Знам дека треба да прекинам веќе лудило ме фаќа.. И плаче ако не му дадам.. Кога рече млеко дај млрко млеко
Ова ти е исто како мајките од цицање што имаат мака да ги одбијат. Барај совети таму. Мораш да издржиш плачење неколку дена мислам друго чаре нема. Ако веќе е пречка верувам ненаспани сте. Јас уште на 4мес ноќе ад му прекинав од тогаш само пред спиење 1 шише и едно кога ќе стане од спиење.. Ти башка сабајле му даваш и пред спиење?
Разговарајте дека млеко е за бебиња, шише со цуцла исто е за бебиња, дека не е веќе бебе и не треба да бара, треба да спие цела ноќ. Ако чувствува жед, дај вода, незасладен чај, ама најарно вода. И лека полека тргајте ја таа навика за ноќно пиење. Ќе поплаче неколку ноќи, факт, ама ќе помине и тоа.
Намалувај ја количината постепено секоја вечер. И откако ќе дојде до крај, ќе го нишниш, со галење една ноќ две и ќе се одвикне.
Три дена се плачките. И синко имаше навика да се буди да цицне ноќе. Кажав нема и нудев вода кога ке се разбуди. Се будеше кога е жеден кога прекинав ноќно доење.
Тој ме е учен нанишање к од бебе засспва сам и не сака даа го нишам.. Ама. Серасквичии бара шишето... Тргни неколку пати и го пушти и продолжува со спиееење
Кај мене цицаше до13 месеци и се будеше ненормално.. Лудило.. Нееможам даа опишам колку бев нервозна и исцрпена.. Го одбив почна млеко да пие и фала блгу спие сега убаво само шо ди бра да се напие... Ама спиењето му е супер.. Сам си заспие без проблем и мирно спие ама кенкка у соно.. Факт е дека треба даа го одбивам к од ова и да плачинекокку вечери
Ние сепак посетивме матичен кај неа се подолги и не скроз црни но не се ни бели одговорот од докторката беше дека влакнетоста е наследна и кај секој различна.Доколку се појават црни и поцврсти влакна на гениталиите и под пазувите тогаш се прават испитувања а оваа е најнормално и да не се грижиме.
Здраво, Одамна немам пишано. еве синко веќе во оваа група спаѓа. Ме интересира каков сируп давате- витамински? Исто така ние уште сме на АД, сакам да го префрлам на тетрапак ама од друга страна знам дека тетрапак млекото дека не е ок ни ние да го пиеме. Што пијат вашите деца?
И мојата уште пие АД..еднаш..дали пред спиење или сабајле кога ќе стани...и дадов еднаш тетрапак и не го сакаше..не знам што да правам и јас...мислам дека до 3 години можи да се тера со адаптираното ...
Никогаш не дадов тетрапак додека пиеше си беше на ад. Сега не пие никакво јаде млечни производи и си пие јогурт.
Ако го префрлаш од финансиски причини читни на нет. Јас доста статии од доктори читав за кравјото млеко и нигде не прочитав дека е штетно освен на форумов. Докториве кога ги прашав рекоа до 6м да не се пие минимум. А за деца во развој е само бенефит. Пак кажувам од тоа јас што најдов од статии. Лично мислење немам затоа што и немам познавање. Син ми пие 2 шишиња ад нема уште 2г. Ама ќе си терам со ад дури сака млеко за спиење секако е полно витамини се што му треба има.
Моето уште пие Аптамил 3, само наутро. Ќе терам до кај 3 години ако порано не покаже дека не сака веќе. Тетрапак не планирам да му давам да пие.
Со кои прегледи се открива дали има внатрешни хемороиди? Други причини зошто дете не сака да кака? Запек нема. Што се тоа полипи и како се откриваат? Прашање до сите
Ќе поставам тука прашање, сакам да прочитам искуства. Не знам, можеби не одговара најмногу да е овде прашањето, зашто е поопфатно, ама сепак... Дали го пратите на инстаграм профилот -развој низ игра-? Дали ви помага во родителството со практични совети, насоки и мисли? Според мене, има доста корисни работи да се прочитаат, креативен е, има многу мисли, ама нема лични практични искуства. Нешто од секојдневието за децата како справување со тантруми, инает, негодување, врискање и други детски минливи фази. Да, се согласувам кога вели дека во голем дел родителите имаат удел како детето се однесува, ама и не се согласувам со други гледишта. Сепак, мислам дека некои деца имаат тежок темперамент и родителите едвај се справуваат со нив. Тука повеќе би било убаво да има совети. Вие каков впечаток имате?
Ако е еден од профилите што мислат дека со раѓањето на дете станале експерти за деца, не го следам. Исто како профилите што само останала бремена и е експерт за бременост. Се породила- експерт за пораѓај. Од сите што ги следиш извлечи го само она што е корисно, другото занемари го. А ако сакаш да има повеќе практични совети од нејзини лични примери на нејзиниот профил тогаш пиши и порака. Јас имам две деца, првото 5 години и ден денес нема разбирачка, второто 1 годинка се роди ‘воспитано’ и со ред. Слушај го срцето и поврзи се со детето, срцето и детето најдобро ќе ти кажат. Со второво богами и јас можам да имам инстаграм профил во кој ќе бидам експерт за бебиња, да кажам дека треб најкасно во 20:00 да е во кревет, што не беше возможно со првото што немаше никаков ред за спиење до 3-4 години. Уствари не знам какво мислење бараше поточно ама битно се изнапишав.
@gjoker4e не не таков профил. Има завршено за специјален едукатор и рехабилитатор. Значи не зборува умислено, туку поддржано со факти итн. Зборот ми е ако некој го следи профилот да каже став или како го доживува профилот од аспект на помош и совет. Мислам дека повеќе се насочува кон готово решение да прикаже, отколку целиот процес да речеме за нештото. Бидејќи и со децава треба работа. И сигурно ако решението го применам здраво за готово, може и да нема резултат и да се чудам каде грешам. Има и курсеви објавено. Ете можда некоја од овде учествувала. И мојот инаку е покроток и поразбран. Ама знам каде има деца кои имаат поголеми испади и посилен темперамент, и сигурно со дипломатски муабет не успева кај нив.
Јас сакам да слушнам мислење дали да се советувам со стручно лице за следново или е само фаза што ја поминале и вашите. Веќе еден месец приметувам како малиот доаѓа од надвор, соблекува патики, чорапите ги става во нив и ги мести до ѕид убаво споени. Алиштата ги враќа на место од кај што сум ги земала претходно. Ќе земе вода од маса и чашата точно ја враќа на истото место (малку да утне се враќа да ја помести). Значи до тука ми беше интересно и скроз ок. Но, следно почна со повторување по нас. Пример, му отварам крем банана и ја вадам од фолијата, се лути и ја враќа назад за тој да ја извади. Тротинетот го вадам низ врата, тој го враќа назад и го вади одново. Секој ден почнаа да се случуваат вакви ситуации и веќе со мм само се погледнуваме и денеска конечно зборевме на оваа тема и тој е загрижен да не има некој проблем. Дали да се консултирам со некој и со кого и дали сте имале или слушнале за вакво нешто?
Мене ми личи на монтесори принцип на воспитување и учење. Баш на овој начин децата ги оставаат како што прави син ти. Јас искрено овде не гледам проблем, ми личи на нормален развој. Е сега ти си дома со него, си го осеќаш и гледаш подобро. Но ова со тротинетов што го пиша ми е нормално на дете што сака да е самостојно и мисли дека е голем пораснат.
Ми значи многу, фала. И јас исто размислував, си викам учи и презема иницијатива ама нели пак кога е за свое сешто ќе си помислиш. Маж ми е повеќе паничар, напна веќе да се распрашам каде да одиме на консултација. Се надевам само покажува дека е дораснат на 'задачите'.