица ДОМА. Девојче е полесно да анимираш одколку машко. Ние сме цело време надвор. Одкако почна поладно и со дождови малото најде занимација во телефон. Што никаогаш претходно не ни знаело дека постои. Ама игра игри. Леле луѓе.... Сигурно ја знаете оваа игра. Абе игра сам без помош. Најинтересна му е дека се претура а и веќе го знае боите. Благодарение на играва ги научи. секако не дозволувам да кисне на телефон цел ден ама неколку пати накратко а и сам си вика ЧАО ТОТОЛОМ и го заклучува и остава. Луѓе ние многу мака имаме со јадењето. Дали им е период или не знам ама секој ден ми е стрес и нервоза кога се мислам што за јадење. Ручекот ни е никаков манџи неќе да чуе освен грав. Ама оди прави грав секој ден ќе се вратам пак на варена и пласирана храна и тоа е.
Здраво и од нас. Занимација најголема засега се количиња мали метални. Ги имаме многу и во сите бои. Правиме паркинг, ги сервисираме, скокалница правиме со нив и сл. Имаме дрвена сложувалка со бројки од 1-10 и тоа привлекува внимание сеуште. Остатокот од времето надвор во паркче или со топка и тротинет. Тантруми нема постојано, ама ги имаме секој ден. И мојот дечко им потреба од дружење со деца. Во градинка го запишавме само од настинки дерман немаме п одлучивме н апролет да тргне сериозно. Со јадење генерално ок е, само што бара бомбончиња постојно па со лажење ги прескокнуваме некако. Поголем проблем е што не сака да оди на спиење иако му се спие му се плаче. Никако не сака д спие сите методи пробани. Обавезно имаме еден тантруми пред спиење. Друго незнам што да кажам, со баткото дома час се маваат час се смеат. Со фломастери сме нашкртани насекаде, ама тоа на пролет ке го решаваме. Во секој случај весела куќа сме.
@Presrekna Браво за женската. Синко е со нов збор: око. И почна да јаде. Не многу рановидно ама овошје јаде јаболко банана крушка мандарина дуња за ужинка и задоволна сум. И образи дури направил.
Линекс јуниор или провен по потреба кога има потечна столица или се жали на меше. @Septemvri па тоа е најважно домот да е весел. Пробај пред спиење да го смириш. Ние гасиме тв, пригушено светло, велиме добра ноќ на тато, бато, на играчките, ставаме се на место, моча и легнуваме. Не можам да се пожалам откако е родена заспива во првите 3 мин. И денски И ноќе. @marchi-cool Фала. Тел не давам ни под разно. По малку по малку зависни стануваат @Mia Fuentes не те имам прочитано подолго. Како сте со малата?
Хајј, ние сме добри, ама секој слободен момент сме надвор и зато ме нема. Барем дури да почни да смрди кај нас знаеш. Добри сме во се, само мака имаме кога одам на работа, со тешки драми и плачење. Ваљда е некој период А, да, и касно ми легнува, без разлика кога станува/дремка. Send help! Гушки до најубавата генерација
@MilaSs12 Ти се лигавеше ли синко кога вадеше 5-ки?? Многу чкрипи со заби,се лигави по малце и си ги гризе усничките @Presrekna Нашиве петки искачаат веќе неколку месеци,и уште ги нема
Нема правило. Јас не ни можам да видам дали има траг. Ама не е исто непцето ,барем доле е бело многу. И плус се лигави и чкрипи многу. И не спие нели
Здраво син ми пред три дена падна на паркет и удри со устата. На устата има мала рана,непцето му е крваво и единицата горе му е малку спуштена. Бевме на заболекар му даде антибиотик и ми рече дека може да му се појави дамка на заб. Првиот ден јадеше малку блендирана храна. Но вчера и денска одбива да јаде за цел ден испи малку сок и малку чоколадно млеко и толку. Инаку навечер се буди на половина час и плаче. Дали некој бил во ваква ситуација ?
Многу чудно како наеднаш да ги извади сите четири петки. Додека даваше знаци на немирно спиење,стануваше се лигавеше само проверував абер немаа да излезат и оп на 2г и 4 месеци сите четири 5ки излезени се.
Кај мојот сега избива првата 5ка. Другите не се гледаат уште. @Larahappy Marissimo земи. Многу е добар.