Ако мислиш на шише за вода, од џамбо му купувам со силиконска цефка со капаче. Има едни во бебешкиот дел до 100ден,а од другата страна околу 150ден. Му купив со капаче на извлекување но од хигиенски причини не ми се пушта со тоа во градинка. Инаку слични имаше во зегин од канпол марката.
А што ќе му е, на 2г пијат од чашки. Евентуално за надвор шише со цефче ко што пиша некој погоре. За да се заштитат запчињата пред се.
Значи сепак треба за некаде ☺️ Мајката побара предлог за шише. Не совет дали да користи шише или чашка. 3 год е мојот. Во градинка го испраќам со шише со цефка. Исто и во ранче коа идеме некаде надвор. Стварно не ми е практично чаша во ранец да носам. А и не секогаш има каде да ја наполнам. Па затоа и јас барам совети за добри шишиња. Пробуваме секакви ама често прокапуваат или пластиката лесно се крши @crazylady последно купив од тук тук. Преубаво е. Убав и пракичен меганизам за деца. И цврста пластика. Некој препорачал џамбо ама мене тие многу ми се кршат лесно. Може мојов е невнимателен
Пробајте ги на twistshake Бебето ми го прифати шишенцата нивни а и лични се. Имаат и со цефче. Сакав и за големото ама он од одма прифати од baby love. И тие се убави и цврсти се.
Има убави на babylove од ДМ, со цевче за влечење, онака не испушта вода, супер практични за 250-300ден.
Јас коментирам за шише, шише ми е мене со цуцла, може грешка се изразив, ама шише со цуцла за 2г дете е непотребно. Јас до скоро користев со цефче пошто му се практични, ама па ми се виде многу пари за безвезе давање и го баталив, купувам сега Јана или слични со клунче зошто ми е нехигиенски поише од 1м да го користам.
Не ги миеше во машина за садови? Светат како нови. Редовно еднаш-два пати неделно ги ставам во машина,а секојдневно рачно ги мијам со четка. Кога ќе забележам дека менува боја пластиката го фрлам. Обично после 2м користење.
Еднаш кој ѓавол ме натера отворив едно видео кај што чистат со специјално четче такво со цефка, лелеее... зелени некои ко алги, лом беше, на видеото кажаа дека после 2 недели чистење биле такви. Од тогаш јок, јана мало шишенце користам и џиткам. Иначе лигите беа внатре кај тоа цефчето кај што се спојува.
Мајки посочетее ме каде според вас има добар гинеколог за преглед... Имав едно неочекувано предвремено пораѓање, па сакам на добар преглед да одам пред даа планираме вторро
Во скопје имам добро искуство со Др. Черепналкоска во промедика. Ама ако имаш можност да отидеш до Битола топло ти го препорачувам др. Сотир од Плодност.
На babylove од Дм. 260 денари е и плус се купуваат резервни цевки. Цефката е 160 ден. Тоа е нај исплатливо. И многу се лични.
Лични се ама синко не го обожава нешто многу. Има вакум а тој не сака вакум. Ни со клун со вакум не пиеше. Најдов едно убаво ама тврда пластика и пукна а во маркетот нема такви веќе. Сега земам јана или вода вода имаат нови со цуце. Ако нема и од обично пие без проблем. Пластични во машина не ставам веќе ми се умирисуваат на прашокот.
@KuklickaSk @Sofi.ja @haruki Не чекаjте... Има тешки денoви ама сега какo пркна малoтo си викам дoбрo е oд еднаш душата ми jа извадиjа ,а и уште ќе ми jа вадат... Сега пoчнаа дадава и да гo игра. @haruki за неспиењетo пишав на педиjатарoт веќе не се издржуваше, тргнавме цуцла, шише пак истo... Ни даде сирупче пикo б-кoмплекс, знае да прoкенка вo спиење ама мирнo спие. Прoбаj витаминскo е.
Дека некспечки се ,мора да има вакум. Имаш и капечки. Јас морам вакви,зашто кај нас се пие вода. И играчки,и теписон и гарнитура. Пие од чаша само на столче додека јаде
Од истите? Јас една капечка најдов ама пукна пластиката и сега обично шише. И кај синко се пие вода, ке се напие и истура, забавно му е.