@srekice Брише, се правиме заедно. Најлошо е кога сме сами двајцата дома, лепенка. Со трчање одам да мочам, со трчање вода пијам. Нашата скала има ограда ама проблемот е што ја влече низ цел стан и си се качува секаде. Една работа што крца и не сакам да сметам на комшиите, друга работа што е тешка и може да му падне на глава. @RainBow Тоа е проблемот, го гледам дека не е за оставање, не е безбедно воопшто. Му правиш една занимација, го држи 2 минути и веќе со очињата шара лево десно која глупост следна да ја направи. Мајка ми се чуди на енергијата, ние сме 3 сестри, вика ќе ве оставам доле и си играте сами по 3 саати. Дури јас 3 години, сестра ми бебе, не оставала сами и идела до продавница, вика се враќам вие не сте се мрднале од место. Каде можам јас тоа да го направам. Збеснитис тежок го дрма. Знам дека ќе помине, веќе и приметувам по некои ситници дека надраснал некои работи и смирен е ама кога ќе добие вишок енергија е страшно.
@И во вц одиме заедно. Ми кине тоалетна Какво оставање бре оф. Твоето е машко барем. А мојава багабонтка
Мали се уште за оставање, нормално. @Jana06 знаеш старите како зборат дека ние сме прооделе на 6 месеци, без пелени сме биле на девет, на годинка топла вода сме измислувале сигурно. Имаат енергија и потреба за трошење, затоа направете им некоја игра со качување, побарајте некоја идеја на нет, да го направат тоа што им треба и ќе бидат посмирени. За влакно де, ама сепак. Уште им е и досадно сами, еве мојава почна пред 5 години повеќе сама да се заигрува, кога веќе има доволно фантазија и некои знаења за да си создава игри. Не ги гледајте работите само како проблем, не се проблеми, едноставно така растат децата, ништо не знаат и треба све да дознаат.
И синко ми кине тоалетна, па ми ја мести на нога да се бришам. Плус кине сам и сп нога стиска да ја отвори кантата и да фрли. За качување од лани е збеснат, не ни престана. Каде треба и не треба се качува.
@Jana06 не е ни кај мене секунда да ја оставиш сама ни дома ни надвор имам пишувано ко некое мајмунче се беси по лулашки. Вози тротинет ама како лета коските ми се тресат. Цела е модрици пред некој ден падна така јако шо мислевме дека забите ги искрши парче и беше устата крв на сите страни и нај јако е шо она не плаче станува и вика ја сум хабо бебе ( храбро бебе била) Просто да им се чудиш на енергијата. @srekice не оди само со мене и со татко и оди го чека пред туш кабина кога се бања. Те немам прашано почна ли да спие? Кај нас само на полошо оди ако може да кажам дека има полошо од овоа, викендот ги скокна дневните дремки шо ги има од едвај пола саат
Тротинетот уште го вози седнат (има таков со седиште, па после се вади за да стои на него), се залетува и наеднаш му текнува дека не сака веќе и скока во движење. Устата исто ја расцепи на единственото каменче пред него, трчајќи по деца во школски двор. Еден ден претходно главата ја пукна. Не знам што да кажам, трпение само. А за спиење, спие дури и веќе цел месец сам заспива, нема веќе думкање. Живела градинка
Да знаеш дека мене ми е најубаво кога спие малку денски? Знае да дремне 20-30 мин и тој ден е 9 во кревет. Напорно ама навечер имам време за се. Вака кога спие повеќе до 11 се молиме. Вчера во 11 заспа и 8 веќе почна да не буди да дигаме ролетна.
Багабонти не видени За заспивање немам проблем од многу мала заспива сама. @MilaSs12 ама луѓе јас имам дете шо не преспива ноќ, она е заспана во 9ч ама се буди по милион пати еве синока беше будна од 12 до 2ч. Не врзува сон никако и во градинка прва се буди од дремка. Да ја преспива цела ноќ нека не спие преку ден ама ни ден ни ноќ спие.
Знам знам што мака си имаш. Исто јас за јадење што имам мака, не разбираат дека не сака да јаде, посебно не на сила.
Леле можам да замислам колку е мачно, ама како на сила ке поврати и шо после или уште толку одбивност ке створи. Јас барем тоа немам мака уште да не јадеше и ке се мрднев од умот.
Добар е за побрзо заспивање. Или ако патуваш некаде па да се напие заради временска разлика. За друго нас не ни користеше. Ке го чувам за Нова година кога ќе одиме на Малдиви ,за да не и се поремети спиењето
Моја препорака против запек. Се дава пред спиење. Вчера дадов прв пат, утрово какаше меко, а скоро секогаш кака тврдо. На природна база е има парчиња во него.