И ќерка ми зборува сама, во смисла да нареди 7 плишани животни и да им објаснува како во "манџата" има морковче и тоа е здраво, им збори "ајде лапај", збори со кучето како да си игра со топче и слично. И текнуваат муабети и си ги раскажува. Со други деца тешко и иде дружењето ама вака сама не престанала да зборува. Не измислува нови работи, туку раскажува ситуации кои нејзе и се случиле или ме слушнала да ги раскажувам. Ама раскажува во детали. Според мене тоа си е во ред, баш така и треба.
Живци искинав последниве денови. Луѓе мои ништо не јаде. Не дека претходно се убиваше од јадење, ама и тоа малку што го јадеше претходно сега го скрати. Што и да стави во уста си го чува со саати и толку од јадењето. Само вода, чај и сок. Тоа не одбива, дури и сама бара. Ќе полудам. Кажете дека е фаза или дајте број од бајачка, иначе навистина не знам што да правам со детево. Пред малку врескаше 15 минути во кујна на под по сок. Не и дадов, зошто сакам да касне нешто. И еве залакот си го чува во уста пола саат.
Три недели бевме вака, полека се оправаме. Секој ден викав петки ке растат затоа вака, нит петка излезе ни ништо.
@Yowannty И мојата 2дена не јаде. @Septemvri до 3недели ќе мрднам. Толку енергија потрошив за тоа нејадење 2 год што искрено немам нерви за пак. Едноставно нудам, ако јаде ок, ако не јаде пак ок.
Нас некои 7-8 месеци ни беше то темпото на јадење, после почна со храна како нашата па почна да јаде нормално. Овие 3 недели и јас се наполнив со нервози искрено.
Како бе 3 недели.. Како преживеа без храна @Septemvri ? Мојава 3 дена до сеа и психички паднав. Само на течност е, конечно изеде цела банана вечерва и се прерадував ко којзнае што да изела. Денеска неколку пати во очај ми прелета мисла на инфуз да ја носам.
Да, три недели беше н вода, сок и по некое бонбонче, банана и мандарина. Друго ништо не поминуваше. Нерви искинав. Препишував н заби, ама заб не излезе. Некој период по се изгледа.
Синко качил 1 кг. 13,2 а висина треба да измерам. Кризата за нејадење помина. Се надевам веќе нема да има борби за јадење. Почна да јаде. Не е јадач како деца ке седнат и ке изедат се од чинијата, не бираат што е. Синко бира, ова да она не ама се забележува дека јаде. Ме нервира тоа што јаде одредена храна. Сега мандарини јаде, банани и јаболко. И говорот почна да се пушта. Не знам дали има влијание, а мислам има, читањето сликовници. Повеќе е раскажување ама сака да гледа слики, си бира која да му ја раскажуваме, го интересира дејството. Претходно немаше интерес за читање, само кинеше страни. И забележувам дека почнува сам да се игра. Оди од соба во соба, кажува кај бил, што правел, реди мечиња, вози коли паркира, поправа шатор итн. Во врска со говорот сум забележала дека ако некој збор не може да го каже не ни пробува. Пример вели паркинг, ама од прва паркинг, не кажува некои глупости туку само цел збор. Името на свекор ми и свекрва ми се многу попрости од паркинг ама не ги кажува. Одење сама во веце е невозможна мисија. Влегува и тој и со вагата ја глави вратата да не влезе татко му. Еднаш се чукна по глава додека ја враќаше назад. Денес влегува со шлем на глава. Прашувам сам ли го наместил, тој вели да, го извади шлемот од глава и чука по плакарчето дека го штити да не се удри. Како работи мозокот на децата е фантастично.
Ќе го пишам прашањето овде кај поголемите деца. Дали сте имале проблем со дете што се качува секаде? Значи на клуб маса, на столици, на трпезариска маса, преку столче се качува на помошната маса во кујна, во вц преку вц шоља пробува во лавабо да седне... Не знам веќе што да направам, не смеам да тргнам поглед од него. Не е само дома, на гости секаде кај што одиме истото го прави. Зборам, го карам, му покажувам како може да падне и само се смее и му станува уште поинтересно. Почна да провоцира, ќе се качи на маса и ме гледа во очи, полека доаѓа до крајот и со една нога тргнува да скокне демек. Пробано со игнорирање, пробано со карање. Последно од градинка ми изреагираа да му зборам дома, да направиме нешто зашто се качувал во креветчињата и среќа го виделе на време, паднал и некако се заглавил меѓу две креветчиња рака ќе скршел. Го искарале, го седнале со нив и додека тргнале поглед тој пак се качувал. Не знам стварно што да направам, очајно ми треба совет како да му пристапам.
На година ипол го имавме овој проблем и наеднаш прекина. Исто и во граднка се качуваше на столчиња. Фаза е исто како мавањето глава од кај што ќе стигне.
Кај ти таму и јас Моментално ваква фаза ја дрма,неможам 2 сек да ја оставам сама одма се качува. Кај нас помагат уцени ама тогаш за тогаш.А 3год е не очекував сега да праве вака.
Еве сум се е пробано се е кажано она си го тера нејзиното. Стојам ја гледам и само и кажувам мама е лута ме гледа качена на трепезариска маса и ми вика: немој пачиш мама (си го кажува името) гоема е знае симне масата геди ништо не и е, ке се симне и ми вика видиш? аде сега качам дуго место Значи се е џабе кај се качува па и ми објаснува дека е голема да немам гајле знае шо прави.
Хахахаа,мислам никогаш нема да престане. Секаде се качува и прекачува.Сега масата во трпезарија е на тапет. Тргнати ни се и гарнитурите за да може да врти позади госпожата
Качувањето е многу важен дел од развојот. Со качувањето се подобрува моториката, око и рака координација, мускули се зајакнуваат, донесуваат одлуки каде да стапнат и прават проценки. Едноставно гледајте повеќе игри да осмислите со тоа што ќе се качуваат на нешто, направете им простор за тоа и бидете тогаш до нив, а објаснувајте дека тоа е за качување, а не се качува на трпезариска маса, пример.
Ама количките најбрзо возат на маса Сака да седне кога работам нешто,не е тоа стално таман работа. Туку,со сакање во раце што правиме. Само бара во раце додека работам на високо нешто. Додека готвам,она мора да меша со лажицата А да,и многу сака мои алишта да облекува
Леле исто и ова, со една лажица јас мешам во тава, со друга тој. Не признава игра со тава доле, мора да е кај мене во раце и да си игра со вистинската храна @RainBow И јас купив скала ама веќе му служи само за да се искачи некаде. Добро, твојата и поголема е, разбира веќе.
Гледав таква ,ама не ми е ич сигурна дека нема ограда од страна. Ако ме разбираш. Ке ми падне некаде @Jana06 Дај му прскалка со вода и крпче ,да брише прашина. Да видиш како светнуваат
Мора трпение, не разбираше и она, ама на скала до мене, и давав јајца да матка пример, да меша нешто, растураше на почеток, па се оправавме со зборување постојано и така. Ама, си ги познавате децата, ако не ви е безбедно, не е.