Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Денеска синко после сите трауми со капењето ,за прв пат рандом му текна и побара да се капи. После плачки имаше ама кога го истадов :rofl:

    Сакам сега мајки да ве прашам околу небулозава со мрп вакцина. Решив да го вакцинирам и закажав 2 и 6м е. Ама ме јаде јанза. Ај ако некоја од вас знае или знаете феминка што е упатена тагирајте ја да ми објасни како и во кој случај и дали воопшто има нешто такво поврзано со тригер за аутизам. Пр. Тие што ме читате знаете сум пишала и во други теми за син ми дека е потегливо дете. Знае апсолутно се, врзува зборови ама не и големи реченици или да раскаже некое дејствие туку прости. Своеглаво детенце што си тера по свое . Го носев на дефектолог поради што се сомневав на начинот на игра и ми кажаа нема ништо страшно само слаб фокус и дека е разгален премн. Сите доктори ми препорачаа градинка и решив да го пуштам најдов врски ама без вакцина ми е шубе ,значи морам да го вакцинирам.

    Ако во најлошо сценарио син ми би имал некој спектар на аутизам или ген, дали сите стекнати вештини би ги изгубил после вакцината ? Знае некој ова да ми го објасни ? Педијатарот секако рече дека не, нема никаква врска. Но некои дефектолози викаат дека може да е тригер ама ептен не јасно кажано.
     
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.988
    Допаѓања:
    18.902
    Пол:
    Женски
    Јас без вакцина го пуштив во градинка. Ситуацијата со морбили е стабилна, барем таков впечаток имам, уште се немам решено да ја ставам.

    Кога му ја примав последната доза превенар ми кажаа дојди си за два месеци за мрп, подобро е да ја примиш, не читај сешто за вакцината, безбедна е. Ама утре ако има последица кој ке одговара? Кој ке гарантира дека нема ништо да е?
     
  3. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Да во право си. Ама мене ми е сепак шубе гледам и дека темата сипаници е активна.
    Но пак ќе прашам нема ли некој со конкретен одговор. Само тоа го слушам тригер, стимул...
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.335
    Допаѓања:
    19.149
    Морбили мирно.
    Заушки и рубеола не баш.
    Внимавајте си ги тие што не ги вакцинирате.
    Те дополнувам да не помисли некој дека е само за морбили мрп.
     
    На KuklickaSk и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.988
    Допаѓања:
    18.902
    Пол:
    Женски
    Да, знаеш со синко како оди работата. Веројатно летово ке го вакцинирам.
    Точно, убаво што пиша, заборавив да додадам, можеби некој родител не знае.
     
    На NewMama и Milkiway им се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.348
    Допаѓања:
    28.196
    @NewMama апсолутно нема никаква поврзаност и има милион студии кои го потврдуваат тоа.

    Една единствена студија во 90тите нашла линк меѓу аутизам и мрп врз основа на изјави на родители. На авторот на студијата му е потоа земена лиценцата за работа заради тоа што е докажано дека пишувал лаги.

    Од заушки машко дете може да добие стерилитет.
    Девојка невакцинирана и со непрележана рубеола може да изгуби плод ако закачи рубеола во бременост.
    Од морбили се лежи во болница и има куп можни компликации, кои вклучуваат и енцефалит.

    Ама, ваше дете, ваша одлука.

    А за сите форми на аутизам, незборување и секаков друг доцен когнитивен развој има куп други причини кои не ги гледаме, или не сакаме да ги видиме. Дел се лоша исхрана полна со пестициди, хемикалии, конзерванси, загаден воздух и отрови кои ги дишеме уште дур бебето е во стомак. Има студија која докажува дека дишење ПМ10 честички во голема количина во прв триместар носи зголемена шанса за аутизам кај детето.

    Колку лекови плус ние пиеме, колку сме зрачени, како ние се однесуваме со детето откако ќе се роди... куп можни причини, ама мрп не е една од нив.
     
    На sleepingbeauty, elimkd, Dikinzi и 12 други им се допаѓа ова.
  7. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Јас се сложувам со се горе напишано. Ама ме мачи една работа. Зошто има препорака да дете додека не прозбори да не се вакцинира. И во ред ете од кога ќе прозбори , ако доцнењето било причина генетска или некој аутостичен симптом дали навистина вакцината ќе биде тригер за да детето ги изгуби сите стекнати вештини. Или ова е само мит?
    Едит : се вели вакцината неможе да создаде аутизам кај здраво дете ама може да биде причина за дете со генетски предиспозииции за аутизам од некој си предец.
     
    На MilaSs12 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.348
    Допаѓања:
    28.196
    Каде има препорака? По социјални медиуми? Кај ниеден доктор кај кој сме биле, а сме биле кај повеќе, не ни било кажано да се почека со мрп додека прозборе. Јас ја дадов на 15 месеци, не зборуваше, само неколку зборови.
     
    На elimkd, Lianna Anna, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.335
    Допаѓања:
    19.149
    Од кај таа препорака? Никој не ни дал од докторите со кои разговарав таква препорака туку по календар 12 13м го вакцинирав.
    Е сега има доктори и има "доктори".
    Можеш да истражуваш на нет ќе видиш дека бенефитот од вакцината е многу поголем од се друго.
    Зошто и јас наидов на тоа да прозборел, но прашав дали некој ќе ми гарантира дека нема ништо да му биде ако фати морбили, заушки, рубеола? Секако никој не може да ти гарантира за ништо,нели е така.
     
    На MilaSs12 и Mantub им се допаѓа ова.
  10. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    @KuklickaSk @Milkiway проф.др. Владимир Трајковски мислам дека беше. Од филозовски факултет оддел дефектологија специјалист по тоа поле. Можно е ли да шири толкава пропаганда ?
     
    На Milkiway, MilaSs12 и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  11. Milicka*

    Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    2.589
    Пол:
    Женски
    Здраво , пишува една пренногу загрижеа мајка , дете 23 месеци почна да го витка навнатре левото ноџе , го однесовме на снимање се утврди дека има излив на две колкчиња , испитан асо титар негативен , црп мирно , лимфоцити покачени , матичен ме даде никаква терапија , ортопед исто , само строго мирување , наводно е вирусно , дали некоја мајка се соочила со проблемпв , комплетно сум скршена и ме интересираат искуства доколку некој се соочил со проблемов ,?
     
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.348
    Допаѓања:
    28.196
    Немам време сега:yawn:, ама утре баш ќе истражам што вика на темата тој и што викаат странски научници
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.988
    Допаѓања:
    18.902
    Пол:
    Женски
    https://remedika.com.mk/minlivo-vospalenie-na-kolkot-bolest-ili-sostojba/

    Според ова треба и антибиотик со широк спектар. Јас би побарала второ мислење.
    Со помин нека е. :hug:
     
    На Milicka* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Milicka*

    Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    2.589
    Пол:
    Женски
    Баш затоа и прашувам , бидејки секаде читам дека се дава антибиотик , а со матичниот се убедуваме и вели дека по лрвна слика е вирусно и не дава антибиотик , сепак ле барам и второ мислење , засрга се мачиме , го анимираме да не станува , тешко оди но мора да се истрае.. ти благодарам во секој случај.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Не сум антиваксер но син ми прв пат мама на 2 години изговори. Во некои области беше пренапреден но во некои доцнеше. Сега кога имаме голем напредок не сакам да му отежнам ,затоа прашувам се и барам одговори. Секако мајка си и ти знаеш дека сите сакаме се најдобро за децата. Инаку баш би сакала да е така бидејќи решив да го вакцинирам за да го пуштам во градинка па истражувам пред да биде доцна. Незнам овој дали е квази професор и доктор или не. И на форумов нешо неможам мн да најдам за човеков ,секоја информација е добредојдена. Се надевам дека греши.
     
    На srekice и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    му го најдов чарето, со туш кабина сме ама може да се наполни вода и да се седне. Па ајде сите пајчиња мечиња и гумени играчиња ги капеме. Само маки е за косата ама се снаоѓаме
     
    На NewMama и srekice им се допаѓа ова.
  17. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Ако однесеш дете што не зборува кај дефектолог или логопед ,а треба да тргне во градинка. Тие пишуваат препорака да не се вакцинира со мрп,а од која причина ,ете така да не им е шубе. Сто посто има и мајки што ке ти потврдат истото што го кажувам. Истото и мене ми беше понудено.
     
    На Zhukov, NewMama, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.964
    Допаѓања:
    203.364
    Пол:
    Женски
    Не знам што му е целта, ама мене многу лош впечаток ми остави. Бевме кај него со големиот син кога беше на возраст некаде 3-4 години, оти тешко се адаптираше во градинка, имаше изразени тантруми и многу тешко се смируваше. Човекот ни кажа дека детето има аутизам. А пази, син ми комуницира нормално, зборува чисто и јасно уште на година, пееше песни на англиски од таа возраст, црта многу убаво уште од три години, нормално се однесува, а професорот ни рече дека детето има аутизам затоа што сакало да ги гледа тркалата на количките како се вртат. Дијагнозава од ракав ја извади. Мислам дека во прилог му оди што повеќе деца да дијагностицира, ама со која причина, не знам.


    Малиот син летото 2020 имаше ваков излив, помина со мирување и бруфен неколку дена. Ние кај ортопед бевме, ни кажа дека нема потреба од антибиотик. Ако не се повлече изливот, тогаш можеби ќе дадеа терапија, ама помина и со тоа.
    Ако има негативен асо титар и нема покачено црп, зошто антибиотик?

    Иначе многу често се јавува ова, особено кај машки деца и нема никаква причина за загриженост, оти поминува.
     
    На rainbowmama, KuklickaSk, Milicka* и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Milicka*

    Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    2.589
    Пол:
    Женски
    Асо титар негативен , црп ниско 0.5 , нам не ни дадоа ни бруфен , уф , вторник сме на контрола , искуствено за колку време се повлекува и дали мирувавте после тоа ?
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.964
    Допаѓања:
    203.364
    Пол:
    Женски
    Бруфенот го дадоа за болките, а за мирување, една недела требаше да мирува. Ама детево не дека почитуваше нешто од препораките, не седеше баш мирен, а не можеш да го врзеш, нели. Битно беше да не скока и да не ја оптоварува ногата, после една недела изливот беше намален, за десет дена целосно повлечен.
     
    На mal.ecka и Milicka* им се допаѓа ова.