@wtff Тоа е таа возраст. Син ми, внука ми и на пријатели синот се тука некаде со возраста и потполно истите работи ги прават, се различно растени и виспитувани и одат во градинка. Прво гледаат едни од други и учат колку добри толку и лоши навики ... Може да се имаат илјада играчки ама секогаш се фаќаат за една и тука настанува куршлус. Читав некаде дека на оваа возраст од две до три ипол години некаде наидуваат на големи промени во развојот, особено умствен и емотивен и дека таа појава на „ова е мое, јас го сакам, не го давам“ била нормална. Дека истата ќе се надмине и дека освен да се зборува со детето не може ништо друго. Дури и нма воспитувачката во градинка не упати дека на оваа возраст они не се способни за заедничко играње, групирање или играње со улоги (продавачка, учителка и слично). таа фаза доаѓала покасно веќе од над три години.
@wtff Не е проблемот во влијанието на детето од деверти, туку станува збор за фаза која повеќето деца ја минуваат. Поточно, во вашиот случај и двете деца се во истата фаза. Се е нивно, сите играчки ги сакаат за себе, своите не ги даваат а туѓите ги бараат, реагираат бурно и агресивно (станува збор за тантруми) пробаат да манипулират со врескање и плачење. И во игротека да го однесеш, можеби веднаш не ама штом малку се поопушти истото ќе го прави, се ќе сака да биде негово. Сум се нашла во ситуација кога моето плачело за играчка од друго дете, но сум се нашла и во ситуација кога другото дете плаче за играчка кое моето ја има. И во едната и во другата ситиуација зборуваш, објаснуваш, смируваш - ама нема кој да те слуша. На таа возраст од 2 - 4 год тоа е нормално. Наше е да ги учиме да делат играчки со други деца, и да не избрзуваме со заклучоци од типот разгалено дете, невоспитано, оти не знаеме какво е нашето дете во очите на другите (а ќе не боли ако е лошо етикетирано) Инаку низ истото проблемче - не делење играчки - сме поминале и јас и уште многу мајки од форумот,зборот ми е дека станува збор за сосема нормална фаза од растењето на едно дете.
Се е тоа во ред. Знам дека дека постојат тие фази. Но важно е како ќе го учиш детето и со какво однесување ќе продолжи детето после таа фаза. Еве ви дадов пример кај што му велат на син ми "дај му ја играчката да не плачи". Мое мислење е дека треба на нивното дете да објаснат дека додека играчката е во другото дете, тој да си игра со друго. На пример син ми единствено од него го е слушнал зборот "шајзе" (не оди на градинка, за да слушне од други деца), сабајле се игра и низ лутинс вели шајзе. Му велам така не се вика, не е убаво тоа. И син ми вика само ...(името на детето) така вика. Додека неговите родители се смеат на тоа. Не велам дека нема да се научи, ама мене не ми е воопшто смешно дете од 2-3 год да користи такви зборови.
Здраво мајки, ве молам за совет или искуство. Имам 4 год. син и од поодамна почнаа да му растат влакна по телото. Од лани до сега значително се повеќе се познаваат. Го носев 2 пати на детска ендокринологија но прегледот беше-ништо не е ова. Навистина сум загрижена. Каде може да побарам совет-преглед од соодветен доктор додека е време. Ви благодарам
Звучи како преран пубертет што и не е така чудно за нашите простори.Каква ви е исхраната?Ако употребувате мн протеини јајца,пилешко па уште и купено со хормони може и од тоа да е.
Внимаваме многу на храната, сигурна сум дека не е од тоа. Туку дали има на приватно детски ендокринолог за да се направат потребни испитувања. Навистина не знам зошто на детска клиника не сакаат да направат било какви испитувања? Каде да се обратам? Има ли некој вакво или слично искуство?
Порано на клиника бараа родителите сами да си најдат ампула acth за да можат да се прават понатомошни испитувања.Сега незнам дали сеуште е истиот проблем. Јави се во Систина и Ремедика и прашај дали имаат детски ендокринолог
Vo sistina ima endokrinolog samo ne znam dali raboti so deca. Javi se prasaj Ako nesto me nervira toa se vozrasni, bilo roditeli babi dedovci.... sto se smeat na deca sto pcujat i gi potiknuvaat uste poveke zatoa sto im e interesno. Ima mm edni rodnini koga bevme poodamna so sinko i mu vikaa aj kazi u pm ili nesto slicno i ja im se prerekov odma. Sto sakaat neka mislat i neka si gi ucat nivnite deca kako sakaat ama mene mi e toa grdo. Fakt e deka ponataka ke naucat od dr deca nadvor ama se vo svoe vreme . Ne gledam nisto interesno i smesno kaj dete na 2-3g sto pcue 8 kazuva dr bezobrazni zborovi
Поздрав мамички,сакав да споделам една слика со вас ,да ве прашам за мислење. Малиот имаше температура во вторник навечер,претежно во главата,потоа два дена немаше,па завчера пак преку ноќ,му се покачи.Вчера сабајле кога стана,забележав дека се нафрлил по телото,ама многу ситни црвени брунки. Веднаш го однесов вчера кај матичната,ама според нејзе не е сипаница,ниту морбили,туку некаква екзантема,вироза,демек ко од температурата се нафрлил по телото,и ми рече да го бањам што почесто. Ама некако денес уште повеќе му се појавија и во лицето,некако се загрижив многу,не знам што да преземам
Не,по цело тело има Така некако спомна и докторкатa,значи сигурно тоа е ?! Што да му давам,дали да го мачкам со нешто
Ко да го опишуваш син ми. Од две и нешто стсна ваков, еве четири ќе полни и само појачува оваа "фазава". Дур не се истера неговото и на глава ќе дуби. Јас се помирив дека е таков карактер и се справувам полека и толерирам, карање има само контра ефект, плескање кај мене нема, а од татко му ако добие после се истура детево врз другиве деца или мене. Им бранам да го караат или удрат, само негативни емоции се ствараат кај детето така. Јас тактизирам со игнорирање, награда - казна, играње игри и улоги, истакнување на позитивните негови страни... Има периоди кога си плачам од мака и доживувам како личен неуспех на рлдителството, но детето е едностсвно такво
Ништо посебно не се дава,ке се повлече наскоро само од себе.Само за Т лек за снижување.Но кога осипот ке се појави Т не треба веќе да качува
син ми имаше четири дена температура. петтиот немаше веќе, но се исфрли многу слично вака горе на грбот, кај вратот, стомакот и накај препоните. Еве веќе после еден ден му е смирена кожата. Не намачкав ништо. Еве слика ама не е баш добра . Гледам слики од тој розеола вирус. Децата често имаат и црвенило по лицето, како црвени флеки. На син ми му се појавија баш такви. Во прв момент на дерматитот ги препишав. Ама не се такви како од дерматит, кожата не е сува и корава.
Да,така е . Откако се појави осипот,температура повеќе немаше. Фала ти многу Така некако му се и нему по телото,само денес некако по лицето имаше повеќе
@Asja и на малата кај мене еднаш така и се случи. Од никаде онака нагло ми качи температура и ја држеше неколку дена. По два дена ми се исипа по главата и телото, а на рацете и нозете немаше. Јас уште кога ја однесов на лекар ме предупредија дека ќе се појави осип. За кратко се повлече. @joy1 значи каков дијагностичар си, алал да ти е
ЗОшто неуспех Бубале??? Те читам низ темите и баш оставаш впечаток на посветена и грижлива мајка, затоа немаш право да се чувствуваш лошо во улогата родител во која супер се снаоѓаш. Инаку тактизирање, игнорирање и сл. се и мои методи на решавање ,,нервозни испади,, кај ќерка ми, затоа често ги имам пишувано низ темите како совет! Сум забележала дека колку повеќе и забранувам нешто толку повеќе тоа нешто е примамливо за неа, па затоа веќем што работиве излезат од контрола веднаш и го привлекувам вниманието со нешто друго (најчесто измислена приказна за некое нејзино другарче, дека дошло кај мене на работа и ја барало нејзе ). Многу е лошо што во наша средина темепераментните деца се етикетираат како лоши и невоспитани, и најчесто вината се префрла на родителот. Од таму е тоа лошо чувство кое се јавува кај родителите како неуспех, а само тој родител знае колку грижа и вниамние посветува на пргавото дете, колку зборува и објаснува и колку разни начини бара за да го скорти детето и да му укаже на тоа што не смее да го прави. АМА, не секогаш успеваме, па некогаш бараш вина во себе а некогаш сфаќаш дека детето си е такво, со таков темпераент во себе.
Мајки сипаници ли се ова? Во петокот на лекар ни кажаа демек од каснато.Еве вчера денес нови му се појавија Можно ли е да излегуваат од каснатото или алергиски можеби или е сипаница во прашање? Не знам како изгледа сипаница. Башка и кл.слика у случајов не можам да ја припишам на описов,вадиме петки,има вирус кашла... Уште осипов ни требаше