Син ми 2 год и 8 месеци, 12 кила нема, исто на периоди е со јадењето, таква им е возраста. Не се оптеретувај со килажа ич. Е сега ако ептен не јаде и е слабокрвно океј, ама ако е здраво, активно немај гајле.
2г и месец... 10 кг, па 9.5 кг. Па 10 кг... и така од 10 нема мрднато од лани ,многу се нервирам и се правам за да сменам ама не сака и крај.. море здрави намирници ,парчиња за сама да јаде на пола саат се нуди нешто ,овошје ,зеленчук. По еден залак два и толку...
Прво, ладното нема врска со разболување. Дете се разболува при контакт со вирус и бактерии. Од тоа што родители се бунат дека е ладно и не се проветрува во градинки за да 'не настинат' се шират вируси. Второ, бојата на очите нема никаква врска со тоа колку е болно детето. Ако детето има посветол тен и понежна кожа може да биде посклоно кон дерматити, ама нема врска тоа со фаќање грип, рота, ковид, мораксела... Детските вируси мора да се поминат и тоа е добро за градење имунитет. Дали на 2 или 7 години зависи само од тоа коа детето ќе дојде во контакт со истите.
Ладно како што ти кажала членката пред мене нема врска со вируси и бактерии. Син ми прв пат пиеше антибиотик откако почна во градинка и фати бактерија во нос која предизвика и запаление на уво. Пред градинка секој ден шетавме надвор во природа. Ветер (не да дува премногу што ни возрасен не може да трпи, ама ако дува умерено не седиме внатре) студ снег, на секакви услови излегувам ако е чист воздухот. Ни нос не му потече пред да влезе во градинка. Спие помалку облечен од мене, не носи чорапи секогаш, се нема закашлано. Трескам ама од 10 деца, едно ке се погоди да има силен имунитет.
И моето е 2 години и 3 месеци 13 кила и 800 грама е, а на година беше 12 кила.Мене ми рекоа горна граница на килажа бил од 13 и 800 до 14 кила дека било.
И ние до пред една недела бевме 12 кила сега покачил 13 кила вака супер е се си трча активно дете гушки до вас
И ние така со викање па да јаде прво ќе бара ќе му направам да јаде после малце и веќе не сака а знам дека не се најадел ништо после пак малце тоа е ама фала на Господ здрав е тоа мие најбитно а вака твоето сокче млекце пие ли преку ден нешто?
Активен е многу испадна и поздраво дете од другиве две дечиња крвна слика одлична воопшто не сме биле слабокрвни ама проблем со јадење со молење викање и бавно качување на килажа башка се нервирам што викат ау па слабо тие детево многу а јас го гледам со свои очи па си викам и неје баш многу слабо нормално дете си е незнам стварно
Пие сок повеќе отколку што би сакала јас ,вода онака и млеко околу 200 мл ,малку и беше паднат хемоглобинот,сега не сум проверила. И давав боровница и појачав месо бидејќи беше малку ми рекоа да не давам ништо за железо...
Ние само вода пиеме сок не сака никаков ама вода многу ми пијат сите три млеко само навечер во спиење две шишиња по 240мл со Несквик иначе кога е разбуден несака ништо само вода пие
Ти е гајле што викаат, ти си го гледаш какво е. Башка таа килажа е во просек за таа возраст таман.. иначе ист е мојов, од тоа молење да јаде коса ми обеле, ама да се здрави и живи
Здраво, ако може совет мајки..детето ми е две години, беше на доење до 1 година и 5 месеци. Потоа некое време тетрапак му давав, па последно кравјо домашно млеко разредено. Но сега последно имаше некое благо заслабување на крвта. Ако може совет со какво млеко да продолжам и до кога се дава кравјо млеко? Не бара да пие, но ако го понудам прифаќа. Ве молам за совети и мислења. Извинете на долгиот пост.
Кравјо млеко може значително да го намали железото. Не давај воопшто крајво, замени со други млечни производи, сирење, јогурт.
Јас козјо домашно му давав до година ипол пиеше после капка не проба, ама јаде многу млечни производи и крвта му е супер.
Ад млеко е за бебиња/деца а не кравјо. Ако не прифака млеко шо не ни мора ке нудиш да јаде млечни производи.
Дете од 2 години не ни му треба млеко. Ептен ако побара една шоља, или со бисквити и млеко да изеде чинија. Посебно чим има намалено железо гледај да го избегаваш млекото, бидејќи ако даваш производи или капки со железо, нема да се врзат, џабе ќе ги даваш Ќе си пие јогурт, сиренце, кисело млеко.
Да деф истo мoже и сo нoвoтo пoкачување на млекoтo, пoефтинo да е АД (babylove дм) oд oбичнo тетрапак.