Кај нас во Грција не даваат педијатрите омега од раѓање како во Мк што ви даваат, на своја рака можеш да даваш ако сакаш, а и нема баш за бебиња омега, сум прашувала по аптеки со изговор дека не се дава на толку мало бебе... се е за над 3 години, а Д3 до 1 година советуваат да се дава. Јас лично не сум давала на ниедно дете од толку мала возраст ниту едното ниту другото.
Јас давав од капсулите на Бејбитол со д3 и омега, после годинка се префлив на чист Д3 и Молерс-кој содржи и омега. Сега се потроши и молерсот и размислувам дали да купам ново шише, со оглед на возраста 2г и 7 месеци
Јас лани земав ладивал за деца по препорака на другарка фармацевт, 50 фактор. Даваа 2 за 1000мкд, многу добро се покажа. Исто и Нивеа сум земала 50ка деца, не ми горел.
Здраво, мајки некој совет за спиењето? Синко има 20 месеци уште не можиме во ред да дојдиме едно спиење ни е малку две ни се многу и седиме навечер си играме
За таа возраст една дремка е доволна, не го оставај 2 пати да спие. Од 12 до 14 е доволно. Пробај неколку дена и ќе фатите ред. Пред спиење без тв, благо или активни игри.
Сега лето не мора да даваш, сонце има во изобилство ма да ме било доволно тоа сонце ми рече еднаш старата педијатарка која ја имавме, за да прима доволно Д од сонцето ми вика треба да биде скроз гола кожа и многу време на сонце, а вака облечени имаат допир само на дланките, лицето, а капче им ставаме и со тоа го криеме лицето и главата од сонцето така да до некаде и точно е тоа што ми го кажа дека сепак мора допочнително Д да се прима.
50ка на ЛаРош,веќе 2ра година.Би рекла дека е одлична,пробан и на море и на висока планина.Цената не е баш буџет френдли,околу 1500 ден е можеби овде,но голема грамажа е,па би траела и 2 сезони.
Го достигнавме врвот во пребирање на гардероба и ми треба помош зашто веќе нервите ми се при крај. Само две маици прифаќа да ги носи и неколку пара тренерки. Отидов денеска му изнакупив куп маици со различни принтови, дојде од градинка и за сите кажа бљак и ги фрли. Спремањето за некаде трае долго додека да се спогодиме што да облече, значи рикање на цел глас ако не му свиѓа некоја маица. Што да правам веќе, како да излезам на крај?
Да купиш по неколку од истите маици и да не се нервираш Колкав е? Ке му пројде сигурно,речиси сите ја имаат фазава.Кога работев во градинка имаше една малечка,цел месец со фустан плав на Елза доаѓаше,врз се живо го облекуваше,и баш драма беше за пресоблекување.Мајката имаше купено два,па преживеаа Знам дека не ти е смешно,ама пробај само со фино некоја тактика да му најдеш.Ете искористи го таткото или некој близок што му е “идол” и сл..
Не можам да ги најдам пак да ги купам, помислив. И со татко му пробав, му купив слични со неговите и ми вика 'тата не' и ја фрла. Две години е. Дури го носев сам да си избере нова гардероба и се фати за едни меки бебешки патики, ја дигна продавницата во воздух да ги земе и си отидовме дома. Најверојатно ќе треба да се стрпам да помине, м? Кај се научи да ми вика бљак и да фрла како драма квин, значи не можам
Zdravo Dali e vo red da mu davam mleko ladno od frizider netopleno? Za tetrapak pravam muabet? A drugiot navecer odbiva mleko samo nautro pie?
Јас ич,ама на времето конзумирав по 5-6 беше дозата за возрасен,така да со максимум 3 би одела кај дете. @Mantisa зошто не би било во ред?Ако мислиш на составот,ферментирани млечни се подобар избор(јогурт),а за ладно не мислам дека е страшно.
Добро вечер мајки, Од минатата недела синко почна да ми јавува нешо како ноќни терори.. 2.5 години е.. во последниов период поточно пред 2 месеци започна во градинка не ја прифати ни тој, а ни таму не беше баш прифатен, сопругот замина во странство, а беа приврзани.. од градинка ми се разболува многу и дали се му дојде како стрес започна со ноќни терори.. тантруми преку ден.. беснеење, инаети, не слуша воопшто што претходно не беше таков.. искрено не знам веќе како да се справам и за мене е престресно и веќе паники и страв ме фаќаат од што неможам да се справам.. инаку најчесто теророт го фаќа во првата половина од ноќта.. помагајте мајки оти мислам ќе се споулавам..
Син ми имаше прв пат на година ипол, искрено не знам како прекинаа. Пробував со бевиплекс пред спиење, неуспешно. Еве сега нешто пред да направи 2 години пак се појавија и јас не знам кај се наоѓам, не памтам кога последен пат спиев како човек. Сега се сомневам дека се плаши од темница зашто сака да го земам во раце и да одиме на светло. Така одма презаспива и го враќам во креветче. Само не го буди, не му збори многу туку со ш'шкање пробај да го смириш, гушни го, кажи му дека си тука. Денски немаме некои тантруми ама на моменти не се трпи. Научил да удира претпоставувам од градинка зашто ми рекоа дека имало девојче што ги учи другите да прават глупости и со тоа моментално се занимавам. Збори, збори, устата пена ми фати и еве 2 недели неуспешно. Ќе се смири за викенд и од понеделник стара песна. Инаку, и маж ми е често надвор од државата, првите неколку дена обавезно ден и ноќ плаче по него, а после не сака да го гледа на камера, кога се враќа го игнорира и тоа ми е многу болно ама живот, јбг. Имам забележано најмирно спие кога ептен ќе го изморам надвор или ако помине време со некоја од тетките зашто ги обожава, дури и се смее на глас во сон. А ноќните терори обично ни почнуваат накај 1.30, па 3, па 5 и натака веќе не е ни спиење туку се врти по цела спална, седнува и легнува, ужас.