Избери си тогаш, мене трициклите ми се подарок, јас не би ги купила. Едниот е поскап, од поголемите. За мене тоа се пари без врска. Да бирам јас, би купила класично точаче со помошни. Подобри се за управување од трициклот плус подолго ке го вози.
Која мајка кажуваше за замислено другарче? Синко си има замислено бебе и му кажува се што му кажуваме ние, пример мора да јадеш да си силно, опасно е да трчаш на улица, ако паднеш ке те боли итн. Мало било бебето и тој ке го учел.
Генерацио што се праи? Што праат малишани? Има ли некоја случај каде дете нејќе да го дели тато со мама? Тантруми на најјако ако маж седне до мене и ме гушне. Со сопствениот маж седиме на 2 метра. Само таа може да се гушка со него, јас не. Сте имале ли ваков случај и како сте го решиле? Дали Флорадикс сирупчето имаше омега? Или сепак да земам Молерс? И кој вкус на Молерс беше со најсуптилен вкус? Зелено Јаболко? Еднаш земав тути фрути не ми помина ниту во сокче.
Мојот го сака зелено јаболко. Неколку шишиња испи до сега. За другото не знам да ти кажам,мојот е мамин син,мајка не ја дава на никој
Уште немам таков проблем, не му текнало дека може да изведува тоа. Како и за се до сега, ке помине, фаза е. Е мојот има фаза да ако се играш со него не смееш друго да правиш. Пример се играме јас и тој, доаѓа татко му и почнуваѓе муабет, прво поаѓаше да го тепа, ама по објаснување сега врата затвора и вели бежи. Јас молерс тути фрути давам.
Кај нас синко не ме дели со тате хаха. А има и момент ако седиме со мм на различни места синко не спојува и не тера да се бацуваме и ни упаѓа на средина Флорадикс има со железо и без ама и во двете нема омега. Јас молерс порано користев од зелено јаболко, сега само тути фрути. Го давам со шприц. Сакал неќел чека и го голта ,веќе се навикна. Ме гледа со шрицот и вика Д3! Д3 ! Нееее .
Мене синко не ме дели ниту со татко му ниту со некој друг, цело време е со мене не ме остава ни секунда.. Мамино синче Јас му зедов молерс од тути фрути и не го пие ниту во храна ниту во сок/вода во ништо и се откажав.. Едно време му ставав во вода затоа што многу пие вода и додека му ставав не ја пиее водата и се откажав.
Некој да има порачано детски патики од обучс метро од пандино? Гледам намаление има па ме интересира дали се квалитетни?
ме потсети на едно девојче овде во фамилијата. Многу често одеше кај братучеда од маж ми и кога таа се омажи девојчево толку го замрази маж је.... Не сакаше да го види зашто тој ја зел дома. тогаш мислам 3 години имаше. Абе деца.
Еве ти мое искуство од пред една недела. Брис вели бактерија во нос само. Педијатар даде антибиотик послаб едно шише, за 7 дена доза. Никогаш нема пиено плус само во нос е ке исчисти. Пак зелени мрсули, на своја рака повторив брис и по само два или три дена откако заврши со антибиотик покажа пак бактерија. Ми даде само аптибиотик локално. Во петок се пожали на болка во уво. Правец на ушен и црвено уше. Вели оваа бактерија не се лечи со една доза. Кикс. Сега препиша два антибиотика јаки.
Фала на одговор Баш ми е жал за малото, брзо опоравување, моето има прозирен секрет од нос и кашлица, педијатарот препиша цефалексин 4-5 дена да пие, денес е 5ти ден но не приметувам некое подобрување, го однесов на преглед денес друга докторка ужасен прием од нејзина страна, не сакаше да го прегледа, дрско ми рече да го барам докторот кој првично не примил, на крај искоментира антибиотик се дава 7 дена, кај се видело 4-5дена… значи ужас од здравство, тешко тој што има мака
За малата 2 пати ме вратија пррд 2 месеци. И сега пак истото ми настина и не ја однесов. Имаше зелен секрет и кашлица. Докторот ја преслуша тогаш и ми се испонаша, кај носам дете на доктор ако нема барем 2 дена температура . Давав само физиолошки и всѓав мрсулчиња. За 10тина дена и се среди.
За прозирен секрет антибиотик ви дале? Ние и зелен секрет имавме и антибиотик никогаш не сум давала, а еднаш и препиша зелени густи мрсули имаше и ништо друго, не го зедов антибиотикот, продолжив со чистење носе многу убаво и за 10 дена и помина. Моментално е повторно со секрет, на почетоко зелен секрет, сега веќе само прозирен, само физиолошки и солен раствор ставам во носе. Никакви други симптоми нема. А инаку антибиотик се пие 10 до 14 дена за успешно искоренување на бактерија, ако е установено дека има бактерија, ако не, нема потреба од антибиотик. 5-7 дена е исто како и да не си пиел антибиотик. Ќерка ми е 2 години. До сега нема пиено ниту парацетамол за температура, а не па антибиотик. А се разболува многу често од брат и, со температура, со кашлање, мрсули да не зборам на 2 месеца скоро, црвено уво еднаш од толку многу секрет, секогаш кога он нешто донесе од школо наредниот ден и неа ја фаќа и мене одма. 2 пати ковид поминавме, со блага температура, кашлица, секрет еден тон од нос имавме сите, 3 недели не држеше, само по себе помина. Апсолутно ништо не давав. Најдобро оружје да се остави организмот сам да се избори. Со тоа мото сум од сам старт. Витамини многу, здрава исхрана и ништо друго.
Ја расоблекувам, на маичка само, соблакам чорапчиња, еднаш само ја истуширав оти беше лето и убаво и беше да се шлапка во када. Ако е над 38 ставам крпчиња на чело, под пазуви и под колена. Ма да ретко тоа, ја оставам сама да се избори и следам расположение. 80-90% кога има Т е расположена како и да нема температура, си игра, си ручка, течности нудам мноооогу значи постојано, вода, чај, сокчиња цедам и пие, секогаш пие што и да и дадам, немаме за тоа проблем. Јадење не нудам освен ако сама не ми побара. Тоа правам секогаш и успевам во тоа, до сега. Нема потреба од клукање на хемии. Поготово температурата е наш пријател, не треба да ја оттурнуваме никогаш. Штом има Т телото се бори со нешто и штом се избори тогаш престанува да има Т. Тоа е факт.
Кај нас тие алтернативни методи помагаат само на пола саат, после одма качува висока. Плус што не сака ни вода да се напие кога има температура. Додека не симне скроз не пие ништо. Парацетамол не помага, никогаш не му симнува скроз до кај 38 максимум, само бруфен помага. Еднаш имаше 9 дена температура, пробав се што можам ама едноставно си гореше од температура. И стандард си слабее по пола кило на секое пострашно разболување. Не давам и јас ништо до кај 39,веќе над 39 многу ми е страв да го оставам така. Еве сега од 5 сабајле си има температура 38.8 и се уште немам дадено ништо. На пример до кога ја оставаш така? Туш, ладење симнува и пак качува.
Убаво е што ти пие течности да не ти пиеше ќе и даваше со песна. Син ми кога крева температура седи ништо не прави ,омалаксан е многу и сака до мене или до татко му да стои ,се собира до нас. И јас пробувам на природен начин со раслекување,го поминувам со влажно крпче, ветреам дома, сум ставила и чорапчиња со оцет. Ама ако не му се симнува од 38.5 му давам парацетамол. Премн ми е жално да се мачи долго.