Да, не е лошо вака, се осамостојува само што не можам секогаш да мислам дали ќе му згрешам нешто како твојот пример со чашата. Туку од вчера и нешто друго почна, паѓа демек и лежи доле и ако го игнорирам почнува да плаче, па не можам да го смирам после. Зошто е ваква драма квин? Внимание добива и повеќе од што треба, зошто би привлекувал? Не за друго, падна вчера до масата главата ќе ја скршеше.
Веќе незнам ни колку фази постојат. И "јас" и "зошто" и "неќам" и квичење за глупости и карање за играчки со други деца... Не ми се верува дека толку е напорно и тешко одгледувањето и воспитувањето на 3 годишно дете. На моменти сум изморена од зборување. Пробано и со добро и лошо, исто ми се фаќа. Нерви, трпение, нема друго. А колку знаевме сите да кажеме пред да имаме деца, јас кога ќе бидам мајка нема вака, нема така . Се било напразно зборување.
Фазата "зошто" ми е врв. Некогаш немам одговор какви се "зошто"-прашања постојат. 3 години и 9 месеци.
Синко сака да му кажуваш каде ке оди што ке прави, а потоа на други радкажува. Пример баба му ја прашува каде што како а потоа мене ми кажува каде ке ме вози итн. Прашања зошто се закон.
На тие прашања пробај да го прашаш, а ти што мислиш, зошто? Моето не е до таа фаза ама читам книги за тодлери и следам некои профили за раст и развој на деца па велат со ова им ја отвараме нивната имагинација за одговор на тие прашања, особено кога прашуваат “зошто” нонстоп
Ај и овде Здраво мајки. Сабајлево син ми стана на кај 7 и 3 пати побара вода, му дадовме и пре заспа. После стана на кај 10 и испи цело шише вода, се тресеше и му дадов да јади мислеќи дека е гладен ама исповрати. Полежа па му дадов две крем банани и соленки и после тоа како ништо да не е. До сега вака ми направил неколку пати. Еднаш дури испи на екс цело шише вода и испоти и наеднаш како да заспа... па го расонав му дадов благо и како ништо да не е. Не обраќав пажна мислеќи дека можебисамо шеќерот му е паднат. Денес сепак се јавив на доктор и веднаш ми рече вторнил на гладно да се испита шеќер... искрено воопшто не помислив на тоа и сега свашта прочитав по нет и преплашенасум. Дали некоја мајка има слично искуство ?
Синко е точно 2. Кога игра во парк, во игротека или по дома со други деца сите играчки се негови! Или ако другите деца си играат со одредена играчка, буквално оди им ја зема од раце и си бега/заминува. Наоколу сите деца плачат кога прави така. Дали е ова фаза или такво е детето? Не знам како да постапам
Фаза е. Ке помине како и секоја друга. И синко така правеше ама сега и негови играчки позајмува, огромен напредок.
Секое одење во парк/игротека ми е смачено. Оди, зема играчки од рака и бега. Ако не му ја даваат ги бутка и си тера по негово. Дај боже побрзо да мине фазава.
Сега ти се гледа како да нема крај ама има мајка. Како расте така повеќе ке разбира. Само мнооогу зборење. Мене устата пена ми фати. Во јули ке полни 3 и се гледа крајот на тантрумите. Уште има испади ама може и со муабет да се разбереме.
Внука ми е иста,сега 3 ќе полни. Според мене треба повеќе внимание да се посвети на воспитување,да се научи детето да дели,да има трпение додека другото си игра,да му се понуди алтернатива или кога не оди со добро со лошо: "ако им ги зимаш играчките на децата ќе си одиме од игортека" кај мојот ова би функционирало.
Како се справувате со нејадачите? Таман се разјаде зимава, тие неколку исти работи си ги повторувавме ама количински убаво си јадеше редовно. Сега од ко се затопли ништо не јади, само грицки, некое благо и млеко, друго нејки да види. Ќе проба 2-3 пати и ќе стани ми вели не го сакам.. Шо и да му дадам нејќи, си кажува нејќам да јадам. Нерви искинав, се радувам и благо ко ќе посака само да не е гладен, а и не дека е најаден со тие глупостите.. Период е? И вашите се такви со применливото време? Незнам дали да почекам или да давам сируп за апетит? Ми е страв вака да седи гладен по цел ден.. инакуу 3год е.. @NewMama моево еднаш така ми напрај на сабајле свеста ми ја зеде, блед крпа и без енергија, му дадов да јаде и одма подобро му беше, одма го однесов кај матичната ама имавме предходно испитувано шеќер во ред му беше и не не пушти пак. Јас сум таква на пример ко ќе прегладнам, затоа и сега се плашам шо не јади, вие проверете си шеќер за секој случај ама и гледај гладен да не заспива..
Ако пие количински многу млеко, тргни го од менито, заситува многу, и не јаде. Ако не е тоа случај, тогаш најверојатно е фаза. Нуди почесто овошки сечени на парчиња, само да јаде. Не мора грицки.
Мајки хелооу. Ме нема долго време, порасна малата, за 2 месеци 3 години ќе полни. Прашање до вас : дали пред 3 години околку 3 год, има кај децата некои тантруми/ скок во разој? Веќе неколку ноќи станува во сон и плачи, па пак презаспива. Нема некоја причина да прави така. Како е кај вас? Жива ненаспана сум. Барем да знам дека се тантруми, ќе чекам да поминат
Не, не пие мн млеко само вака ко ќе не јади пред спиење ми бара. Еве сега овие дена како шо злади сам си бара да јади, па на млекото заборави. Инаку ни овошје ни зеленчук не поминуваше во тие денови, само сладолед и ете грицки, веројатно фаза беше па тоа му беше најлесно за јадење.
Мајки дечињата од 2ипол-3г сеуште ги мачкате со истите креми со спф како од новороденче? Користевме Ла рош од раѓање (1500ден), се мислам дали да земам поефтина бидејќи е поголем, ама да не ме јаде јанѕа после,па да испадне сиромавиот дупло плаќа
Јас не. Користев веледа ама се размачкуваше претешко и лани за одмор зедов чико 50ка и хип 50 за лице. Крај на јуни бевме и не беше претопло ама сонцето беше јако и ме изгоре ни обравчињата не му беа црвени. Да напоменам дека на плажа бевме од 9 до 12 и потоа од 4 до зајдисонце. На сонце изложен само во вода, инаку под дебела сенка се играше. Сменив затоа што не се размачкуваше веледата, не заради цена. Како се одлучив за овие производи не знам.
Зошто фазата кај нас е од 3 години,еве скоро 5 месеци трае,значи за се е зошто... од зошто небото е плаво,зошто мравките се толку мали, до зошто го искиснуваш гравот е така,се е зошто и да, ја имам прашано а ти што мислиш зошто? Епа ти кажи ми затоа те прашувам ми одговара хахаха почесто се трудам на се да одговорам,а некогаш и ми е преку глава и ми се љути дека несакам да објаснам,тогаш викам оди прашај го татко ти незнам до кога ама напорно е него со малата си имам проблем незнам како да го решам,ми бега цело време,многу ми е страв..го сфаќа како игра ама под стрес сум надвор кога сме,мора она да трча и да ни бега било каде да сме,бега во молови се пика во продавници,бега од лулашки излегува од паркчето се смее,леле паника ми е,сега бевме во грција за велигден во гужвите цело време во раце ја носев од страв да не се погуби негде и објаснувам цело време ама џабе..мака ми е тоа