Не, ама можеби има бактерија на кое е имуно а синко не, не се мешал до сега со деца кои одат во градинка.
Па тоа не значи дека детето било болно или со бактерија,немаат сите деца бактерии кои одат во градинка.
Шансите се 50-50, може има може нема. Деца кои поаѓаат во градинка се разболуваат од бактерии на кои оние што одат се веќе имуни. Затоа прашувам.
Почести се вирусите во градинка. Секогаш сум ја мешала со деца. Не сум знаела кое иде у градинка кое не, уште пред она да тргне. Инаку бактерии фаќаат и деца што не одат во градинка, и возрасни исто, па се пренесува некад на дете. Немаш потреба од грижи.
Дали децата ви креваа температура при вадење на заби,? Моево во Саботата крена еднаш 38,5 , во Неделата немаше ништо, вчера го носев кај матичната го прегледа и се беше во ред. Сношти пак крена 38,8 со еферглан одма му спадна и еве денес машала нема кренато. Утре ке направам крвна слика, ама не ми текнува шо можи да е освен дека се мачи со 5ките, се познава бело на непцето ама уште нема пробиено..
Како што сум читала искуства од форумов, 37 со нешто може да е тт од заб. Над 38 не се смета дека е од заб,туку бидејќи тогаш паѓа имунитетот може да се закачи некој вирус,настинка,бактерија... Кај мојот 3 петки одеднаш растат, фати ларингит,една недела го држеше. Друг симптом ( освен нејадење ) нема.
Мене ми се случуваше со синко скоро при секое вадење на заби и креваше околу 38- 38.3, најчесто креваше навечер и траеше отприлика вечерта, утредента и следната вечер а наредното утро си беше како нов.
Среќна Нова 2022 пријатели. Здравје, среќа и љубов кај сите! Децата да растат здрави, палави, среќни и сакани. Убава вечер на сите
Среќна нова и од мене. За мене прекрасна година исполнета и со плачки и со смеа ама најбитно од се со љубов ! Ви посакувам на сите по убава, по успешна година и мнооогу љубов и здравје ! Бебушите да ни се среќни, здрави и палави
Кога ќе престане фазата на викање не? Буквално трае 3 4 месеци, цело време кога ја замолувам со убаво да не прави некои работи кои не се дозволени јас го добивам истиот одговор ноо не мама молам те. Сега почна и со фрлање на предмети по мене, пр седеме на трепезариска маса а она ја зима свеќата и ми ја фрла директно во мене.
Син ми има 2г и 4м и фазата со не, сеуште трае. Предмети фрлаше по бебето и за среќа не го удри никогаш ,но со карање и мн зборување се одвикна.
Детево мое почна да збори. Конечно! Сврзува по два три па и четири збора. Вака некако изгледа: дедо ја дим одо чаче еп мин јаје. Мислам дека читање приказни многу помогна. И цртани кога гледа за јадење му ги раскажувам. Можеби и му дошло време за зборење. Има уште доста да вежба ама доста јасно збори. Некогаш знае да каже вууу за кола а знае и кола да каже, зависи дали го мрзи или не.
Еден совет, зборовите што ги кажува на бебешки јазик повторувај му ги правилно,како што треба да ги изговори. И општо,зборувај со него како со возрасен човек.
Да да само така и разговарам. Ни на други деца не им зборувам бебешки а ни на моето. Особено затоа што знам дека не е добро за развој на говорот. Забележувам дека кога брза тогаш збори бебешки. Кога сме на само е најопуштен и најмногу збори.
Ссо тек на времеч Ќе сипочне и правилно.. Приказни, книиги сликовница, сложувалки се тоа помага.. 19мес сме и сврзува. Два до три збора... Пример тука падна маз ( дедо мраз),
Знам знам мајка, во тек сум со се за говор ама син ми има 2 г и 5 месеци и говорот му е слаба страна.