Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.428
    Допаѓања:
    183.323
    Пол:
    Женски
    Мислам дека скоро секое дете ја има фазава. Хорор беше и со мојата. Ама почнавме на бањање да одиме со куп бродчиња и рибчиња и да игра со нив па некако едвај да се исплакне глава. Колку пати неубаво исплакната со шампон маж ми ја имаше извадено оти немаше шанса да дозволи вода на глава. :x
    И обавезно и дававме она што е за стаклени врати бришење, за пареата, не ми текнува како се вика. Таа да брише вратите од тушот ние дур ја плакнеме. (facepalm) Ова ти е фаза од terrible twos. Поминува како ќе ближи накај 3. Само ритуалите сеуште останаа. Бродчињата и рипчињата ни стојат во тоалет, на крај ги брише вратите од тушот па излага. :D
     
    На mal.ecka, 0ли и Mia Fuentes им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.247
    Допаѓања:
    27.878
    Одам на службен пат во странство за 2 недели на 4 дена... нозе од сеа ми се враќаат. 3г. ќе прави во октомври, ниедна ноќ не бил без мене. Заспива со татко му без проблем ако сум излезена, ама сум доаѓала секако за кратко. ;(

    @0ли колку направи? Моето во октомври 3, уште пред секое бањање се дере НЕ ГАВАТА НИХАХООООО.
    Еднаш неделно со плачење му ја мијам нема абер да пројде фазава.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    18.627
    Ќе пројде
    И кај мојот траеше некој период со врескање,хорор беше
    Решение: зборење,зборење,зборење
    Едвај се убедивме дека треба да ја крене нагоре главата.
    Мм е со пешкир во рака спремен секоја капка да ја избрише во секунда што ќе падне на лице:D
    Му правев финти,види го пајакот,види горе паѓа снег,види завесата како е закачена. Следно ми беше во план да купам од ѕвездите за на ѕид што светат за да гледа нагоре.ама добар е сега
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    :rofl:
    Добра идеја, и онака сака да чисти, ќе му земам и јас да пробам.
    Со бротчиња сме и ние додека се бања, рипки, чаши за да ги полни, секакви чуда за во вода, животни да ги бања и сл.
    2 години и 2 месеци е, изгледа допрва ни се плачките за косата :D
    Супер ти се финтите, баш ми се допадна ова со ѕвездите (y)

    А како се снаоѓате со туш кабина? Ај во када лесно ми е, двајцата со мм застануваме пред када, но во кабина претпоставувам треба да влезам со него, така?
    Немам када каде што ќе бидам за некој ден. :?:
     
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.854
    Допаѓања:
    18.707
    Пол:
    Женски
    Да, ние така стандард го бањаме. Еден во туш кабина со него еден надвор чека да го среди. Најчесто маж ми го бања.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    18.627
    Всушност кај нас е плочки и завеса,не ставивме туш кабина. Јас сум внатре со него а мм надвор и го држи за раче да не падне
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Само јас ли сама бањам дете:?:
    @0ли Пробај да му пуштиш да тече чешма. Не со туш да го бањаш. Мојата сеуште не сака туш. Косата и ја мијам со рака,полнам вода и мијам. Имам сокриен бокал и така ја плакнам.
    Праша и за зборивање чинам? Ако се уште не зборува,носи на проценка. Не губи драгоцено време како мене, чекајќи да се пушти. Дури сега тргнавме на вежби,и има подобрување.
     
    На KuklickaSk, 0ли, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.353
    Пол:
    Женски
    И јас сама го бањам одамна уште кога стабилно почна да седит и тоа во туш кабината му ставам мало базенче со сапуница ќе пошлапка на крај го плукнам со тушот.
    Е сеа има вриштење пошо не сака да излезе :)
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.854
    Допаѓања:
    18.707
    Пол:
    Женски
    Го бањам и јас сама кога не е тука ама ретко. Кога го бањаме заедно сме побрзи, потоа маж се бања јас средувам дете.
    Многу ми е мило што има напредок во делот зборување. :hug:
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Можам и сама, но ете заедно тераме од почеток, тука стои до мене и ми стиска купка со пумпица, па ќе се гледа на огледало, а на крај нозете му ги мие да не е без ич :D
    Не го бањам со туш, не знам ни како би реагирал ако му пуштам. Со бокал и јас го плакнам, исто и со рака како тебе, а во исто време сака да има и тој чаша и да си турива на тело. Можеби треба да му речам ајде тури си вода на коса :D
    За зборување прашував во другата тема, да.
    Не збори, ама ај си рековме да му дадеме време уште летово, па ќе го носиме на проценка. Докторката што го следи ми рече дека е супер, само дека му фали градинка :?:
    Баш ми е мило што има напредок, само така да си продолжи :inlove:
     
    На mal.ecka, MilaSs12 и srekice им се допаѓа ова.
  11. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    95.144
    Пол:
    Женски
    Мојата сака да се бања со татко ѝ.Намерно го чека да се одмори после работа,ја тинтра ѝ полни коритце и прави пена по неколку пати.
    Јас сум попрактична,строго под туш,а коса мијам речиси секој ден откако се стопли,имаме островче со песок пред зграда и си џитка редовно.

    Иначе какво ѓаволче е станата.Им се пушта на деца им граба играчки од рака и им вика -Стоп,моја е…онака со испружена рака:^)
    Едвај чекам да ѝ помине фазава со тоа негирање и посесивност,ко тинејџерка е.
     
    На elenaklasik, mal.ecka, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bilbilce

    Bilbilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Ние од вчера попладне цела вечер и сабајлево се мачиме со проливче. Ништо поразлично не е јаденисто ко и секој ден. Далк има некој вирус и совет што да му дадам никогаш до сега сменемале проливче две години имаме ????
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.006
    Пол:
    Женски
    Пробиотик давај, течности, електролити.
    Иначе, да се разграничи, дали има чести столици, во смисла дали оди по голема нужда 4-5 пати во рок од еден час, или па е искакано само два три пати потечно?
    Има вируси, особено во лето де актуелни стомачните вируси. Температура дали има, дали повраќа?
     
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Мора ли стомачен да има температура?
    Еден ден се жалеше на меше. Ноќта еднаш исповрати и намалено јаде од тогаш.
    А си имам дете јадач.
    Веќе не ја боли ама два дена сме на полесна храна и помала количина.
    Јогуртче, банана, супи...

    Температура нема.
     
  15. Bilbilce

    Bilbilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Нема тт весел е
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.006
    Пол:
    Женски
    Не мора. Зависи и од вирусот и од имунитетот на детето.

    @Bilbilce пробиотик, течности и полесна храна треба да е доволно.
     
    На Bilbilce и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  17. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    1.020
    Ако мислиш дека ќе се лизне имаш да купиш такви подлоги за во тушот со гумици се одоздола и се лепат па нема каде да оди дете. Јас го бањам сама, он стои внатре на тоа или седнува, а јас сум надвор од тушот, пред него некоја играчка и готово.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    1.020
    Леле и јас го имам овој проблем, се е негово, не дава на никој играчки а на сите им зима. До кога трае оваа фаза, стварно се нервирам, не ми се оди никаде заради тоа, буквално сѐ сака да земе. Колкаво е твоето? Син ми е 2г4м и веќе 1 месец е вака.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Имам такво, планирав да го ставам, добро што ме потсети (y)
     
    На Amore.Mio му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.353
    Пол:
    Женски
    Многу веројатно дека долго ќе трае, пошто не се сеќавам некогаш нешто да дал освен храна, на иста возраст е и сите играчки негови се само негови а и туѓите исто. Многу лоша и непријатна особина ми иде в земја да пропаднам од срам пошто и лоши коментари следуваат
     
    На Amore.Mio му/ѝ се допаѓа ова.