Малава ми е скоро 3г, дали имате искуство со imaginary friend кај децава? Ми зборува дека има некое дете што и игра со играчките, па и она го гушкала, име немало бидејќи не зборувало, ме фати језа вчера пред спиење кога ми зборуваше Јас не сум го гледала, само она Како треба да постапам Што да и кажам на тоа не знам Вчера само ја прашував ама ова е се што ми кажа
Има како нема. Нормално е таа појава. И јас ја прашувва мојата и се ми кажуваше, што правил,како се вика. Јас искрено не придавав толку значање на тоа. Еве сега веќе не го спомнува, 5 години е
Замисленото, имагинарно другарче се јавува во текот на развојот кај некои деца. Обично е во претшколската возраст, кај некои кратко кај некои подолго се одржува (некаде до 8ма година). Битна развојна алатка е за децата. Се јавува во период кога децата учат дека различни лица имаат различна перспектива, им развива капацитет да размислат и да одговорат на идни, можни ситуации (што ако..?), им помага да развијат вербални и социјални вештини. Многу наликува на игри со преправање. Децата кои имаат вакви замислени другарчиња не се поинтелегентни од другите, но можно е да се покреативни. Некогаш имагинарните пријателчиња служат на друга цел- да се тестираат и безбедно да се поминат границите кои ги поставиле родителите. На пр. замисленото другарче кажало навредлив збор, не тоа, или бељата ја направило невидливото другарче. На тој начин учи детето кои се последиците од одредени постапки, што е добро, што е лошо, ама на за него безбеден начин. Начин кој го поштедува детето од казна. За детето може да е coping mechanism или одбрамбен механизам, или начин како ја процесира лекцијата. За возрасните тоа е увид во емотивната состојба на детето и во фазата до која стигнал неговиот развој. Инаку во случај да имате вакво пријателче најдобро е да ја прифатите играта и да ја искористите како средство да го научите детето на некоја лекција, некоја вредност што треба да ја усвои или правило. Во примерот со бељата, ако детето се правда дека невидливото другарче ја направило треба да му одговорите, во ред, кажи му на другарчето нареден пат да прави тоа и тоа, или да внимава на ова и ова.
Оти не ми го видовте прашањево? Ај ок. Туку, за на планина за детево какви лекови да понесам? За алергија, за нешто друго?
Јас би изреагирала и би разговарала дека не дакам да се зборува така во присуство на детето и би објаснила зошто. За алергија и парацетамол пробиотик јас тоа би земала за се др ако треба ќе се вратам и на лекар.
Јас пред огледало си ги мијам забите, и ќерка ми ме гледа и ми ја бара четката. Па и ја давам нејзината. Огледалата ни се лом . Све за здрави заби
Сега за сега не се правда со другарчето, само онака зборува дека си играат и тоа е тоа. Ама штом е вака океј, супер Јас па си го поврзав дека и недостасува другарче и по дома за да си игра, надвор нема проблем со деца, ама во градинка еве не си игра со децата... па мајка одма на проблем ќе помисли, ретко имаме дома другарче за играње, сите ни се помали или поголемки што ни идат и си идеме... Фала ви многу на споделеното
Нема на што. Нема простор за паника. Најдобро е да не се забранува на детето да зборува за другарчето. Исто како играта улоги на пр. што им помага да научат, така и замисленото другарче. Кога ќе нема потреба од него ќе престане да го спомнува. Допрва ќе се здружи и во градинка со дечињата, за три години нормално е да си игра сама, покрај другите деца. Повеќе да ги набљудува што прават, отколку да играат заедно некоја групна игра. Тоа се вика асоцијативна игра. Како ќе расте ќе продолжи со ваков вид игра ама постепено ќе се намали. На 4-5 години би требало веќе да игра игри заедно со децата од групата.
Мајки син ми си јадеше до пред два дена убаво, апетит си имаше ептен. Овие два дена многу слабо јади, ке касни два пати и бега, не го боли ништо весел си е само со јадењето е катастрофа. Шо и да го понудам нејки, освен грицки некои, ко ке му понудам ги јаде со сласт се гледа дека е гладен ама оти не јади не ми е јасно. Шо можи да му е? Пред 3 недели прележа стомачен вирус, сега девер ми е со стомачен да не го има префатено, ама па нема никаков симптом… Незнам шо да прам дали да го носам кај матичната шо чаре да барам….
Моето е 2 год и 8 месеци од дете што јадеше манџи, супи, разно разно овошје, секакво месо и се друго, дојде до период каде што на прсти може да се изброи што ќе касне и тоа најчесто краставица и некој компир. Потоа прележа лош стомачен вирус со кој уште толку го изгуби апетитот . Од пред некој ден пак почна да јаде не како што беше порано, но сепак почнува да бара и изразува желба за нешто. Муабетот ми е дека е период, доколку трае подолго консултација на лекар и проверка на крвна слика, во спротивно нема место за паника.
Се тешам и јас дека е период се нервирам само шо се гледа дека има апетит а нејки да јади.. Имам б комплекс ке почнам да му давам
Каква терапија даваат за воспалено уво кај малите деца? Педијатарот даде само капки за нос и рече демек кога ќе се ослободило носето ќе помине и увото. Еве веќе четири дена како ги користиме но мислам дека нема подобрување, дури се почесто со рацете ги притиска ушите и позади ушите. Кога го прашувам дали го боли ми вика да. Многу се нервирам, овде кај што живеам оставаат детето буквално само да се излечи, ниту пак во аптека даваат нешто на своја рака.
За уво воспалено мора антибиотик. Ние додуша само и за уво сме пиеле антибиотик. Другарка во УСА исто само за уво добила антибиотик до сега. Освен не знам ако е ептен мало воспаление... ама чим го боли...
И ние сме со воспаление на уши, вчера си добивме антибиотик, и плус капки за нос, зашо воспалението му прави секрет во нос и му се спушта секрет накај грло па ужасно кашла
Предлог сируп за 3 години некој што стварно има ефект за продуктивна кашлица и растечено носе, цел месец се мачиме, веќе незнам што да му давам
Здраво сакам да купам некоја игра магнетна како за 2 годишно дете или сложувалка со животни или слична игра едукативна, ако имате од каде ги купувате?
Наместо сируп би ти препорачала лој од гуска во комбинација со ливадски мед.Ништо друго ми нема помогнато само тоа.