И јас така мислев.Споделив совет од специјалист . Ниту чорапи поднесува ,ни ќебе . Брисеви,крвна слика 2 пати перфектни ,незнам од што е јас барав решение и тоа ми го кажа. Еве како што кажав дали така се поклопи или има врска незнам ама детето е добро после месец ипол.
Додека цица многу ретко се разболуваат Змам дека имаш/е долг доенечки стаж и биди среќна на тоа. Моето дете како ми се одби од цицање прв контакт со дете и заврши со бронхит. До тогаш а и не го доев долго бидејќи забременив јас болна,стомачни витуси,грип тој ништо не фати... А во градинка кога ке тргне
Уште цица, скоро 2,5 години е. Во градинка не оди, се меша само со деца кои не одат во градинка. Склоп на околности и два пти беше болен во лето, температура и без антибиотик помина двата пати. Во градинка да појде ке се разболува додека да поминат тие вируси и бактерии. Ама да има слаб имунитет ке се разболува и при контакт со возрасни. Тој од нас не префатил настинка, тоа пробувам да го кажам.
Кај моето ете дали цицањето придонесе моите антитела да ги прима и има/ше далеку далеку подобар имунитет од брат му , кој од како е роден е на ад е и е на антибиотик континуирано 10 месеци.
Ок и тоа не значи јак имунитет. Инаку дај боже да е така. Ама ај со тебе до задутре може да се натегаме. Не префатил 2 пати од вас , не иде у градинка и се дружи само со деца што не одат во градинка и има јак имунитет. Океј.
Јас се надевам дека ке си остане така но верувај има многу голема разлика друго сте вие дома друго е дете кое се меша со деца кои одат во градинка. @NewMama тоа ми беше муабетот мм беше со корона кога малата имаше 13м нас две не ни беше ништо, сме биле болни и двајцата она гајле немала ама во градинката е друго. @The Unicorn пази го мојот оптимизам кога тргна во градинка цуцаше цуцла за дневна дремка можеш да замислиш уште колку деца ја имаат пробано цуцлата битно детето мислев јак имунитет има аха важи.
Истото беше и на роденденот ,сокчиња за деца со цевки, сите испомешани кое стигна си се напи. Јас бев као - немој мама ова е твое,другите мајки - абе остави деца се што... сега сите грофтаат
Значи тоа што ниту еднаш не се разболи од нас возрасните не значи јак имунитет? Јас сум грешка ако е така.
Леле колку ја должите... Инаку да, и мојава додека цицаше немаше кивнато. Раат бев. Деца се, ќе ги поминат сите вируси, бактерии, ако не сега тогаш во школска возраст.
Па дај боже да испаднеш во право ти,ама најчесто се покажало дека разболувањето во градинка е неизбежно.
Добро е што призна дека си грешка.Затоа што 10 мајки упорно ти кажуваат дека не е исто кога детето не оди во градинка.
Не знам што не ви е јасно. Пишав дека во градинка секое дете се разболува. Не сум слушнала некое да оди а ниту еднаш да не е болно. Така ке е и со синко. Ама дека нема јак имунитет а не се разболи додека бевме ние болно, исто нема логика.
Не разбирам што ми се нафрлаш во секоја прилика? Каде имам кажано дека доењето е антибиотик, целосна витаминска бомба и заштитник од вируси? Нема детево Касперски антивирус со доење.
До 18 месеци без градинка, температура качи само од вакцина. Бил у контакт со ковид два пати директно, не префати. Од април наваму, на вирус/разболување број 10 или 11 сме. Дете што јаде супер и овошје и зеленчук, секој ден е надвор излезено, пие вит ц, вит д, биимунал, не е влезен во игротека никад, ниту во трговски центар, нити е мешан со други деца, освен тие во градинка е болно 11 пати за 7 месеци. 5 дена седеше дома оздравен пост вирус од кој 6 дена буквално изгоре, супер опоравен, топ крвна слика, негативни брисеви, одлично расположен. Вчера отиде во градинка. Сега има 37.9....24часа е инкубација за повеќето вируси, здраво градинке.. Се надевам уште дека до утре ќе пројде зошто и покрај тоа што имам најфлексибилна работа на цел свет, не морам да носам боледување, можам да работам од дома, почнаа да мислат дека се зезам дека е стварно болен... и со право. Кој не побудали, не знам што чоек е. Ја се напив диазепам.
Не бе чоек не ти се нафрлам. Муабетот ми е дека нели го доиш, па кога си настината тие антитела што ги произведува твоето тело ги има и во млекцето ,па и малце да цицне ќе внесе. Па затоа не го префаќа од вашите настинки.