Баланс точак за од 2 до 5 години на пример или од 2 до 4 зависи каков има и таман ќе е спремен после за точак без помошни да вози.
Онлајн ако нарачуваш пишува за колку години е и би требало да стига. Па после да се подига седиштето за понатака. Ама и да не стига случајно сепак подобро баланс бидејќи ќе го користи подолго и ќе е спремен за точак без помошни.
Трицикал. Јас се мислев да земам баланс ама додека да се одлучам синко се научи да вози трицикал. Кога ке му се смали точаче со помошни ке му земам.
Zdravo majkji kjerkja mi vo Juni polni tri godini , ovie denovi pocna da ja preskoknuva denskata dremka , dali vasite deca na ovaa vozrast prespivaat preku den?
Моето на 3 години престана да преспива преку ден. Во градинка имаше девојче што од 9 месеци само преку ноќ спиело. Секое дете различно. Можеби пак ќе почне да преспива, па пак ќе престане. Следи го детето. Ако му се спие нека спие, ако не не. Обично од премин кон помал број на дремки има проблеми при будење заспивање изместен распоред ама се враќа во нормала.
Ние од зегин зимавме,едните во бело пакување витамински, другите во проѕирно ќесиче-мислам од др тајс беа...по препорака од педијатар
Мојата има скоро 5 години,уште преспива дење и тоа 2 3 часа. Од пријателка детето од една година не преспива веќе. Индивидуално е од дете до дете
@Larahappy јас земам од 3+ лижавчиња од зегин ама му ги давав. Апотекарката ми рече се препорачуваат од оваа возраст поради фактот дека може да се угуши со лижавчето... @gladiola37 синко на 2 и 7м уште има дневна дремка од 2 саати. Се случило некогаш да не легне воопшто ама мноогу ретко. Ние сме сега во тешка фаза. Само тоа тој што сака. Дали за облекување, дали за јадење. Каде сака да се шетаме... И мн ме зафркава. Ми бара тротинет (имаме тротинет и како со седиште што се прави) па ајде го правам тротинет, и уште не качен ми бара точак да му го направам и се смее. Ми бара вода и само што ќе му дадам ми ја турка и ми вика неее сокчее сокчеее ќе го здробам
Мајки, вчера примивме вакцина и веднаш почна да ја криви устата уште при убодот еве и денес продолжува. Дали мислите дека е од претрпен страв, стрес, возбуда? Вака се друго е нормално, само тоа ме загрижи. Малку тт качи синоќа но се спушти со Далерон.
првото дете од 2 години ја прекина дневната дремка. Кога ќе легнеше да спие долго време спиеше, 3-4 сати и стануваше многу нервозен од спиење. Па сметав дека нема потреба од преспивање.
Има некој чиво дете вози велосипед со помошни тркала? Мислам да не е трицикл,или баланс. Нормален точак? Сакаат моите да и земат за роденден. Ама да не е мала се мислам
Имаш некаде да пробаш? Така најубаво би било. Децата изненадуваат често. Синко има трицикли и ги вози од лани. Кога почна да ги вози не верувам дека би можел да вози обичен точак со помошни. Ама сега и повисок и постабилен е, маневрира без проблем, оди рикверц, кочи итн. Да му земам и обичен велосипед ке може да го вози со помошни, ама има два трицикли, така да нема потреба додека не му се смалат. Ортопед кажуваше дека првин на баланс се учат децата, а потоа можеле веднаш класичен точак без помошни. Додека се решам за баланс тој се научи на трициклите и немаше потреба да трупам без врска.
Немам кај да проба. Она ако проба, ке си го земе. Моите сакаат да купат, ама ние да избереме. А може да се деси свекрва ми и свекор ми да купат. Ама они по нивно ке купат. Да го вози и прва аредно затоа подобро моите да земат