Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    6.985
    Пол:
    Женски
    Не се работи за мое дете туку дете на блиски. Со полни две години детето не изговара ниеден збор. Некогаш низ игра несвесно може да се слушне "да", "не" или некој нејасен збор. Инаку се работи за активно дете, има одлична координација за игри со топка, игри со коцки. Меѓутоа тешка комуникација. На пример доколку сака да излези надвор, фаќа некој возрасен за рака и го носи со влезната врата. Или доколку сака нешто што не може да го дофати било храна или играчка исто, го носи во близина на тоа што го сака. Дополнително не секогаш се врти на своето име.

    Немам некаква лоша намера и не би му посочила дали е тоа во ред или не. Едноставно сега во бременост повеќе читам и анализирам што е во ред, а што не.

    Така да, до кога е некоја рамка на развивање на говор и комуникација?
     
  2. Babyboy2020

    Babyboy2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2021
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Секое дете е различно и не секогаш мора да значи дека нешто не е во ред.Моево на 2 години и 2 месеци што се вика кажува цели реченици по 5,6 збора врзува, а детето на комшиите до 4 години збор не кажуваше.Сега на 6 години не можеш да ја затнеш :).А тоа што некогаш не се врти на своето име може да се случи ако е внесено во некоја игра или загледано некаде па не му е таму вниманието насочено.
     
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.105
    Допаѓања:
    24.393
    Пол:
    Женски
    Нормално е, не ја прекинувај, моето е машко така правеше еден период, ќе помини, само не карање и не прекинување, во средно учев во психологија де сеќавам не смеј да се прекинува мора да си помини само.
     
  4. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    1.007
    Мајки од што би можела да биде каката темно зелена накај сивко, не знам како да објаснам, а не е јаден ништо зелено последните два дена? Баш ме изненади бојата, не сум видела вака до сега и кога јаде спанаќ, а не е бил ниту настинат? 2ипол год. има.
     
  5. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Глупавo прашање :wasntme:
    7ци вадат децава? Вчера игравме забар и oд двете страни има дo 6ки, ќе праиме 3 гoдини.
     
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.105
    Допаѓања:
    24.393
    Пол:
    Женски
    До 5ка сега само млечните. Неможи сега 6ки да има
    @Spidy ќе ви објасни стручно ;)
    @Amore.Mio некое темно овошје, грозје, аронија?
     
    Последна измена: 29 август 2022
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    18.673
    Пол:
    Женски
    Брои пак. Трајни заби излегуваат пред 1во одд.
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    14.477
    Пол:
    Женски
    Нема шанси 6ки на 3 години. Премногу рано е.
    7ци накај 14 години, 6ки накај 6 години, млечни се до 5ки, треба сите да ги има до 3 години. Може да има плус/минус на времето за никнување, ама сигурно нема трајни заби толку рано да никнат.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Ќе пребрojам пак :$:wasntme:
     
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    14.477
    Пол:
    Женски
    Сум видела млечни петки што се оригинал по форма и големина како трајни 6ки, дури и јас сум се збунила на прв поглед. Ама стварно би било чудо да извади млечни заби на оваа возраст.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.879
    Допаѓања:
    11.989
    Пол:
    Женски
    Мајки, која сака краток опис да пише за работи што ги прави детето на двеипол три години.

    Дали децата се вртат околу нив, во смисла во круг дури не им се заврти лешникот?
    Дали почнаа да вриштат пискаат кога се лути, кога сакаат нешто пример?
    Дали фрлаат предмети на подот? Пример како игра, чашки пластични место да ги редат, тие ги фрлаат како топчиња...
    Дали редат во линија предмети?
    Дали имитираат гестови звуци?
    И колку им трае самостојната игра?
     
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.076
    Допаѓања:
    25.780
    Пол:
    Женски
    Малава моја иако од новороденче со нејзе разговарав како да ме разбира, покасно почна нормално веќе да ме разбира и дојдовме до ситуација кај што буквално се знаеше ама не зборуваше, нон стоп игравме игри со моторика, сите предмети ги знаеше кога ќе ка прашав, од мојава кујна знаеше се, животни.. ама пак вртеше само неколку збора, мама тата нане баба деде чао дај и ам тоолку. На 2 години и 3 месеци, преку ноќ буквално, момичево почна да збирува и тоа сврзуваше 3 збора пример од нигде никаде ако видеше крава викаше, кавата дава меко, јас во неверница, така да некои деца собираат информации и наеднаш прозборуваат, некои рано прозборуваат, а е го знаат значењето,најважно од се е да препознава, да го знае името негово, да разбира кои се членовите во фамилијата, да ги знае по име иако не знае да им го изговори. Секако дека логопед и специјален едукатор и рехабилитатор треба што поскоро да се посети, но мое мислење над 3 година.
     
    На eta, mal.ecka, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    95.133
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik ќерка ми е 2 ипол скоро,сега почна со тантруми и драми.
    Ужас однесување ама се трудам да останам со ладна глава и да објаснувам зошто/како/што.
    Писка,мава,се криви(ова не знам од каде),вика мое е,значи посесивна,неќе да дели играчки и храна.
    Се заигрува сама нешто подолго,ова го сметам за напредок,имитира одамна,говор и резонирање на нештата ѝ се баш одлични би рекла,ко стар човек е некогаш.
    Знае точно што сака,храна и облека бира/бара сама,ретко ја разубедувам а и не се ни трудам околу ова,некако ми е олеснителна околност.
    А да,почна да ме испушта од рака и да бега,од маркет,од двор на улица директно,се кикоти и трча со сета сила,го доживува ко забава а знаеме која опасност е нели.

    Тоа би било накратко,лично мене фазата Тодлер ми е многу потешка од Бебе.
     
    На Bebence29, eta, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.076
    Допаѓања:
    25.780
    Пол:
    Женски
    За тантрумите, бегање, криење низ маркети исто како членката што напиша.. само плус вози количка и на мерно сака да удри луѓе од позади, нервни сломови можам да доживеам. Струја е, трча скока по цееел ден, нема застој, нема умор. Пред некој месец делеше се со деца, од кога почнаа некој од раце да и земаат играчки, уште од старт им дава до знаење дека е нејзино, не мава никого али не дава, се убедуваме ама не успева, шо е за право не ни зема она туѓо. Вришти, плаче, цела зграда ја крева, чоек да помисли кој знае што и правиме, секој момент очекувам полиција на врата, до тој степен вриска што стварно секој би помислил ја малтретираме.
    За разбирање, кажав и во предходниот пост разбира се, знае кој животни со што се хранат, каде живеат и т.н. Сама се заигрува со бебиња, во нејзината кујна, прави ручек, после тоа ја чисти као, обожава да црта. Знае да игра меморија и бааааш е добра во тоа, памти. Станов го прави хаос ама после тоа сама собира и тоа баш на место. Не и сум потребна за игра, порано беше само во раце, сега си игра сама ама знае од време на време да сака да легнуме и да се гушкаме.
    Накратко, дома и во парк е супер, освен нормално кога ќе се затреска од земја, а по маркети или чаршија.. 100% низ нос ни го вади.
     
    На eta, dunika, elenaklasik и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Мојот почна со глупостиве месеци пред 2 години, да се врти во круг додека не му се сврти, кога се лути не вришти седнува на под, предмети фрла што ќе најде не гледа дали ќе повреди некого, се заигрува сам повеќе од 30 мин сигурно, реди предмети едно до друго, едно врз друго,тури претури, сложувалки со форми, имитира животни, во моментов има 2 години само што наполни ама не зборува уште или зборува на свој јазик :)
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.351
    Пол:
    Женски
    Не дава играчки, никогаш не давал, зборувам ама џабе без никаков ефект, за вртење во круг пред да наполни 2години се вртеше и се акна на ќош од комода, го повреди капакот од окото, се раскрвари …. Сега веќе не го прави тоа
    Фрла играчки на под откако виде негов роднина на негова возраст дека така ги фрла играчките и тој почна и редовно сега ги фрла.
    Се заигрува сам најчесто со количиња, моторчиња и со чивечиња суперхерои, сите ги знае
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.879
    Допаѓања:
    11.989
    Пол:
    Женски
    Ок, фала ви.

    Се замислив пак после едно видео кај една на инстаграм.
    На стори имаше ставено риилЗче од 1 минута со рани знаци на аутизам, а децата на видеото беа со различна возраст. Секоја мајка бар две работи би пронашла и кај своето дете.
    Почнав стварно да се нервирам, секоја мајка си дозволува, (ок, овие мамичкиве со следбеници што се) да биде како освестувач на другите, да поучи нешто, да биде џомти едукатор. Значи ако не ѝ е на некоја мајка профилот во таа сфера, зошто се осмелуваат риилсчиња од 1 минута да ги споделуваат за да створат само паника и анксиозност?

    Да е некоја дефектолог, да ѝ е профилот во таа насока, со совети, со игри за деца со таков развој, да има постови за тоа, ќе сфатам, а вака не можам да сфатам што се обидуваат.

    Еве мојов има двеипол. Да, почна да се врти околу како кругчиња па застанува да сфати дека му се врти, прави мост со главата наназад, трча и се качува скока на кревет, што ми дава до знаење дека си го учи телото во просторот, има и термин за тоа - проприоцепција.
    И што? Видов во видеото дете како се врти и толку беше. Црвот се јави. Па ексик веќе. Сите подучувачи станаа. Еваева и мамички и сѐ.

    Друго. Реди количиња во редица, ги преместува ги вози ги враќа назад. Гледам во видеото дете со наредени количиња, демек ран знак. :doh:

    Боите ги научи уште пред некој месец, до 10 бои знае. Гледам во видеото како дете именува штознам што беше некаквиси шишенца ли со бои, покажува и именува боите. :( Демек и аутистични деца покажувале.
    А нели ко помали го потенциравме тој прогрес кога покажува со прсте. Или јас не сфаќам или се претерува.

    Инаку, друго мојов си врти книга и покажува предмети, сам си зема тоа што му треба ако сака нешто, говорот е почнат ама нејасно ги кажува, изговара повторува, имитира исто звуци, животни, гестови ние како правиме, дури и изводи керифики (демек мангуплоци :D ), писка ептен, ептен продирачки уши пара, има контакт, се обраќа, извршува наредби и сл.

    А од игри што можат да прават?

    Бојат, цртаат, сложуваат, градат?
    Спомнавте за претуривање и меморија. И мојов претурива, за боење чкрапа нешто, повеќе сака јас да му цртам. А @Bubish26 каква меморија играте? Браво, браво, баш убаво што памти.

    Дајте предлози за игри. Прееска со пластелин игравме, па со ножички сецкаше, пластични не сечат инаку, само на пластелинот. Се заигра 1 сат со нив, го издроби цел пластелин. Ама ако.
    Нешто да му земам од книжарница така интересно за прстиња и мозоче.
     
  18. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Мoжеш oд дрвените слагалици мojата ги oбoжава, има разни видoви.
    Мoжеш и oд дрвените тркалца штo се редат ,еднo пo еднo -хoризoнталнo или спoред фoрма, и oд oва има различни.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.879
    Допаѓања:
    11.989
    Пол:
    Женски
    Можеш слика да ми пратиш?
    Не ми текнува на кои мислиш
     
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.076
    Допаѓања:
    25.780
    Пол:
    Женски
    Еве со овие 4 работи си игра највеќе, ова со магмети треба удтвари да ги мести животните, така учи кој делови од телото каде се, играта со риби, бројки и бои ги мести сама, па после ги лови оти се со магнет, третата игра се поставуваат црните слики и на неа треба да погоди кој слики каде да стојат и четвртото е мемори, јас и ги местам, па сама бара и ептееен е стрплива.
     

    Прикачени фајлови:

    На Филотеа, Babyboy2020, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.