Јас не ни китам елка. Не да ќе ја преврти,туку ке се повреди плус.Другарка ми ми вика,ке и повториш сто пати. Не е убаво да фаќаш,треба да стојат таму за да ни е убаво. Да важи. Ако некои деца се послушни,ете моето не е послушно. Љубопитна е. Лампионите и се округли ,поинтересно и е да ги тркала него да ги гледа обесени на дрво Пробај ваква
И јас мислев ќе ја растура, зошто се растура ама се изненадив. Накитивме уште средина на ноември, уште е читава. Дедо мраз мора да се радува на накитена елка да ни е убаво, и така тој си китеше и си ја чува. Општо многу се изненадив позитивно од него, нагло ми порасна со доаѓањето на бебето. Лани немавме елка од тие причини.
И јас сум изненадена како веќе 2 недели имаме читава елка. Само од време на време фудбал игра со округлите лампиони. Кога не ја гледам чепка, а кога ќе ме види дека ја гледам ја гали и вели маз маз... Дедо мразовците кои синко си ги чуваше 16 год и беа како од продавница, ги реши за 2 мин. Сите ќе ги носела на др. Инаку другото е ок. Јаде малку, но разновидно почесто, без пелени е веќе месец дена, петките сеуште абер немаат, зборува ко адвокат... Минатата недела прими мрп вакцина, еве 8 ден никаква реакција Почна многу да ја интересираат активности по дома, реди предмети по големина и боја, сака да бои и чкрта. Ми вели мама научиме да бојам, научиме да цтам, сакам учам песни... И мнооогу се плаши од темница. Единствено нешто од што има страв. @drugarka да е здраво и живо бебешко бр 2. Јас сега дознав дека се породи.
Мојов извадил една петка без да приметам Да не те секирам,ама моево баш на 8ми ден од мрп крена тт која траеше 48ч. Со лесно да помине
Здраво мајки, никако да одвојам време да шкртнам некој ред овде, па ајде си велам со прво утринско кафе додека не ми донеле некој недисциплиниран ученик Моите момци се адаптираа убаво во градинка, дојдовме до степен наутро пред врата со чао да се испраќаме. Па така, расположена продолжував на работа. Околу 25 дена не ги носев од причини што бевме дома позитивни. Стравував како ќе биде нивното однесување по толку долга пауза. Првите денови по долгото седење дома за чудо немаше плачки, исто како и претходно, дури тропаа на врата за да им отвори воспитувачката. Расположени ги оставав, такви и ги земав. Е сега, (веќе неколку дена) заради ладното време, договоривме да не чекаме пред врата за да ги предадеме на воспитувачките туку да влегуваме во ходник и ние и таму да им се измере темпетура и да ги оставиме. Забележав дека откако и јас влегувам во ходникот, се вратија плачките. Претходно многу им беше јасно дека мама е до врата и толку. Сега кога видоа дека и мама може внатре, поинаку се однесуваат. Им реков на воспитувачките дека иако е ладно, ќе си чекаме надвор само од овие причини. Се согласија со мене. Ќе видиме како ќе сме... Како го минувате денот после градинка? Какви активности практикувате со вашите деца? Ние некако како се да испробавме и како се да им здосади. Правењето манџа од хартиени топчиња уште им е интересно, само незнам до кога. Дајте некоја идеја?
Пробав вчера да накитам елка. Прво беше воодушевена. Ми даваше лампиони,па ги закачуваше. Ептен се израдував. Али после почна да фрла накај елка,да ги плеска да се нишкаат и се откажав. Ја собрав културно
@bela.m се шо е до седење трае 5мин ама сака да црта и бои моментално боиме камчиња собираме од градинка до дома ко ненормални со кесето камења шетаме воодушевена е од диносауруси и тоа е тоа. Друго возен парк е дома лета со тротинетот сега се учи да го вози и баланс бајкот, шутира топки, сака музика многу игра по цел ден. Се пентери се качува рипа скока се фрла на секаде тоа е кај нас интересното. Во врска со елките лани се онесвестуваше елката многу пати ама дозволував да чепка затоа што е љуботитно дете ама нормално пазев да не се повреди. Оваа година уште пред два месеца почнавме со приказни за дедо мраз и знае дека остава подароци под елка така да не ја фака нешто многу знае на минење да закачи некој лампион ама ништо страшно.
Синко знае да ја чепне елката ама уште не му текнало да ја онесвести. Едно станување наутро сака сијалички да вклучи. Најде една капа со тремче и се таа ја носи. Само за спиење не. Јаде се игра шета мора капата да ја носи. Полека но сигурно му се зголемува фондот на зборови. Сака гитара како гитарата на првото прасе од трите прасиња кое е мрзеливо и направило куќа од слама. Мрда со рачето така сакал. Тоа ке е подарокот од мене и татко му за под елка. Вчера доби пакетче и го растури целото, отвори се и ништо не изеде, нормално. Многу сака да драми ако се чукне. Плачки офка куцка ја треба да бацувам и да го мотам со палома.
Секој ден по едно 1000 пати повторувам дека елката не се бутка, лампионите не се кршат, ако извади пак лампион и притоа го скрши од земја ќе ја соберам и Дедо Мраз нема да донесе поклон зошто нема да има елка. И пак вади! И татко му го скара (инаку маж ми мнооогу ретко го кара па го сфаќа посериозно него) и не ја фаќаше 2 саата. Денес пак. Ќе ја откитам кај и да е.
Истооото е и кај нас. Кога ја направивме беше фин и среќен. А сега е само среќен. Зема лампиони ги фрла, еден од еден ги мава, ја турка елката... и еве денес конечно здосадено му е тоа, изгледа му помина беснилото. Не ја чепка,ако помине само покрај неа. Јас сакав уште вториот ден да ја соберам ама ме мрзеше и ја остадов. Има лампиони до пола само . Во долниот дел е празна
Ја се нервирам кога ја гледам исчупана во еден дел, па секоја вечер одново ја редам А лани што убаво ич не ја фаќаше.
Истото го помислив колку по умен беше лани. Блазе тебе. Јас немам веќе нерви. А со каков кејф си докупив лампиони дента пред да ја китиме. И ете,си стојат не отпаковани...
Ви прават проблем за облекување? Синко е цела драма за облекување. Најголем проблем чорапи. Не сака ни тенки да носи, јас и маж со чорпи и папучи сме. На 21-22 е климата ама сите врати отворени и не е нешто претопло.
Моиве одкако се родени боси се. Можеш милион пати да им облечеш исто толку пати за секунда ги соблекуваат.
Прави за јакна и капа. Ама му велам нема надвор ако не облечеш и ако одбива не излегуваме воопшто. Па сакал не сакал ќе облече. Така можете и вие со нешто да го лажете.
Тоа е лесно и за капа се буни ама нема капа нема надвор. За чорапи не ми успева. Топло му било. А нозете камен. На плочки бос стои. Синко додека не разбираше беше лесно. Сега де нема разбирачка.