Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Синко 2г и 3 м. Се повеќе ми заличува на мал човек. Се нешто бара. И пребира. Прееска му давав банана тој ми турка и ми вика јаболкооо јаболкоо ! Па ајде јаболко си доби. После се нешто ќе му текне ида ми вели ниш ниш да сме го нишале. Глупости прави редовно, сеуште не му е здосадена кујната и се што има во неа. Пребира и за цртани кола да сум му пуштела,диносаурус ,топче и т.н. Реченици сеуште не кажува ама ќе почекам уште некој месец . Спојува со НЕ кога не сака нешто ама не активно. Сега најново му р да кажува што е мало а што големо. Мааало топче гооо топче :rofl:
    Играчки се сум му прибрала зато што ваѓа и расфрла и пак игра со една две. Па така му менувам од време на време. Постамостоен е мада што знае и да досадува понекогаш. Сега дефинитивно знае и кој што сме , ако сака со мене дс излезе вика по мене мамаа ммамаа , ако го бара дедо му ќе му вика дедоо дедоо пресладок е. Сестра му пак греотиче од 5 месеци жива радости е кога ќе го види а тој ја турка кога ќе му ја доближам уште е мн љубоморен.
    Сега најново му е да џвака мастики под мој надзор иако првиот пат ја голтна. Страшно ли е ?

    И така од нас не ми текнува што да допишам, уморна гроб сум ама се издржува 8)
     
    На srekice, Mia Fuentes, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.862
    Допаѓања:
    202.992
    Пол:
    Женски

    Пази на забите. Омекнува столица, ама забите ги прави лом, многу шеќер има. Сите сирупи против запек се лоши за забите, како и сирупите со железо.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Која е твојата препорака ? Кај дете 2 годишно , дали по секој оброк треба четкање или сабајле и на вечер ? Или можеби после јадење благо повторно да се четкаат?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.862
    Допаѓања:
    202.992
    Пол:
    Женски
    Сабајле и навечер е доволно. Ама барем две минути да се четкаат, од сите страни.
    После јадење благо одма не е пожелно, туку најубаво е да се почека 15-20 минути, па после да се мие, исто и кога се пијат сирупиве. Сум видела доста деца што имаат расипани заби после пиење вакви суплементи, сирупи против запек и сирупи со железо. Колку толку да се превенира да останат сирупите на забите, одма после пиење да се плакне устата темелно со вода, па после некое време да се мијат заби. Ама дете колку ќе плакне темелно, најчесто не знаат да плукаат.
     
    На NewMama и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  5. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    @Annath кога си веќе тука, да те прашам.
    Моето дете 3години е скоро, не пие сокови или да јаде многу благо, миење заби редовно од некаде 8 месеци,но цицаше ноќе и по 3 или 4 пати до 2 ипол години.
    Забите горе единици и двојки прво почнаа да жолтеат кај коренот, како наслаги рапави некои, а после некое време почнаа да се трошат.

    Не сака да соработува за да одиме на стоматолог, а претпоставувам дека и тоа е единствено решение. Контактирав со стоматолог, ми рече ако дозволува да му се видат/чепкаат забите да го водам, а ако не, џабе би оделе.
    Дали ова значи дека ќе му се строшат забчињата до корен, можеби веќе е и касно за да се преземе било што?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.862
    Допаѓања:
    202.992
    Пол:
    Женски
    Штом почнале да се ронат, барем да се превенира понатамошно ронење, а не е касно додека не се истрошат целосно. Барем да го премачкаат со средство на база на флуор неколку пати, да види дека не е страшно, па после да се проба со поправање на забите, ако е возможно.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Не сум Анат, ни стоматолог, неповикана да кажам совет.
    Однеси го на стоматолог, ако треба и 2 - 3 пати, да се запознаат со докторот, нека ти ги види тебе забите, да види што се прави. Кога ќе види дека не е страшно на некое следно одење ќе отвори уста.
    Без форсирање, чисто запознавање. Награда дека бил умен.
    + Вежбајте дома отварање уста.

    Јас вака релативно добро пројдов со малата и тоа со заб што ја болеше.

    Е не памтам возраст на твоето, мојата е 3 години.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    И моето сега ќе прави 3.
    Ама и на педијатар вришти и едвај соработува, а не на стоматолог.
    Изгледа ќе морам. Проблем е што мојот матичен е стар и не работи со деца, а оваа која би се нафатила да работи со него не знам дали би сакала да одиме неколку пати, односно да си губи време.
    Ќе се јавам да прашам, во секој случај.
    Гледам и на 4ката му фатило црнко. Сепак мора да се стори нешто.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Користи ли некој Тwistshake шише за деца. Од ова? Screenshot_2021-12-07-11-26-26-625_com.facebook.katana.jpg
     
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.842
    Допаѓања:
    18.681
    Пол:
    Женски
    Јас се откажав од купување шишиња. Има едно од рамстор 80-90 денари со ребреста цефка и од него пие. Ама најчесто од чаша обична сака.
    Ова има нешто специфичен механизам?
     
  11. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Ма сите ми ги гризе со сефка за една недела,и се научила со прст ако стисне дека тече. И така истура секаде низ дома. Буквално секаде.
    Па ова ме интересира што материјал е,дали е силикон или пластика клунот. Ако е пластика да не купувам.

    Чаша сакастаклена само ,голема за вино замисли. Страв ми е таква да и дадам и со надзор ,дури ја држам јас.
     
    На NewMama и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.931
    Допаѓања:
    108.251
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да ве прашам како ги научивте децата да пијат од цевка? Мислам нема да ме разбере ако и дадам да пие. Уште си пие од шише со цуцла , да не зборам колку млеко пие на ден, околу 1 литар :drunk:

    Туку , деновиве го исчука носот , падна на бетон директно на нос, мм кога ја донесе крвава ми се скрати животот. Прееска големата ја закачаше , трчајќи се удри од масата од другата страна на носот. Направи модрица. Пред некој ден бегајќи од мене да не и облечам јакна се препна и со вратата удри кај брадата. Цела е модра, по лице по нозе, се плашам многу да не и останат некои последици особено главата што ја удира ;(
     
    На crazylady и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.842
    Допаѓања:
    18.681
    Пол:
    Женски
    Синко се сам научи. Не земав да го учав да влече, сам си побара и научи. Одамна пие од цефка, не памтам од кога.
    Детево пампи сам фрли, не па за друго. И да јаде почна кога му се кефна. :devil:
     
    На crazylady и koritsaki им се допаѓа ова.
  14. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Оф душа мила. А ти се жали на болка?


    За шише со цевка ,купи и некое шарено. Тие се силиконски,пиј ти прво да те гледа па нуди и нејзе. Само земи некое со тенка цевка. Сигурно ке фати.Види го ова на twistshake ептен е добро. И во дм има добри .

    received_1693007287562337.jpeg
     
    На NewMama и koritsaki им се допаѓа ова.
  15. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    @MilaSs12 знаеме дека сте генијалци сите во фамилија,кортисаки побара совет .

    @koritsaki душо купи и прво малечко млеко со цевка помал напон за влечење има. Прво ти ќе се напиеш да те види па ќе и дадеш. Ако сеуште нема идеа што треба да прави со цевката ,покажи и на празно со твојата уста дека шмукаш ла напиј се и ќе проба и таа :)

    Едит: ако не се жали на болка и нема потрес на мозок (тоа се забележува, може да повраќа, да изгуби свест,да биде дезориентирана)нема што да се плашиш. Деца така растат само со помин да е.
     
    На crazylady и koritsaki им се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.842
    Допаѓања:
    18.681
    Пол:
    Женски
    :o Не гледам од каде инсирација за муабетов?
     
  17. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Од тоа некој да бара совет на кој што ти немаш одговор затоа што синко твој сам се научил и ред други работи ама мора да прокоментираш на пост во кој што членката се плаши затоа што и 3 пати се чукнало детето . Ама не, вие не само тоа и пелени сами тргнавте. Ок е. Не сакам да се препуцавам ама имај малку осет
     
    На crazylady, monik55, The Unicorn и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Estella

    Estella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Отвори кај мајкатаката на инстаграм ,има пост Какво шише/чаша за надвор од дома, и баш објаснува за шише со цевка какво треба и има и видео како да му помогнеш на детето. :)
     
    На crazylady, koritsaki и NewMama им се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.931
    Допаѓања:
    108.251
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам мајки :)
    За чашава ќе и купам да видам дали ќе свати :D


    @srekice
    @NewMama

    Па не, не плачела нешто многу , само кажуваше дека си го чукнала носот.
    Тоа е, така растат деца, ама тие моменти се стресни многу.
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    @NewMama зошто одма реагирате така и ја не ја учев малата само и дадов цевче и одма почна да пие едноставно некогаш децата знаат многу повеке од тоа шо мислиме ние и треба да им се остави простор. И со тоа шо ке кажам дека некој работи ги прифати лесно не значи дека детето ми е генијалец :^)
    @koritsaki мислам дека мајката ката на инста имаше пост за пиење од цевче а за удирањево иста е и кај мене целата е модрици од тоа удирање на глава имаме завршено на болница срека се испадна добро.
     
    На crazylady и koritsaki им се допаѓа ова.