Се нафрлаш. Симптоматски ти е кога некој е во проблем да си прва која тапша по рамо. Тогаш е се топ. Ако каже некој поинаку не чини. Не можам да не приметам дека кога кажав дека син ми не збори доволно за возраста тогаш си прва и права друшка. Вака јок. Ама ти си знаеш.
Тоа со зборењето на секое и го маваш од нос, имај малце осет. Две страни девојките се обидуваат да ти кажат дека бактериите од градинка и настинките не се исти од тие вашите што ги фаќате. Ама ти упорно моето дете има јак имунитет. Секој втор пост тие како твоето дете е нај нај.
@MilaSs12 е стално у право, дури и кога греши Патем, има дечиња што ретко се разболуваат во градинка. Или што се поминуваат многу лесно. Ретки се, ама постојат. Тоа е јак имунитет
Не знам што си се запнала за тоа, никој не "тапшам" по рамо само ти кажав врз основа на се што си кажала за син ти ич не треба да се секираш за говорот дека ќе си дојде. Ако другите развојни стапки се во ред нема место за паника. И патем што не ми одговара тука ?? Ти кажав факт ,5 души те изрецитираа ти за мене се фаќаш. Демек јас ако сум "друшка" треба лајкче на се да ти редам ? Тоа што размислуваме понаку ќе биде и на таму споделено од моја страна иако за последниов пост немаше ништо такво најлабав муабет во врска со доењето и настинките.
За ова можам да потврдам,моментално работам со првачиња и некој да кивне во следната училница,овие од кај мене (посебно тие што не оделе во градинка) се разболуваат. И тоа разболување по 2 недели ги нема. Па ќе дојдат, за една недела повторно... Конкретно за моето дете, до пред да тргне во градинка , само еднаш фати вироза ,на 11м. На 13м тргна во градинка и на секои 3 недели беше болен по 7-10 дена. Се така 3-4 месеци по ред,додека не фативме корона. Од тогаш па во следните месеци беше одличен. Во тој период давав и Дефендил,па можеби помогна и тоа. Во последниве 10 месеци уште 2-3 пати се разболе,па се тешам дека стекнал некаков имунитет со стаж од 14 месеци во градинка Околу доењето, го доев до 20м, и воопшто не беше заштитен заради доењето, баш од 13-20месеци 10 пати беше болен.
Како споулавена сум еј. Ни кога е здрав не сум раат. Само титкам со топломерот по цела ноќ. Освен топломер и виранто јас до мене си имам и спреј за нос, оперил п, носко, правосмукалка нормално, и некоја ментол маст за полесно дишење Еве од денес пак кашла. Едит : Маж го стаил топломерот на ‘муте’. Тоа кажува се за мојата состојба периодов.
Има, вистина. Гледам во групите кај моиве две девојчиња, има неколку деца што се буквално на сите слики, цело време си одат без прекин. Моите две не се едни од нив Болни се исто секоја недела, еве секои две недели нека е. Сега пред неполн месец сипаници прележаа, една по друга. Големата ги закачи од група од едно детенце, и буквално само моиве две префатија од цела градинка, ниедно друго дете не. Дури не ми се веруваше, ама ете. Се пронајдов и во постот за колегите на работа, сериозно мислам дека и моиве исто мислат дека се зафркавам. Среќа флексибилна сум и јас со раб време, плус од дома работам, ама веќе престанав да кажувам дека се болни на секое пошто мислам дека ќе си помислат дека си играм мајтап Инаку, големата има (скоро) 4 год. Во градинка оди од 2 ипол. Дотогаш не знаевме антибиотик што е, дали трипати имаше качено тт во тие две ипол години. Ама тргна во градинка и приказната е таа, се разболува и ќе се разболува додека не стекне имунитет, тоа е. Мада, да не урочам, не е толку често сега како претходно, зошто добар дел од вирусите веќе ги има поминато, за разлика од сестра и’. Малата ми е 2 години, и иако најчесто истите вируси ги фаќаат со големата, малата потешко поминува скоро секогаш, што е и “нормално” на некој начин, зошто допрва треба да ојача. Ама дека е тешко, претешко е. На штрек сум и кога се здрави, некогаш мислам ќе скренам. Но факт е дека вистинскиот имунитет се гради на овој начин, во колектив, со други деца. Се’ додека дете е дома и неизложено на куп вируси, не може да се зборува за имунитет.
Каков е тој ментол маст? Уште тоа ми фали да го земам ако помага. Иначе исто и кај мене е. Сем што настинала еднашка многу лесно помина еден ден, толку беше. А ја и маж ми сме биле болни не префатила иако не ја доев долго. Не оди во градинка, ама сменивме средина и еве ја затната 3 месеци. Првиот пат и доктор ја пофали оти добар и е имунитетот, оти додека ние кашлавме шлајмишта ко кучиња, кај неа остана локализирано само во нос, брисеви чисти, крвна слика во ред. Ама мене ме поврати по некој ден, и следниот пат толку од добриот имунитет, па така и малава заврши на антибиотик. Значи горе доле исто е кај сите. Уште една недела сум овде, па да приберам испомош масти, креми било што кажувајте за превенција, дома сите брефтаме пак, да не ме зезне малава па да остануваме уште. Едвај чекам да си одиме.
Не знам што да кажам другарици. Ама мака ми е зошто стварно нит сме отишле на гости, нит дошол некој, у маркет не влегол, не па во игротека или во мол. Се гледаме со луѓе на отворено, роденден славевме на отворено, џабе. Све е од градинка. За утеха, имам другарка во Швајцарија, исто се разболува малата и во швајцарски градинки
Мајка на море живеете. Здравје е морето, затоа е здрава, фала богу. Дојдени сте тука во ова гадотииве од воздух и прљавштини, нормално ќе се разболува.
Истиот го користам и јас што го постирале. Имам и експулмо тој е баш за деца ама послаб е. Јас мачкам под носе у спиење. Не ти треба рецепт. Им олеснува малку дишење.
Не треба рецепт . Мачкам на гради и грбче помала количина. Пробав на мене океј е дава мирис на ментол олеснува.
Па и ја така пуна себе дека детево од тие причини пука со имунитет и овие 3 месеци абе низ нос ми излегоа. Значи ова со вирусиве вака или така мора да се помине. Не само таа, и јас раат не видов, не знам кога и дали сум била олку долго болна некогаш во животов. Му препишувам заслуги највеќе на воздухот овде, ама којзнае веќе до што е...
Дечки имунитет се гради и преку настинки и вируси. се што поминува без компликации и потреба од антибиотик не е ништо страшно. И тогаш може да се каже дека некое дете има добар имунитет. Кога ке биде постојано во контакт со вируси и бактерии а организмот ке се избори сам со истите со по два три дена тт без антибиотик. Не постои дете што не се разболува, само што со одењето во градинка тој процес се убрзува. Што сакате давајте од суплементи, детето пак ке се разболи,поентата е да ја помине полесно болеста. Еве и ние се спремаме за градинка, мама психички се спрема иако не е и прв пат да прака дете во градинка.
@Yowannty најверојатно ги знаеш ама за секој случај да напоменам за лепенките од еукалиптус и ментол,тие се најдобри за носе јас користам маст кога ќе ги потрошам.
@koritsaki Да препорачаш лабело течно за дете. Само во спиење можам да мачкам. И нешто за лице за заштита од студ и ветер. Може и @BabyT* да дадеш совет,што мачкаш на лице за заштита ид студ. И твојата е со атопичен дерматит. Вчера пола саат надвор на ветр. И се спржи лицето