Тоа е и мој приоритет апсолутно. Да е среќен. Да е среќен затоа што му дозволувам да порасне во човек како што чувствува од внатре дека е. Не како што мене ме терале дека треба да бидам. Иронично не сум таква како што ме спремале да бидам, ама среќна сум затоа што и не сум. Поемпатичен е од што јас некогаш сум била и ке бидам. Таков е, тоа не се учи. Можам да го насочам што е правилно ама таа грижа или ја имаш или ја немаш. Сметам дека сум реална во оценките за син ми. Имам пишувано доста, и позитивни и негативни страни. Ај да кажам дека збори како адвокат кога не збори. Или да кажам јаде, кога со саати го молам со цртани и триста чуда да изеде оброк. Никогаш не сум преувеличувала ни пак сум криела нешто што не е баш убаво. Тоа и беше причината што не пробав да го одвикнувам од пелени. Сметав дека не треба да го тормозам затоа што некое друго фрлило пелени на 2 год, па ајде сега и јас моето ке го молам ајде остави пампи да кажеме секаде дека не носиш. За воља на вистината ни бабите не се пристрасни. Посебно па мајка ми. Цело лето ми збори да сум го одвикнувала од пампи јас сама сум одела во веце на година и пол. И од доење да сум го одбиела голем бил. И сум го хранела несоодветно па затоа не сакал да јаде.
Здраво Мајки на вашите малечки момчиња кога почнаа да им растат влакна? Моето е скоро 30 м. по грбчето веќе почнуваат да му растат а и на ноџињата...нормално е или има некој проблем...малку во паника сум
Ден број 4 како не спие денски. Навечер во 20:30-21 заспива до 9 наутро. Спие доста помирно, преморен е. Додека имаше дневна дремка спиеше до 8:30 наутро, па од 13-14:30 и навечер до 23 како на струја. Секој обид за спиење беше дерење како да го колам. Сега како бајче заспива. Дали ова е крај на дневни дремки? Има некое генерациско дете неспијач освен @haruki? @Yowannty ти кажа дека не спие веќе преку ден?
Ако веќе не спие 4 дена, нема да бара сам веќе денско спиење. Рано е, ама некои деца и рамно на 2 год престануваат со денско спиење. Ова не значи дека никогаш повеќе нема да заспие денски, ќе има исклучоци секако кога ќе биде уморен, после шетање и сл. Труди се бар 1 час во денот да му е quiet time и покрај тоа што не спие. А да, и во градинка ако почне ќе мора да си лежи кога лежат др деца.
Мојата не спие од 2 години. Наутро спие до 10, навечер легнува после 10. Меѓутоа ја фаќа дремка накај 4-4:30 ова време значи, не и давам да заспие оти после ноќе ќе биде проблем. Во план ми е да ја вратам дневната дремка, со тоа што ќе почне да станува во 7 наутро. А и секако ќе почнува во градинка наскоро. Ако станува од 7, покрај сите активности не верувам дека ќе може да издржи воопшто без дремка. Некој за топлинки праша. Топлинки не и облакам. И се потат стапалата и потоа се ладни и влажни. Носи едни тенки чорапчиња и едни термо со гумички долу и нозе и се бара цел ден.
Се случува два/три пати во неделата да не преспие некој ден, и ноќто спиење е потполно исто го нема Се трудам да одмара ако не преспие ама и дома и во градинка е исто кратко трае тоа. Еве кај моето нема правила во спиењето.
Ми помина времето за едитирање а сакав да ја прашам и @Sofi.ja дали и од другите вакцини ти креваше висока тт или само од мрп?
Ај пуштете ми слика од виранто каков користите, и други мајки ми го спомнаа, да видам дали е тоа што го гуглам ?
Одмивај ја по секое менување на пелена (ако сеуште носи ). И мачкај со крема со цинк. Би ти ја препорачала веледа за пеленска регија.
Meне таа со цинк не ми помогна ни кај двете деца само маст за потпарено мачкам два дена и готово или ако се ситни црвени точки канестен маст
Пред една недела се измеша со дете кое оди во градинка. Нема ништо како реакција. Веќе да не чекам настинка, да фатил нешто ке имало реакција, нели?