Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    9.766
    Пол:
    Женски
    Исфрли благо, пилешко и јајца купечки. Тоа можеш сама, за друго мора на педијатар.
     
  2. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Мајки син ми најверојатно има алергија на млечни производи.
    На почеток немаше никаква реакција, па на два пати се исфрли околу устата и на вратчето и по пауза пак дадов млечни, немаше ништо, па после јави слуз и бели наслаги во столицата. Педијатар препорачува да направиме прекин со млечните до годината, а потоа ќе видиме.

    Сакам да прочитам искуства од мајки со дечиња алергични на млечен протеин, оти моментално сѐ ми изгледа толку застрашувачки.
    Дали има дечиња каде што се повлекла алергијата после година/две/пет?
    Како се справувате со јадењето? Дали и од вашата исхрана се исфрлени млечните производи или едноставно ги јадите без да гледа детето?
    Со што ги заменувате, освен растителни млека? Шо давате замена за јогурт, кисело млеко, сирење, урда?

    Ќе ја означам @AngelOfArh, мислам дека некаде прочитав дека твоето детенце е алергично на млеко, извини ако сум грешка.
     
  3. ifv

    ifv Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    209
    Благо многу малку ми јаде
    Јајца земам само домашни
    Ретко давам пилешко...
     
    На Septemvri му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Еве јас може ќе ти помогнам.На 8м завршивме во болница заради алергија на млечно од крава. Јас пошто а доев бев строго со исфрлени млечни производи .
    Некаде на 9м месеци почнав со козји и овчи производи ,па иако не постојано на 2 пати ми даде реакција и од нив (од кашкавал) со отекување на уста.
    Пиеше козјо млеко на Олимпус и Збрегово.
    На 2.5 години ја надмина.
    *Од кога почна да разбира не купувавме кравји продукти за да не гледа-бара
    *Вистинскиот проблем настанува во градинка ,неколку пати правеа грешка.Немаат соодветна храна за нив и јадеше леб со маргарин.
    *Тортура беа родендени каде што имаше се што не смее.
    Не попушатав никако,во смисла ќе и дадам малку, затоа што знам што поминавме во болница .
    Иако и многу зависи како манифестира алергијата и колку е силна.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  5. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    И јас го дојам, ама немам исфрлено млечни продукти од исхраната, матичниот педијатар ништо не ми спомна за тоа.

    Ти благодарам на одговорот. Мило ми е што сте надминале. :f:
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    Има мајка со детенце до 3/4 год и бебе? Како се снаоѓате?

    Не знам што ме акна у глава да сакам второ бебе додека сеуште ова не е така голем..

    Знам дека не треба да се планира, ама нема кај мене слуачајност у останување трудна...
     
    Последна измена: 16 јануари 2022
    На Panovic и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  7. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Јас имам.1г и 8м се разлика.Моментално син ми 2г и 4м ,бебето 7м . Искрено хаотично, мн љубомора но,се снаоѓам добро. Плус бебево ми се погоди мирничко и супер ни е. Кај мене е потешко бидејќи и син ми е мн мал. Кога ја родив немаше ни 2г. Кај тебе ако се решиш полесно би требало да е колку толку поголем ќе биде. И нас ни беше планирано сакав да се мала разлика.
     
    На crazylady и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.844
    Допаѓања:
    18.700
    Пол:
    Женски
    На таа возраст е веќе поголемо бебе ак да не речам дете што разбира. Можеш и со муабет да му кажеш дека не треба така, повеќе активности му наоѓам, ако кажам жешко не оди во жешкото, ако му кажам да внимава внимателен е. Ми делува пораснато.
    Имам впечаток дека многу многу правилно го воспитуваш и дека до 3/4 години ке биде батко и мислам дека со бебе ке ви биде супер ако сакате принова.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    Го однесов пред некој ден во игротеката Мојот свет (на сите ви ја препорачувам од срце, прекрасна е) и фати кукла бебе да игра. Ја вози, и дава млеко, ја гушка. Се изненадив ептен. Секако дека не ме убеди тоа да имаме бебе, ама точно, многу повеќе слуша и разбира. И мислам дека ок ќе биде.
    Јас сум растена со брат, и маж ми исто, двајцата сме мноооогу блиски со браќата и знам дека имање на брат или сестра е богатство. Јас имав многу лесна бременост, ама тешка постпородилна анксиозност за која одев и на психотерапија и затоа ми е дилемата и стравот дали ќе се снајдам.
     
    На Panovic, Sofi.ja, Mia Fuentes и 3 други им се допаѓа ова.
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Дадава ќе има 3 год и 9 месеци кога ќе дојде бато.
    Делува спремна, кажува имиња, става уво кај мене на стомак да слушне дали плаче.
    Гледам дека почна со играње игри каде што бебињата плачат, носи цуцли, ископа стари тропалки, па демек ги смирува. Вака делува поспремна него ја што бев за нејзе.

    Ја не знам што да очекувам, ќе видиме само откако ќе се роди и ќе го донесеме дома.
    Кажав дека и на тоа бебе ќе му бидам мајка, само ладно ми врати, епа јас ќе му бидам сестра. Се е супер сега, ама џабе не знам како ќе биде кога ќе се роди.

    Јас сум поспремна него за прво што бев. Психички. Мислам дека ќе се снајдам. Планирано е, сакано е, ќе биде тешко ама ќе биде и убаво.
     
    На Sofi.ja, Mia Fuentes, MilaSs12 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Прочитај искуства во темата Мала разлика меѓу децата, ги има доста.
    Инаку, моите девојчиња се 4 и 2, и најдобра одлука ми беше тоа што сакав децата да ми се мала разлика. Неразделни се, се’ прават заедно, буквално. Знаат да се скараат за играчки, мое твое, нормално, ама бар не се тепаат :D Малово знае некогаш да плесне, ама големата е толку мирољубива, малава ја удира, а она ја гушка и и’ вика дада, не е убаво да ме тепаш, јас сум ти сестра :D Па ќе се гушнат и бацат, и така :D
    Кога се роди малата, големата само што наполни 2 години и не дека имаше некој проблем да се навикне, баш супер ја прифати. Поголемиот проблем беше кај мене, ми беше тешко да сфатам и да се навикнам дека сега имам две деца, дека големата веќе не ми е единствениот центар на светот. Ама брзо си фатив ред и со двете, бебка беше мирна за среќа, и така. После првата година, дефинитивно е многу полесно, а сега после две, уште полесно. Сега веќе и малата збори, си прават муабет, си се заигруваат, и стварно ми е полесно сега.
    А за стравот што ќе го имаш (и што е нормален) за дали и второто дете ќе го сакаш исто како првото, одма да ти кажам дека е апсолутно неоснован. Љубовта не само што се дуплира, туку и расте уште толку и за двете деца неизмерно :l:
    Ако си решила, go for it. Нема нешто на што човек не се навикнува и прилагодува :) И да, со две мали деца е многу потешко на почеток, ама со тек на време е многу многу полесно :)
     
    На babydust, Skorpija25, flower55555 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.844
    Допаѓања:
    18.700
    Пол:
    Женски
    Мислам дека околу 2,5 има период каде што почнуваат да разбираат и може да се разбереш. Не како со возрасен ама како за дете на тие години ми делува озбилен и разбран. Посебно затоа што е многу своеглав размазен и темпераментен.
    Сепак и нема да е некоја мала разлика. Најопасна комбинација за нерви е разлика од 1,5 до 2 која ти си ја поминала.
    Во врска со анксиозноста не можеш да предвидиш дали ке ја има или не, ама кај многу жени се случува по втора трета бременост, а во првата ја немало. Кај тебе може да е обратно.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Кога ја донесов ќерка ми, син ми беше пресреќен . Ја бацуваше ја галеше ,и ги држеше рачињата. Кога сфати после некој ден дека останува започнаа љубоморните испади. Никогаш до сега не ја удрил мн е нежен со неа ама прави работи од инает. Пример ќе му речам дај ми пелена и марами и оди ги зема и ги носи најдалеку. Ако му побарам некоја играчка да ми донесе ќе и ја даде и за 5 секунди ја зема не само таа туку сите нејзини. И ако ја држам во раце мора да ми се лепи за нозе, да бара нешто и т.н. Гледав на тв емисија дека децата до 3г имаат најголема љубомора и страв дека некој може да им ја земе мајката. После тоа имаат сигурно поле дека таа секогаш ќе биде до нив. Секако дека може да се јави љубомора но не и оној страв дека ќе ја изгубат мама. Син ми имаше периоди да плачи заедно со бебето. Сега тоа го надмина па чекам уште љубомората да помине. А од време на време самиот си ја бацнува и погалува ама само кога ќе му дојде такво чувство .

    И да знаеш не си сама. Мене постпородилната ме држеше доста долго време и ја надминав исто со терапија ама одев на разговор кај гинекологот (доста мноооогу ми помогна иако не е психолог ) баш беше тогаш корона време и тешко беше за термини. Сега после вторава бременост фала му на бога немам такво нешто. Многу сум поспремна ,по организирана, знам што треба и што не треба ,затоа кажав дека без разлика што ми е тешко многу добро се снаоѓам.
     
    На paleska3, TeddyGrey и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.384
    Допаѓања:
    18.626
    И јас почнав да размислувам на тема бебе број 2:inlove:
    Некако се разнежнувам кога ќе видам мајка со бебе ,со меше или ќе прочитам некое мислење во труднички... со работава конечно се средив ,така да нема да ми е на мисла дали ќе имам или ќе немам работа после породилно отсуство.
    И баш мислам дека 3-4 год е идеална разлика за деца.
    Нашите се во октомври,ајде може и со вторите ќе се погодиме:D иако уште не сме почнале:wasntme:
     
    На Yowannty, NewMama и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.611
    Допаѓања:
    108.916
    Пол:
    Женски
    Не давав ништо млечно првата година, ама мојот беше 3г кога откривме, ние секако млечни избегававме првата година освен понекогаш урда и кисело млеко/јогурт, ама ептен ретко. Кравјо млеко прв пат почна да пие после 2г, понекогаш ептен ретко и кога веќе појави и нетолератност го прекинавме скроз. После 1г воведов во вид на сирење, јогурт, кремсир, ама сепак пак ми крчи со носето. Кај нас е респираторна алергија, не толку изразена.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    8.434
    Мајки дајте предлог за шише за дете 2 годинки ?
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.611
    Допаѓања:
    108.916
    Пол:
    Женски
    На 2 години чаша, не ти треба шише.
     
    На KuklickaSk, crazylady и haruki им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.425
    Допаѓања:
    183.254
    Пол:
    Женски
    Девојки, ќерка ми има ретка коса ама многу и се плетка. Освен редовно чешлање, има некој шампон можеби специјално за таква намена?
     
  19. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    и на мојава многу и се плетка и плус густа и е,имам купено од Дм за прскање после бањање спрејче малку ќе и ја засушам и од тоа ќе ја напрскам и чешлам ептен е добро,само не ми текнува марката,нешто со Барби е нацртано,ќе ти го сликнам од дома
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  20. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Желба имаме веке долго време :inlove:
    Ама и страв имам морам да признаам дека ке родам уште едно шо нема да спие и ке се измрдаме скрос:D
     
    На Larahappy, NewMama, Sofi.ja и 4 други им се допаѓа ова.