Не. Сакав да одам ама оставив да видам како ке се одвива работата. Од се што најдов на интернет синко прави и повеќе од тоа. Вежбите кои ги даваат за говор ги правам јас постојано. И еве сега има ефект, почна да збори и да сврзува.
Во ред, но нели треба правилно да ги изговара зборовите кога ќе прозбори? Сепак ние мајките не сме стручни во секоја област, ќе го почекам до 3г и јас моето за ш,р и некој друг глас,ако не бива ќе посетам логопед.
Да треба ама не може веднаш на цели зборови да премине. Со вежбање ке дојде до тоа. Доцна почна да збори и не очекувам веднаш да кажува цели зборови. Опција да го носам на логопед е постојано отворена и не се опуштам на оваа тема. Вежби читање итн и будно следење дали има напредок.
Колку има твоето точно мајка? Мојава е 2 години и 3 месеци, ама е неспијач од мала, стануваше 7-7:30 и имаше дремка во 13ч, и вечерта ќе ја легнев пред 22ч. Е сега се разболе пред 3 недели и ни се поремети и ред и се, спие до 9ипол, дента ми задремува накај 16ч, ја будам штом ќе ја видам ама џабе, вечерта не можам да ја заспијам до 12. Ја фаќа лудило, а и мене, неприфатливо ми е дете толку мало да оди во кревет толку доцна. Му направи ли ред ти? Дали да ја будам порано и да преспива денски, или доволно е голема да нема веќе дремка ? Како ви спиеја вашите на оваа возраст? И ноќе исто многу ми се буди, многу немирно спие општо, може ако ја оставам без дремка да спие труп што би рекле?
Синко до скоро спиеше од 11 навечер до 8-9 наутро. И една дремка од 1-1:30 преку ден од 12-13 часот. Сам почна да ја отфрла таа дремка и сега спие од 9 до 9 без да претне. Кога ке се истрча знае да дремне 30 мин колку да се освежи ама ако заспие до 1и30, подоцна не му давам да спие. И заспива во 8. Нема правила за дремки. Некои деца и на 3 години имаат дремка дневна. Некои на 1,5 година имаат две. Битно е детето да се следи како се однесува и според тоа да темпираш дремки. Секое задпивање подоцна од 13 часот значи пред 23 нема кревет.
Кога завршува фазата на не не и не? Terrible two кога ќе заврши или си продолжува? За да испадне од дома маратонско молење е. Не дава да ја облечиме, се зафркава со нас, демек нее во пижами ќе одам, па не сакам тоа да го носам, па неќам сега, не дава да ја исчешлам, крем едвај ставаме а со воспален дерматит е. Буквално еден саат се почнува припремата пред да испадниме, на крај сите истоштени и изморени. А кога ќе испадне нема проблем, буквално се зафркава со нас. Пред тоа и викав ајде бројам до 5 ако не дојдиш ти се лутам и кога ќе стигнев до 5 идеше. Сега ми вика ајде де број ајде ајде и се смешка. За бањање иста песна, цел ден зборувам дека ќе се бањаме и на крај едвај со молење пред спиење. За 2 месеца 3 ќе полни. Има надеж дека ќе стане подобро или залудно се надевам
Да те "утешам", следнава недела ќе прави 3 години, сега скоро почна со вакви испади. Мислев се спасив од terrible twos, ама ме дочека threenager Се е тоа некоја фаза, од една ќе искочи, во друга ќе влезе. Вчера од станување до легнување мислам дека 700 пати ми ги спои жичките. Ама ќе пројде, кад тад.
Прв пат ти ја има фазата за Не сакам бањање? Ние имавме после вториот роденден. Сега секој ден ми бара да се бања. Сама си оди и се соблекува . Само за коса протестира. Ние имаме фаза ЦЕЛ ДЕН ВО РАЦЕ
Нее, за бањање фазата и трае од кога е родена. Буквално ја немам еднаш избањато без плачење или молење. Ама кога беше помала ја земаш, плаче, бањаш. Сега ништо нема на сила, мора да се убедиме прво па за да реализираш. Косата од што не дава едвај еднаш недело и ја мијам. Сега имаме бебе дома, тоа ужива да се бања, јас не навикната на такво нешто, дури неверојатно ми е бебе да трае додека се бања и менува пелена. @Spidy ти што си со правила и ред ако ти прави вака, нема надеж значи за нас останатите
@srekice И мојот е во фаза да го носам во раце. До градинка ме тера во раце да го носам. Се закопува у земја и рацете у вис да го земам и не мрда. Кичма ме искина. Инаку ракавици со прсти само мене ми е научна фантастика да му облечам? До сеа носеше онакви само со палче ама кнап му се веќе. Значи пола саат пробувам да му го пикнам секое прсте кај што треба и на крај го фаќа сафра и ги фрла
ние имаме проблем со храна не јаде ништо ќе полни 3 год незнам што да превземам , јади банана со жолчка, супи, тсрана, палента , млеко со бисквити само тоа друго ништо. кога му давам нешто пишти не голта плука , нема ситуп што не пробав за апетит, Навечер пие млеко исто ко да цица на 2 саати се буди:/
Мораш да му го исфрлиш млекото,незнам како ама пресечи.Млекото го заситува.И неможе само пасирана храна на 3 год.Остај го гладно малку ќе видиш дали ќе има резултати.
На таа возраст дете треба да пие до 300мл млеко, совет од педијатар. Ако не сака да јаде од оброкот нека го прескокне,за вечера секако ќе огладне и ќе јаде.
300мл е многу млеко. Мојата е 4 и пол години и ако испие толку буквално ништо нема друго да јаде. Па малото што ми е неполна година толку млеко пие
Не велам дека не е така. Ама за деца нејадачи е многу. И мојата пиеше само млеко, ама ништо друго не јадеше. Сега млеко само пред спиење и колку толку јаде, ама пак е слабо
Е да, зависи од детето, мојата јаде баш се, пие млеко насабајле и вечер пред да заспа, и цела вечер си преспива.
Здраво Синчето ми е 2ипол години, почнуваат премногу да му растат влакненца по грбот, рамената и коленцата... загрижена сум...може некој совет/искуство