Не бе поима немам од вакви работи. Само вит Д што и давав, и витаминско сирупче што почнав да и давам ради што е анемична и жив нејадач. Ништо од суплементи не сум давала ниту имало потреба. Нит па вакви работи масти и лепенки стварно прв пат слушам. Ама утре ќе барам кај мене овде дежурна аптека. Еве ја спие и хрчи. Пукнав.
Мојата цело лето немаше и еве залади и има малку на нога и стомак ,лицето само кога и е во контакт со ладно и зацрвува па и се смирува дома од биодермата .Не а мењам неа додека и помага.
Ај сликни ми од биодерма каква користиш и јас земав ама ме интересира дали е исто. Пишува и за лице и тело затоа ми е сумлива. Малечката ми има мн суви образи 6 месечно бебе е. @Yowannty земи лепенки и залепи и на пижамчето кај градите,стварно олеснува.
@srekice лабело течно немам користено на децава никогаш, лани ја мачкав со ова Сега дека нема проблем не ми текнало пак да го купам. Помагаше инаку, не и пукаше устата.
@Yowannty и јас користам мачкала и лепенки, сум заборавила да ти кажам. Има едни Полски/Чешки лепенки или тие со Слончето. Кога ќе ми се потрошат мачкам Експулмо маст, за чудо ме остава, вели и идело топло. На ноќна маса чувам Експулмо, и спреј од диво оригано Само тоа ни помага, Вирантото како да нема нешто ефект.
И јас сум со биодерма,но мислев нешто специјално дали ставаш. Прво ладно и одма покажа на нога позади коленото.
Со ова обавезно интензивниот гел за туширање.Мокриш тело ,правиш со купката пена на рацете и пената ја мачкаш на телото .Нека постое 1мин и после одмиваш.
Ај вратете назад и прочитајте што сум пишала за градинки. Дека нема дете кое не е болно и дека моето ке биде болно најверојатно кога ке оди. Доктор кажал дека дете кое не префатило од родители има добар имунитет. Не јас не вие, доктор. Со таа разлика што кога бев јас два пти болна со по две дози антибиотик маж префати од мене синко не. Плус двата пати кога беше болен без антибиотик помина, едниот пат со спреј оперил во нос. @NewMama си играш подјеб со цицањето. Се разбравме де.
Читаме , ти му го одреди колкав му е имунитетот ,а свеки и мајка ти интелигенцијата. Ај да продолжиме сега со животот.
Сега гледам колку мн ти влијаело мислењето на твојата сверква ,мајка, фризерка и што уште не. Сите што гледале по неколку деца Ако си ме читала добро а гледам не, ќе сфатиш дека никогаш подјеб не би правела со доење не беше иронично кажано јас тоа не го измислив со научен труд е докажано дека преку млекото примаат антитела нашите бебиња,затоа можеби не ни префатило детето.
Сакав да прашам нешто ама прво да се пожалам. Малото ми е 3ти ден со шлајм од каде го вади не знам ама корне кашла. Од терапија само инхалации. Ни препиша матичната (новата) антибиотик ако крене пак температура (една вечер крена 38 којзнае од што) и кс правевме рече во ред била. Ама жал ми е гледам ко ќе кашла се дави буквално. Еднаш поврати а неколку пати имаше нагони ама како да му беше страв да поврати па си голташе. Прашањето за кое дојдов е да прашам какви топлинки низата вашите дечиња ( ние сме 2г и 4мес. Класични, обични со подебел ѓон не долази у обзир, неќе да носи го асоцираат на патики вика неќо баките ( демек не ги сакал патиките дома да ги носи) да шетам по дуќани и да разгледувам ме мрзи. Очекувам некој предлог па да одберам конкретни и да одам да купам
Те чекаме да се пофалиш кога ќе оди еден месец без прекин во градинка и тогаш дефинитивно ќе го прогласиме за јак имунитет. Фер е вака да се договориме?
Договорено. Кој да потврди дека е паметен, да не биде си умислувам? Почна да се пушта па не го носам на логопед сега за сега.
Мајка сите деца се сега попаметни од нивните родители. Во друго време растат и така треба да биде, секоја генерација да ја поминува претходната. Ама најискрено и најреално, сите мајки сме пристрасни за децата. Бабите уште повеќе. Нашите деца се супер здрави, супер паметни, најубави. Сите ова го правиме. А не е ок тоа да го потенцираме, колку некое дете е не знам што, а реално не е ниедно. Барем на 2 години. Едно супер збори, друго супер игра со топка, трето е најкомуникативно, четврто јаде само, петто е без пелени ос 18 месеци итн, итн. Мене лично ми е најважно син ми да израсне во среќен и емпатичен човек. И најголема гордост и радост до сега почувствував кога учителката во градинка ми кажа дека кога ќе се удри некое дете и плаче, он оди да го гушне и му носи играчка да се смири. Не кога ми кажа дека ги кажува боите и брои до 10. Секако ќе научи да брои, дали на 2 или на 5, кој не научил. Гајле ми е дали ќе биде супер интелегентен, математичар, магистар по нуклеарна физика (пази, ти кажува мајка која има мастер диплома од топ 10 факултет во свет, ама ја имам зошто од мала ми збореле како сум многу паметна, морам да учам итн... а не се осеќам ич така и сум учела зошто 'така треба'). Битно ми е да излезе човек.. И како што сака музика и сака да игра нон стоп се надевам дека ќе остане да го прави тоа цел живот, да си пушта музика, да игра, да си живее среќен.