Јас два дена му мијам само газе а третиот ден цел го бањам. А тантрумите уште пред неколку месеци ни се на најјако пуштени
Како сте задоволни од носко? И од каде може да се купи? Бев во аптека сабајле ми вика аптекарот никако носко можеш капилари да му пукнеш, тоа е вика жива глупост.
Да моментално имам носе фрида дома и нема споредба со изомар. Ист модел се ама разлика има во тоа цефчето. Изомар многу убаво влече со малку напор. И тој пластичен дел е поразличен ама моделот е ист. Други немам користено. Маж барал изомар ама недела беше и немаше избор.
Да,со бистар сок од јаболко, круша, чајче, да не било само со цитрусни работи пр. Лимон, портокал и т.н. Ова од апотекарка ми е, истото го прашував.
Јас имам носко од раѓање. Во Ани фарм го има. И поздрави го тој од аптека, и кажи му дека тоа е најбезбедно за чистење нос. Така и во родилиште им ги чистат. Со аспиратор што работи на струја. Како свекрва ми да ја слушам
Ја сум презадоволна. Како тоа што вади мислам друго не вади така, а пробав неколку Со ОРЛ доктор зборев кажав дека го користам, ништо не рече дека е штетно. Јачината не е таква како усисивач
Јас му го чистам со шприц и физиолошки. 3мл во едната и 3мл во другата ноздра. Носот чист за помалце од 1 минута. Излегува од плунка до мрсулче. Кога бевме на преглед во Систина,докторката ми рече аспираторот да го фрлам во ѓубре. Додека не се научи да дува вака да чистиме носе.
Му прскам синомарин спреј и дува цело време но не целосно и му е затнато носето веќе една недела. Правевме брисеви чисти му се па џатоа сакам да пробам со носко да му олеснам малку
Уклучете и навлажнувач. Јас ставам дополнително и етерично масло од еукалиптус и тоа плус помага, а исто и преубаво мириса дома.
Мајки, ми треба совет како успешно да поминеме низ стоматолошки преглед? Детето е 2.5год и нема шанси да отвори уста на заболекарско столче, иско докторката е премила и претрпелива. Се сомневам дека го боли запче и зашто често му е раката во уста во последно време, а и одбива да јаде. Плус искрено јаде често и благо, па ништо чудно веќе да има некое расипано. Секое искуство е добредојдено.
Не значи дека ако реди прстиња во уста дека има расипано забче . Да не му растат 6ки ? Кога миете забчиња не отвара усте ? Земи четка таму и пејте. Инаку кога јас го однесов прв пат на забар колку онака на преглед за да се навикне, забарот не го седна на столот ,туку на обично столче за да не му прави стресови и син ми соработуваше. Пробајте прво така за да видите до кај сте.