@NewMama ние имаме друг прoблем капата не jа дава. Сo плачки jа вадиме. Каj нас сo елката 3 дена беше НЕ, НЕ ,НЕ и веќе не jа рецка...
Е па нема гајле внуциве мој боси се од бебиња, по плочки по бетон така се навикнати. Син ми нежен е . Бос гази на тепих и паркет ама на плочка бега со трчање. И сака папучи ми ги носи да му ги облечам. @Larahappy едно гајле помалце имаш, јас со закани за да облече за надвор
Ама мене нозеве камен ми се, неговите камен, како е можно да не му е ладно. Имунитетот добар му е ама ова е претерано.
Кога ке почне со градинка мислам дека нема дете кое има толку јак имунитет да не се разболи. Можеби некои поретко некое почесто, ама додека не поминат тие вируси и бактерии тешко да е здраво детето цело време. Јас и маж ми бевме настинати повеќе пати летово и есенва, синко не префати ниту еднаш, а во ист кревет спиеме. По мене тоа е добар имунитет.
Да ви кажам еден совет од доктор,може ќе ви помогне. И јас како вас ,дете босо,спиеше откриено пошто никогаш не дава да ја покриеме . Последен пат имаше мрсоли точно 1м и 1н ,зборувам зелени мрсоли проследени со кашлица и воспалени уши. Од страна на матичната пробавме се панцеф,кортико инхалации,лоратидин и ништо. 2 пати брисеви чисти. Закажавме кај Зографски (моја огромна препорака за него,сталожен доктор детето со него не го осети прегледот туку се смееше).Направи преглед и детето мое беше чисто ,ни крајници ни ништо .На крај ми даде совет дека телото кога се бори со студ неможе да се одбрани од вируси и бактерии и има постојан круг на настинки. Јас незнам дали беше до тоа стварно,уште не ми е верно .Ама дете пошто не дава да го покриам му облеков 2 пара пижами и еве мрсолите ги снема Да напомнам дека не ми е дома ладно,значи навечер до 22степени.
Ноќеска го пресоблеков 4 пати од што се препотуваше по долги тенки пижамки само. Да му облечам 2 пара пижами којзнае што ќе биде.
@MilaSs12 Боса е од раѓање мислам шо е до неа патики и чизми би носела без чорапи. Додека не одеше во градинка се немаше разболено ниту пак фатила нешто од нас ама од кога тргна сите можни вируси ги закачи. И јас мислев дека детето ми има одличен имунитет плус јаде се без проблем ама друго е дома друго е во градинка со 15деца од кои 10 се со мрсоли постојано. Дома ни е 23 степени спие на тенки пижамки со тенко кебенце.
Исто мислев дека ќе биди Дека нема да се разболува, еве го од февруари в градинка секоја недела болен на почеток, па на 2 недели, па сега 2 месеци беше подобар и еве од вчера пак со кашлање кај тој болен секој пат и мене ме префаќаше, а јас никогаш не сум настинувала, јак имунутет имав
Кажав дека од она што го слушам нема здраво дете во градинка, каков имунитет и да има. Ама ние болни дете не префати. Во ист кревет. Јас и со антибиотик бев. Тоа ми е доволно да кажам дека има јак имунитет. Од ништо не може да се разболи.
И моето се поти на заспивање ама ваљда после тоа и застудува .И јас исто мислев како тебе ама ете така испадна. Они секако ќе фатат вирус,настинки ама брзо да минат само ние и така ќе обелиме
Мојава тек последни 2 недели остава чорапи на неа додека спие. Со тенки пижами и тенок летен јорган се поти, а ноќе не грееме. Нон стоп во спиење фрла јорган, ја само ја покривам и тоа правиме по цела ноќ. Во Македонија сме нешто повеќе од 2 месеци и раат не видовме двете. Од дете што само имаше еднаш поднастинато, овде е нон стоп де грло, де затната во нос, де и тече, пукнав. Конечно ситно броиме и бегаме од тука. Еве сме деновиве сите болни по не знам кој пат. Нејзи почнав да и давам и виранто, ама кај ја начека чашата од мајка ми денеска ја излижа, а мајка ми труп болна. Ќе си пукнам од мака. Кажете ми колку долго можам да давам виранто? Таман мислев дека ок е со него, сега умирам од страв да не ја префати пак грлото од нас..
Најверојатно дека тука сте во постојан конакт со луѓе и фатила од се по нешто… Тоа што мајките погоре пробуваат да го кажат дека имунтет се гледа коа ќе излезе надвор од дома детето, посебно градинка скоро сите се значи иста приказна со чорапите и спиењето откриени. Ама изгледа паметно ќе е да им најдеме чаре иако ете на нив не им е ладно, си носи последици…
Ние дома корона имавме па синко не фати. Настинати отепани бевме тој ништо. Ама еве сега се меша мн често со деца, бевме и на роденден пред некој ден и болен е сега грофта ,пие антибиотик.
Јас пак мислам дека не се разболуваат од непокриени и неносење чорапи. Моите и двајцата спијат одкриени цела вечер ( навечер не грееме ) и поголем дел од денот се боси. Склетџии невидени се. Се разболуваат кога се во контакт со вирус или бактерија.