И мојов исто слободно се однесува надвор,си шета сам ич не се ни врти по нас...упорно му зборам дека не смее да се оддалечува од нас,дека некој може да го земе,дури ќе му посочам и некој човек,во смисла "ене го крадецот" за да го заплашам,ама си тера по свое.
Потполно те разбирам што кажуваш. Не да бега, претерува. Одам на љуљашки и она оп. Скока и трча меѓу згради. Го знае патот накај дома. Јас ко будала трчам со количка по нејзе. Па си трча цело време до главната улица. Тамо на сила ја пијам во количка. Без количка не смеам да мрднам. Не сака да ме држи за рака. Само ако наиде кола ме фаќа. Пред некое време на мм му бегала додека бев на фризер. На крај во кола ја пикнал. Се молам да е фаза. Како одат децана до нога на мајки и татковци, ми се плаче
Кај мене помогна преувеличување. На улица има коли кои возат главата бум трес во болница ке му земаат крв итн. Смее да трча во парк а на улица строго за рака. Убаво ме разбрал и си оди за рака како треба.
Мојот на муабетов ќе се израдува, обожава тину нину, крв да му земаат и да оди на доктор. Инаку исто прави, прееска се пуштил на баба му, женава инфаркт ќе добиела. Среќа свикала стој и застанал.
Мојов прави разлика од доктор диши диши, таму сам сака да оди, ама крв од вена му земаа последните неколку пати, кога ке спомнам лабораторија знае дека боли. Е син ми многу зеза работа кога сме заедно со татко му. Сам кога е со некого е бубачка.
Здраво на сите мами, еве и јас се приклучувам во оваа тема Искрено, прв пат ја отворам сега, па таман ќе си разгледам некои мислења
Поголемата баш иде до моја нога,за рака или знае и за јакна да ме држи за да сум тука ама затоа вторава братееее не се изсджува нели мора едното да е... Ама страшно своеглаво е и викај,урлај џабе,многу ме нервира со бегањево уф И за пресоблекување таман соблечи ја и одма шпринт да ја нема и да бега демек гола трчам беља правам радости ццц, као обожава да ми ги вади нервите да е жива и здрава и ја се молам да е фаза
@MilaSs12 леле а син ми кога е со татко му прав багабонд е. Кога шета со него ми треба после 2 дена време да го опоравам. Инаку и син ми неќе веќе за рака држење , само кога префрламе улици сам бара , ретко некогаш ако му влезе нешто во главата да неќе да го држам ама секако не попуштам. А кога шетаме тој 3 метра е пред мене само лута. Кај мене пали финтата чаооо мама си оди ваму а ти трчај си. И застанува.
Ете,две деца две причи различни. Не е до зборењето. Испаѓа како не мајка да сум,незнам да објаснам или дете не ме разбира. Стварно не стои. Јас и облекувам патики,и дур се облечам јас,она веќе затрчана накај скали. А едни високи што се,да падне и готово. Се крстам во пубертет да здивнам и кафе едно ма раат да си шмркнам Мајата да ги фати тогаш овие помирните
Мислам дека повеќе се децата вака што прават од мирните. Мене ми има влезено во лифт сам, оди бркај го по зграда. Се смее и трча. Разбира се што му кажуваш и намерно прави обратно. Нека е жив и здрав, Денис палавиот оригинал.
Ќерка ми од понеделник почнува со градинка па се мислам кои од овие витамини се подобри да почнам да и давам? Сега за сега и давам секој ден Молерс. Или па ништо нема да помогне ќе мора пак да се разболи некогаш, а имам толку уплав зошто никако ништо не пие од сирупи не дај боже ако се разболи..
Јас имам давано на Натурес Аид, првата и третата слика што ја имаш постирано и двата ги имам користено, супер се. Сега не давам моментално ништо, заврши Молерсот и малку пауза, цела зима им давав и молерс и од сирупите.
Па и јас уште овие да завршат и веќе до септември не и купувам Молерс. Капки највеќе ми одговараат зошто сирупи никакви не пие. Ќе земам некое од овие, фала ти
Ја со тие од третата сега ги почнав валда ќе се ок од аптека бар ме убедија дека се добри...во сок ги ставам
Ние ги користевме и не се погодија. ништо ефект не видов а и сокот мирисаше чудно кога ставав и едвај го пиеше
Витамин д3 големата прв пат сега на 11 год почна да пие поради прележаната корона, и малата беше настината и исто поради тоа и даде да пие. Ама јас продолжив да им давам да пијат барем до сега додека се затопли и ќе им ги прекинам. Тука во Грција обично не дава д3 капки на новородени како во Мк на пример, освен сега ако не се сменило нешто
Што знам мириса на портокал не се пожалил 3 дена како ги пие. Се надевам бар малце ќе го кренат ама мислам дека ме зезнаа сируп ќе имаше поголем ефект ама ај нека ги испие