Траљаво за никаде. Кажува зборови нови од време на време. И тоа чисти и тешки. Али еднаш и крај . Говор класичен јок. Али брои битно на англиски и некои др зборови. Плус цел месец и се фати болна,затворена дома. Хаос. Кренав раце од секирации. Побудале внатре,ништо апсолутно не ја интересира. Вие?
Истo мнoгу слабo. Мojава кoга ќе испука нештo oстануваме сo ''oтвoрена уста'' ама нема шанси да пoвтoри т.с oна кoга сака мoже. Кoманди извршува, кoмуникациjа имаме и се се разбираме сo гестoви и мимики. Сo 3 педиjатри разгoварав сите на истoтo ќе се пушти oд еднаш да не се секирам. Истo чисти и тешки збoрoви кажува.
Веќе не се разбираме. Фаза "Се можам сама" и онда настанува проблем. Се треска. Педијатар исто вика. Дефектолог и логопед,освен да работиме САМИ ДОМА на концентрација,ништо конкретно не посочија.
И јас се пробав и ништо и ништо, пак се буди, мелатонин 2 шишиња испи и ништо. Сега месец ипол и давам мултивитамини во кои ги има и б комплексот и ништо пак. Дали е до детето или период е, не знам стварно.
Ако давате некои мултивитамини плус, проверете дали имаат и б комплекс, оти да не направите предозирање со два пати
јас сум во план барем едно шишенце да испијат па после пауза. А кој пробиотик го користевте? благодарам. Како што спомнав планирам барем едно шишенце да пие. После здравје на лето ко ќе се во ек стомачните вируси.
Во понеделникот ќерка ми ја носевме на вакцина, денес гледам местото и е црвено и ја чеша. Што може да ја намачкам таму?
Αλουμηνονερο, нас тоа ни го кажа педијатрот ако се вцрви местото и помага. Ќе ставаш на памукче натопено со водата да стои и ќе го мењаш 3-4 пати дневно
Облога ациди борици можеш. На памук стави и држи така додека сака. Ако можеш да и го залепиш уштњ подобро.
Синко се врти околу макарони, макарони со прилог, супа поточно целото фиде од една супа, компири во air fryer, и овошје. Од зеленчук моркови само. Од понеделник ке оди, пред спиење ке го земам. Тоа ке му е доволно да се социјализира а јас и татко му полесно да се организираме со работа. Под услов да сака да оди. Ке видиме во понеделник како ке помине.
Фала ке пишам како ке помине. Го прашавме со татко му дали сака, вели да аде ома. Ми делува како да сака деца и како да сме му досадни и ние и играчките и се.
Мила на почеток нормално е да плаче. Ако сте решени да оди, зборете му од дома дека е убаво и не се откажувајте барем 2 недели.
Му збориме и вели сака да оди. Ке видиме како ке се покаже на дело. Сакам да оди, збеснува дома, не секогаш е убаво време да прошетаме, плус кога ке се видиме со деца бара пак да се дружел, тоа ми дава надеж дека ке е во ред.