Во зегин се продава една норвешка направа,ако не грешам ринохорн се вика за чистење на овој начин со млака вода. Педијатарот ни го препорача и за деца и за возрасни дека е добро,дури и за секојдневна употреба.
Луѓе кога излегуваат 5ките? Хорор ми се дешава, не јаде, вреска, пишти 2год и 7месеци е ке се мрднам, освен заби друго не ми текнува шо му е..
Еее сега ме дотепа овој наеднаш се смени до сега јадеше само одредени работи, сега воопшто ништо нејки ни да проба.. Агресијата му е и од гладта знам, ама на највисоко ниво.
Е син ми ни гладен не е. Како не јадеше сега е супер. А пак си е бесен. Ми скрши саксија за која се надевав нема да го интересира.
Се исто, плус не спие ич. Ако до сега се будеше пет пати ноќта. Сега се буди сто пати. Плаче и квичка во сон. Не ги напипувам четките. И дадов пола доза блокмакс вечерва. Да видам дали ќе спие денес помирно. Аман со забиве, греота се душички. Едит : Ја хранам со телефон. Пуштам снимани видеа нејзини и јас ја ранам набрзина. Инаку гладна, Бетер е здивена.
@srekice ма ни телефон среќо, ни ништо не пали кај нас. Се ѕвери во телефонот и не ме регистрира и само ми ја турка раката. Нерви до плафон, па ако му се развикам уште по гласно ми враќа. Не строи сите по дома се тешам вака со вас дека не сум сама @Septemvri ајде со лесно и кај вас
Уште 2 месеци во оваа тема ќе се префрлиме.. Имаме проблем со спиење дали со тек на време ќе се среди не знам. Син ми касно заспива седи до 2 и 30 навечер и се буди кај 11/12; сум пробала да го будам порано но џабе е ми прозаспива во раце ; го мијам лице пак си призаспива.. значи кога ќе заспие среде ноќ не се буди ич ама како да го натерам порано да заспива ? Сеуште на една дремка сме ; заспива кај 18 или 19 часот и едвај се буди... Моментално е наститан затоа му попуштаме ама и кога е арен истото го прави... Дали ова ќе се промени ; период е или што е ???
Ќе му смениш целосно рутина.Го уморуваш ли?Изнеси го надвор нека се умори.Навечер во осум се гаси се и легни го.Ќе пробува да шета станува ќе види нема ништо интересно ќе заспие.Воопшто не е ок да заспива во 2 навечер.Меѓу другото касни со оброци,ви се пореметува се.Пробај и дневни дремки нека нема некое време ама навечер мора да легнува на време. И таа дремката во 18 ч никако.Оно е свежо и наспано,па не спие.Оно треба да си легне а тек тогаш се буди.
Менувај рутина со време. Еден ден нека нема дремка, порано ќе заспие. И така со тренинг ќе се научи. Не е здраво толку мало дете да легнува во 2:30. Ова нај пријателски. За возрасен не е добро. Најздрав сон е од 21-22 до 2-3 часот. Мојата откако е родена во 20 часот е заспана. За ништо не и менувам рутина. Наутро во 6 станува. Еве моментално заспа . Ќе спие 2 часа. Вади го надвор да се измори убаво, и дремката наместо во 19 во 21-22 па така секој ден. Знам да се кажува е лесно. Имав јас еден неспијач, ама до 21 беше легнат. Само се будеше многу често. Петки од кога до кога растат? Почна се во уста да става. Таму негде кај петките. И само се лигави. Инаку Пу Пу да не заречам убав мирен период. Ноќе некогаш знае да стане неколку пати, ама онака да побара цице за гушкање. Или ако пиела вода повеќе ја будам кај 23 за мачкање, веднаш презаспива, но понемирно спие. Инаку е ок. Ми порасна палчица. И јади, и пелени фрли, се зборува... Да не беше толку голем синко уште едно ќе си родев. Поздрав мајки
Многу доцна дремка има. Дремката треба да е најдоцна до 3, за да заспива порано. Знам како е да не можеш на утро да го разбудиш, и мојава спие до 10 и нема шанси да се разбуди порано, ама веќе некое време нема дремка воопшто па ја оставам. Не можеш да го разбудиш наеднаш 2-3 часа порано, туку постапно, ден за ден буди го по 20тина мин. до пола час порано од претходниот ден, или по 2 дена буди во исто време, за да дојдете до времето што си го планираш за станување на утро. Кога ќе го разбудиш одма давај некоја активност што многу ја сака и никогаш не ја одбива. Кога се дава виранто? Читам сите даваат на растечено носе, а дали можам да дадам на затнато? Знам е сируп, па дали би направило некоја промена? Што прскате во нос, а ви се покажало навистина ефективно? Да напоменам дека спреј од диво оригано, септаназал и оперил за деца се покажаа како многу неефективни. Не знам што да и праам веќе, нон стоп е затната во носот. Брисеви проверив неколку пати, чисти се.
За затнато носе имам исомар бебе морска вода. Да не заречам до сега не сме имале затнато носе. Два пати вирус ја има поминато. Со тт. Еднаш ова лето и лани. Спрејот превентивно го зедов. Синко го користи истиот само за возрасни. Тој наплаќа и за неа со носот. Вели дека е ефикасен. Пробај со инхалација само со физиолошки ако седи. Ако не пушти жешка вода за пареа во тоалет и позанимавајте се внатре. Ве гушкаме
Исто бевме и сеуште сме така со затнато носе, бидејќи оди ви градинка па често испитуваме брисеви чисти се нема ништо. Пред неколку дена имаше тт од виспалено увце, пиеше антибиотик капки спреј Мералис во нос, на контролата се виде мало подобрување. Бидејќи му спомнав на докторот дека цело време е се затнато носе се посомнева на трет крајник па правевме испитување и навистина испадна тоа. Видете и кај вас да не се работи за трериот крајник. Да напоменам до сега немал воспаление на уво или сл ова се случи прв пат. Сега ни дадоа спреј и сирупче за алергија ќе чекаме дваесетина дена па ќе видиме што понатаму.
Хелоу. Не знаев каде да прашам па тука најсоодветно ми се виде Колку е нормално дете од 2 год и 3 месеци да фантазира и тоа убедително. Да кажам дека многу зборува, сврзува цели реченици, како со голема се разбирам, но последните денови измислува нешто. Додека седеше во тоалет со куклата во раце слушнав зборува нешто. Ја прашав со кого зборува, ми рече со куклата. Ми кажа како куклата паднала тука на плочките, ама не плачела, бидејќи била добра. Потоа кажа дека си разговарале двете. Куклата и рекла оди да јадеш, но прво рацете миј ги со сапун, а мојата и рекла ти чекај ме ќе играме... Може е нормално, за синко не паметам искрено. Знам дека многу фантазираше, ама подоцна на 4-5 год. Инаку малата е супер. Многу е самостална, јаде, се облекува дури после мочање сама се бриши. Само ова со замислувањето
Супер е и треба да си фантазира, си смислува приказни. Мене ништо загрижувачко тоа не ми е. Мојата е 3год и 3месеци уште си се заигрува со кукли, мајка и ќерка, па ги бања, па им збори.
@TeddyGrey Знам дека е убаво фантазирањето, како и тоа да им биде досадно, но некако мала ми е за тоа. Или брзо расте Иако ми е второ дете, не се сеќавам за синко како беше и кога. Инаку ти благодарам. Ќе барам и други совети од вас пред нас што сте
Иста е и кај мене постојано си измислува сама приказни си раскажува. Чудно ми беше и мене некако мислев малечка е ама со оглед на тоа колку зборува нормално е.