Коксаки вирус. Ќе има тт 24 часа и толку. Пренисливо е се додека не поминат 24 часа без тт. Поминува за неколку дена може да се јави и на дланки и околу уста.
Крена тт 38.5 ама му потспадна тоа на стапалцата а на др место засега нема. Знам внука ми кога имаше коксаки, имаше и во уста и на дланки. Ќе следиме, и мене прво коксаки ми падна на памет, ќе видиме утре на др .
Дечки, не знам колку ми е на право место прашањево. Ме интересира кога почнавте да ги оставате вашите деца на спиење кај баба-дедо. Ќерка ми ќе полни 3 во септември и некако уште не ми дава срце да ја оставам на викенд. Еднаш ја оставив на спиење пред месец дена и не сум спиела цела ноќ. Сега ми бараат да ја носат во село викендов, а јас во грч цела, не ми се пушта. Дали првпат е вака најтешко, што ли е.
Нема да ти бидам од помош. Иста сум и јас. Со тоа што јас не се ни форсирам да го оставам. Мојот на крај на август ќе полни 3. Правило нема. Кога ти ќе мислиш тогаш. Јас изглеа на прва екскурзија со спиење од школо
Пушти срце еднаш, после е полесно. На 11 месеца првпат ја пратив да спие без мене кај мајка ми дека дома имавме слава, јас отидов накај 3-4 сабајле. Од година и некој месец ја земаат за викенд, на 2ипол години отидоа на одмор 7 дена. Сега има 3ипол, сама си кажува кај која баба сака да оди ако подолго време не била нигде на спиење. Секако дека е од многу помош кога е така слободна со нив, инаку е релативно срамежливо дете, мислам да не ја праќав така од мала, сега како пијавица ќе беше залепена за мене.
Лани на година и некој месец го оставив прв пат после долг период неспиење заради болести од градинка, едноставно немав сила да живеам повеќе и морав да направам рестарт. Помина без никаков проблем, не ме барал, си јадел, си играл. Сега само што наполни 2 год ги пратив со маж ми пак на спиење таму ама си спиел со мајка ми. Исто супер помина само што овојпат јас не спиев, имав страшна грижа на совест. Треба да се породам здравје октомври и планирам почесто да оди на спиење кај моите зашто они ќе го чуваат додека сум во болница, искрено тоа го правам повеќе за мене Морам да се смирам дека супер ќе му биде таму и да не го мислам зашто страшна тахикардија имам кога ќе помислам како ќе издржам без него 5 дена Ако нејзе и е убаво со баба и дедо пушти ја нека оди, ќе одмориш и ти, а и детето ќе си игра во природа.
2год и 4месеци и уште го немам оставено да спие без мене.. Мислам дека е повеќе до нас мајките. Бев кај моите кога беше помал и ај као го земаа сабајлето да поспијам.. Какво спиење око не можев да затворам затоа што не е до мене, а ми се спие ми се плаче.
Вчера бевме на гости децата си играат во собата отворено беше се се гледаш,доаѓа керка ми во рацете држеше кикирики и индиски ореви јас мислев дека Бејк ролс јаде.Срцето ми застана кога ја видов чекав да дојаде и ги земав од рацете пошто ми е страв.Коментарот на мајката пто бевме на гости беше па не се мали ги имаат сите заби.Или јас сум луда и премногу му се тресам на детето искрено јас не би оставила дете само да јаде јатки,мајката мртва ладна
Не си луда, оправдан страв е. И возрасен треба внимателно да ги јаде. Мојов јаде од една година секакви јаткасти, а пред некој месец проба и пуканки. Досега немало проблем ама секако не го оставам сам, обавезно го надгледувам.
Оправдано се плашиш. Дете не се остава само да јаде било што. Јатки посебно, поопасни се. Ама и банана може да биде опасна, затоа јадење со надзор. Мене знае да ми залетне храна ама знам да си помогнам. Дете не знае што да прави.
Малиов сака да се бања, сака да се тушира, но нема шанси да му измиеш коса, се дере ли се дере, уши ми дупна, а и не можеш после да го смириш. Кога го туширам, со рацете си ја водени косата, но не остава јас да му ја измијам. Дајте некој совет за first world проблемов, ама тапа ми е да не можам коса да му измијам на топлово @Jana06 Мислам дека те читав некаде за истово. Ти успева ли да му наквасиш коса?
На сила Оли. Вака сме сигурно еден месец. Ајде дома не му ја мијам толку често, гледам кога е посмирен ама последните две недели се мачкаме со фактор креми, сол е целиот и мора. Го стискам близу до мене да не се лизне, ставам шампон и плакнам експресно. Ужас, ова не е ни миење ама на ниеден друг начин не успеав. Е сега планирам летото кај моите во двор, па во базенче да го бањам, може така ќе успеам. Да пробаш на тераса ако немаш двор. Малку да ги размрдате комшиите
Кога сме кај одбивањето нешто да се прави или облече, еве на пример ние имаме проблем со носење на шорцеви Вришти не сака голи ноџиња, си ги бара долгите панталони... и така битки биеме околу ова на жешково. Дали некој друг се среќава со ваков проблем и решение?
Пробај дај му да си игра со бермуди, шорцеви, кажувај му сам да се облече, остави му ги некаде за да може да си ги зема, зборувај дека носиш и ти и тато, збори додека имаш сила во себе