Нормално е да не сака ништо ни да пие ни да јаде од температурата. Јас ја оставам додека не видам дека спуштила сама и тогаш одма се расположува повеќе. Не ми дава да и мерам и многу пати не знам точно колку има, тој на чело не ми е ич сигурен, еднаш едно после 1 секунда друго кажува. Со живин и мерам под мишка ама не дава, ептен ретко со плачки да ја залажам некако. По инстинкт одам, ја фаќам нон стоп на чело, на вратчето, насекаде ја фаќам дали е топла. Што друго да правам. Температура е и ќе помине. Мора да помине. Се плашев многу на почеток ама сега веќе не. Знам дека е добро кога имаш Т. И поминува сама по себе. Не гледам ниту на саат ниту колку качува, ниту колку симнува. Не можам. И од заби ми има качувано блага Т и од вируси и истипт метод секогаш го правам. Оставам да се избори само. Па и 39 кога има. Ќе спушти. Со сирупи само лошо се прави. Не даваш да мине вирусот туку само го замачкуваш. Спушта од него и мислиш минало, а не е така. Ама сепак, секој за свое дете ти знае како е нај правилно.
Моето дете има излечено бактерија со 5 дена антибиотик. Не знам од каде тоа 10-14 дена, живеам во Англија, овде докторите дури велат дека не е убаво антибиотикот се прима повеќе од 7 дена. Секогаш 5-7 дена ми препорачуваат.
Секогаш зависи за која бактерија се работи и каде е застапена бактеријата. Каков антибиотик пиеме. Има и за 5 дена има и за 10 дена, не се за џабе така направени паковањата. @Kallias2 мајка вируси се лекуваат без антибиотик. Ако ти фати детето не дај боже бактерија пр. Стрептокок Б сама од себе нема да помине само полошо ќе направи. Исто со парацетамолот неможеш да замачкаш вирус или да помислиш дека поминал затоа што во добар случај дејствието ќе биде околу 4-6 саати и температурата повторно ќе се покачи. Со неговото давање само ќе му олесниш на детенцето. Едит: топло би ти препорачала да знаеш барем од прилика колку ти качува ,затоа што сите го знаеме исходот кај некои деца од температура 40+.
За мене ова се играње играчки. Со деца и температура нема играчки. Со парацетамол ке му олесниш на детето и нема ништо да замаскираш. Вирус поминува сам од себе со појачана доза витамини. Дејството трае 4-6 часа, ама да не повторувам се по членката, истото го кажала. Синко испи доза слаб антибиотик, па бактеријата од нос во уво се намножила. Сега два јаки антибиотика ке пие.
Исходот не е само од температура 40+ туку и од помалку. Ќерка ми доби грчеви па качи температура 38. Точно знам што доживеав во тој момент. Да не даде Бог на никој. Секој си го знае и по некој инстинкт следи свое дете. Јас имам зад мене уште едно дете кое го изгубив и сега можеш да замислиш колку му се тресам не само на малово туку и на големиот.
И јас не живеам во Македонија, овде докторите врска немаат можам да кажам. Во самото упатство пишува за антибиотикот како и колку се пие. Не кажувам јас од ракав.
На моето упатство баш така пишува 5-7 дена. Може се работи за различни антибиотици. И јас не кажувам од ракав.
Има некаде детски шумливи таблети? Многу сака од нашите да пие, смее? Јас мислам не ама ако знае некоја мајка нека каже.
Не знам дали некому му се случило, поминувам деновиве низ маки кога треба да заминам на работа втора смена. Се е ок и ко ќе треба да излезам за на автобус ете го малото (2ипол год) да рика да плачи да не можам да го оставам. Вика земи ме Враце или не оди на работа иако пред тоа сме се договориле да одам и да му донесам киндер јајце ко ќе се вратам. Досега не ми правел вака, не ми е јасно што може да е работата. Совет нешто, чаре има ли?
Ништо, separation anxiety. Кажи му смирено дека мама оди на работа да донесе пари за да се купи нешто, дека ќе се вратиш и излези. Ќе се навикне сите деца така прват, нормална реакција на дете што растело со мама
ја после 3 неуспешни обиди, го ставам во сок од портокал, не го осеќа и го пие. Ми рекоа можам со било какво овошје а никако со млеко и млечни работи. А јас неколку пати така му давав..
Мене ова ми го прави во градинка. Не сака да оди и не сака, ја сакал мама. Плачел за мама, дома да сме. Два месеци зборење и си преплака. Се на се пет пати отиде без солзи. Тешко му е да разбере дека треба да одам на работа, не му е познато, знае дека сум дома.
чудно ми падна зашто еве 2 ипол месеци како одам на работа супер си прифати никогаш така не направил. Тие 2-3 дена таман да ти го поремети расположението. Среќа па помина.
Мајки детето е 29 месеци во последно време покажува многу лутина, лепенка е по мене не ми дава да мрднам,ако не го чекам заедно да одам до тоалет плаче по пола саат и ми вика зошто не ме чекаш, ти се лутам и никако не можам да го смирам си тераа инает,да е по негово, дали е некој период и како да постапам.
До кога трае фазата Јас, јас, јас и Не, не, не? Се може сам, не прифаќа помош за ништо, не сака пелена да сменам, не сака косата да му ја мијам, не смеам да му ги пипнам играчките, пресоблекување боже сачувај. Само што почна ама веќе немам нерви
Две години и осум месеци за се сака да биде самостален или што би ми рекол "Чекај мене помогнам ја". Ако случајно сака нешто да земе дали чаша вода од масата и му ја подадам во рака ќе ја врати пак на истото место кај што била за сам да си земе. Ако отворам врата пред него , не не никако војна се крева, одма ја затвора вратата за сам да отклучи и отвори. Сака секое негово ново достигнување веќе самостално да го прави. Најдобар ми е кога ќе го скарам одма ми вика "Tи не дома,никако не, оди си на работа".
3 години и 3 месеца, од фаза "јас" не излезе. Ја оставам. Сама се облака, сама јаде, сама си игра. Ама ако и извадам чаша што она сакала сама да си ја земе, готово трагедија. Морам да ја вратам назад и она да ја извади, иначе ќе плаче цел саат. За мене тоа е една од подобрите фази, иако брзо и здосадува сама па доаѓа да досаѓа од забава. Следна фаза "зошто" само што почна. Не бев спремна за волку прашања