И јас исто како Оли би ти кажала затоа ти пишав син ми легнува кај 19:30.. . Пробај така да му смениш бар 20:30
Можеби сте во право ама зимата кога легнуваше во 20, стануваше во 4 Затоа го оставам до покасно. Уф. Немам друго освен да пробам.
Даа и мене така ми се будеше во 4....некако постепено почна да менува сам во 05 па еве сега 06 па и 07 знае да се разбуди
Кај мене спие само 9ч тоа е се народе денски не преспива ни дома ни во градинка. Од новороденче е така една ноќ нема врзанооо ма шо сакаш прави затоа викам ваљда до прво одд ке смени
Majki mala pomos malata e 2 I 4 meseca dolu intimen del pocna da pie antibiotik I se pravi crvena nekoja krema nekoj sovet
Мајки да ве прашам како сте со зборувањето? Моето има мал фонд на зборови како : Мама, тато, баба, деде, тете(за тетка), бебе, дете, дото( за доктор), мјау(за маче), јаја(за јајце),(исто јаја и за зајак вика), паи(за пари), пе (за песок) ајде, дај, на (кога подава нешто), пе (за пеперутка), бо ( ако се удрила или гребнала), кап кап (за банјање), вее(врне) . Кога ќе ја прашам како се вика кажува на некоја нејзина кратенка. Исто и кога ја прашувам колку години има вика две. Е сега кога пробува да брои за сите броеви вика две, две, две. хај(за здраво), бај(за чао) - на англиски ги кажува. За разбирање се ме разбира кога и зборувам, и за моторика е доста напредна. Дали има проблем тоа што е дете со родители што зборуваат различни јазици пример јас и зборувам на Македонски татко и на Англиски. Кога почнаа почисто да зборуваат вашите дечиња?
Пробај, секоја вечер легнувај го 10 мин порано од претходниот ден, а дремката да му остане во исто време секој ден. Ако вчера легнал во 22, денес легни го во 21:50, утре во 21:40 и така полека враќајќи наназад, ќе го научиш и ќе следиш како ќе реагира со станувањето.
Моето е двојазично дете. Од 18 месеци почна да зборува зборчиња и на двата јазика, од 2 полни години сега веќе секој ден се повеќе зборува и почисто, ги разбира и двата јазика како ја прашаш така ти одговара. Повторува се што слуша ама се буквално, сама. Надвор некој да си прави муабет она ги слуша и им се убацува у муабет, значи опасна е. По цел ден ломи, уста не затвара. Кога си игра сама, си седне доле на земја си игра со пепа пример ја има куќата на Пепа и тие сите од нив што се, си игра многу убаво, им зборува, ги имитира баш како они што зборуваат така и она им зборува....што да ти кажам, ептен сум изненадена со нејзиното зборување. Секој ден е се повеќе и повеќе. Инаку и телефон гледа и телевизија гледа, немам забрана за ништо, дури од тел што гледа многу работи ги кажува и на англиски почна да кажува работи што ги слуша на тел, ете азбуката ја пее сама еј, би, си, ди, и, еф, џи до таму оди и доаѓа до мене ми вика мама мама посе(после) како бесе(беше) На Грчки исто така ја кажува азбуката до некаде. Многу голем фонд на зборови има, т.е.реченици она си зборува нормално со нас.. ..
Да, решив да ве послушам, немам што да изгубам освен сонот од сабајле Заспа вчера во 20.30, имаше плачки ама бар само еднаш ме натера да станеме од кревет, инаку полесно презаспиваше. Се надевам ова е лекот.
Значи исто, дома кога е не спие денски, в градинка некогаш спие некогаш не, јас мислам дека и да спие малку е то, навечер после 10ч заспива 11 го фаќа, во 7 и нешто станува, иначе сега кога сметам во август лани почна цела ноќ да ја спие, значи 2 год и 8 месеци, не 2 и пол
Мајки дали има вакцина што се прима послем една година освен ммр што се прима на 12 месеци ? Ние ммр не ја примивме уштњ малце ќе ја одлижиме само незз дали има некоја друга што се прима послем ммр .
Ако не даваш пробиотик почни веднаш и продолжи да го даваш и кога ќе завршиш со антибиотикот барем ушѕе 10 дена. Од креми пробај со крема со цинк на пример со Судокрем.
Петтовалентна (проверете во календарот за имунизација), и нас не ни е уште примена, ммр засега ја одложувам (две години и месец има малиов,не оди во градинка). Секој ден се спремам да го носам и се' нешто или носето ќе течи, или што знам што. Знам мајки што ја ставиле и накај 2,5/3 год... -А да прашам, дали им давате на децата домашно подготвено кокосово млеко (или бадемово и сл.)? Малиов до годинка беше на цицање, никакво друго и не сакаше. И после тоа не сакаше, ама јас сум крива, почнав тетрапак да давам, сите околу мене ми велеа давај млекце. Сега еве на две годинки сам наутро ми бара, ама по совет со доктор (поради едно топче на вратот што го има од мал и го следиме) ми рече никакво млеко да не давам, освен козјо домашно или растително за со кашиве со житарки+овошје.
И тој одморен и спремен за нови лудории Ако сакаш покасно да заспива и покасно да станува, поместувај ги за 10 минути паралелно и дремката и ноќното, ќе почне и да станува подоцна.
Тоа не ми одговара зашто до 8 мора да е станат за во градинка Не ми се погодува знам. Ама да не бев трудна што сака нека прави, ќе издржам ама вака некогаш главата ми паѓа за спиење, а тој како за инает се повеќе плаче. Па и од држењето ноќе во раце имам некоја страшна болка во кичмата. Или кога ќе фати со нозе да ме удира ни перницата на стомак не ме спасува. Со едно око отворено спијам
Ми даваш надеж иначе да многу малце спиење е сепак и ок е нели ниту е кенкав ниту има потреба од повеќе сон? Коа тргна во градинка спиеше по 20мин а и дома исто до пола саат макс сега ни таму ни дома. Јас се чудам немам видено друго дете како моево ама еве ти ми ја знаеш маката