@Yowannty касно се убацувам, ама јас за големата го користам на Балеа спрејот за расчешлување, одличен е. Без него нема шанси да ја исчешлам. На мокра коса прскам, после бањање. Феноменален е.
Кам немам, Дм ми е достапно. Ќе го побарам. Фала ви на двете за предлозите. Како ви реагираат децата кога нешто не им е по ќеиф? Мојава, вреска памет ми вади. Или општо ако не може нешто да направи многу се фрустрира. Некогаш кога сака да добие нешто, а не дозволувам исто вреска оти знае дека мене ме нервира тоа врескање. Да не зборам па што си љуби да си драми, па да паѓа на под и да форсира плачење. Ама со врескањево што да правам не знам. Каква висока фрекфенција фаќа скоро сум сигурна дека побрзо јас ќе оглувам него ли она што ќе се откаже од врескање.
Некој да ми каже каде има од магнетните коцки?Знам порано пишуваа некои членки,ама еве сега не можам никаде да најдам
Дали би можела да давам на моето, за месец дена 2 годинки ќе полни, и спиење и заспивање му се страшни, не можам да издржам веќе
Јас купив пред некоја година од Македонска Книга Битола, на фејсбук побарај ги. Не се исти вакви, ама магнетни се. Супер се за децата.
Мајка зеде ли од сиррупчето.. Кај мене мирно спие така не е лошо насабајле си спие до девет ама знае. Да кенкаа во сон да бара млеко три до пет пати во ноќта.. Не е напорно бидеќи одма си заспива сам како пие млеко само си се сврти и продолжи ама сакам да спие без да стане и мз како да го одвикнам
Да земав, му давам три дена веќе, првите два ништо синојќе спиеше цела ноќ, ама најверојатно не може одма да има резултат. Моето не пие ноќе ништо, но не знае да презаспие сам и сака со нас на спална и ако пробам да го вратам пак во креветче се расонува и му треба најмалку саат да заспие пак.
Мајки, од каде наоѓате песнички за учење со вашите деца? освен на youtube, мислам детски песнички што би можело да ги запамти тригодишно дете? приказни , книги , активности имаме, но за песнички немам инспирација освен стандардните
@Annath постар е коментаров но сакам да воведам пробиотици еден период да пијат двајцата (едниот е 9 год другиот 2ипол год. ) Нели имунитетот почнува од цревната флора? При мало нарушување настанувал пад на имунитетот. Е сега ќе поткрене малку имунитет во овој период? Големиот оди на школо барем кај него ќе се "најде" ... Мислење?
Еве мое искуство. По совет на Анет давав на моиве неколку месеци сега се на пауза,и да не е на подрек не се разболиле. Дали е случајност кој знае. Пробај,ништо не губиш.
Нека пие, сега пред да почне во школо, па и да продолжи уште некое време, нема штета од пробиотик. Само да не се дава со месеци без пауза.