Во трговски центар Скопјанка во Аеродром, http://www.atlantikfm.com.mk/ . Јас не сум нарачувала блиску ми е и одам кога имам потреба иако на страната стои дека може да се нарача не знам колку функционира најубаво јави се прашај
Мене ми препорачаа после 6 месеци од престан на доење, бидејќи порано може да има уште млеко и да не се гледа добро.
А дозволено е во бременост да направам преглед ехо? Јас откако престанав со доење, за 6 7 месеци забременав. Во тие месеци цело време имав млеко, особено првите месеци. Ми остана како мисла да направам иако ептен постепено прекинував со доење.
Јас направив после 9 месеца од доење уште имаше млеко, ама ми рекоа дека не е страшно кај некои и до 2 години имало после престанок на доење.
Па не би знаела што да ти кажам, најдобро да прашаш доктор, бидејќи си бремена. Јас правев најмногу за контрола на дојки, инаку не би одела само затоа што престанав да дојам.
Мајки детево од кога наполни 2 години многу се смени, не можам никаде да го шетам, не дава рака, истрчува по улица, легнува на земја седнува и си игра со се шо ќе начека го земам враце и со плачење дома. Само во количка. Дома е многу немирен се да е по негово, никако не сака да му се кажи не, одма плачење со дерење, можи и цел ден да си плачи за се, легнува на земја, се мава или не мава нас. Со играчките слабо се заигрува обично ги расфрла како и се шо е во собата, од перници до кебиња, се шо му иди на рака. Многу го анализирам пробувам да го разберам немаме живци повеќе, не знај да се искажи уште не зборува до некаде се разбираме кога нешто бара или сака. Цртаните не можиме да ги исклучиме освен со плачење, само така е мирен. Дали е само фаза или сите деца се вака. Кажува некои зборчиња но се на бебешки имав пишано веќе. Дали има потреба за логопед или да почекаме до 3 години.
Исклучете тв во целост. Разговарјте со него читајте книги, сликовници гледајте раскажувајге вклучете го во секојдневните актинжвности дома. Истомногу влијае и вие како се однесувате за време а сите овие ситуации кои ги наброја. А за логопед јас би го однела чисто на процена да се види што како е ако нема одреден фонд на зборови со значење макар и на бебешки да е,на оваа возраст треба дасврзуваат и по 2 збора најчесто глагол и именка на пр кучето оди .
За утеха, не е само кај вас така. Јас понекогаш се чувствувам толку немоќно што не можам со двегодишно дете на крај да излезам. Буквално не не' перципира кога велиме "не", за неа тоа значи "да". Нема шанси нешто да биде спротивно од тоа што таа има замислено и намерено да прави...
Мајки на малечки дечиња (тн. тодлерска фаза) со бебенца мали или бебенца на пат, Како се снаоѓате со припрема на детето за новото бебе? Дали е убав курсот на развој низ игра профилот за подготовка на детето, дали вреди да го земам? Како поминува време сѐ повеќе се чудам, се запрашувам како да го подготвам детево, се плашам од сѐ. А малце ми е поскап да го платам, не знам ако има некоја книга, подобро да ја купам. Ако знаете, ве молам посочете. Поздравче
Даки е во ред да се плаши толку многу од играчки светлечки, движечки музички, ништо не можам да пуштам вакво,пишти се стресува
Мајки ние сме 2г и еве се одвикнавме од доење (без проблем) меѓутоа само на цице заспиваше и сега не знаеме сами да заспиеме а не пие млеко, со вода не ни оди ни денско ни ноќно два три саати и никако да заспие збеснува со плачење не знае што сака а не бара цице единствено со телефон се успива...(ама не сакам со телефон ) некој совет или да бидам трпелива
Пробајте со гушкање со галење, пак пробај со млекце топло многу го успива моето, без млеко нема да ми спие, со телефон заспиваше се дури не прекинав да му пуштам, пуштам рандом нешто на тв да не е темно скрос, гасам ламби, има по некое играче во кревет ќе поигра малце, ќе поскока на спална се врти долго дури заспие, сам ќе си побара млекце и заспива.
Пробај да легнеш до него, гали го, прави се дека спиеш и ти. Е сега, ќе ти буричка во очите ама ќе издржиш додека се навикне Ако ептен не сака, пробај стави перница на нозете и нишкај го. Јас така правам, полесно ми е, а и побрзо заспива. Во меѓувреме си чачкам на тел И ќере не пие млеко. Да прашам, колку смее да јаде дете на оваа возраст грозје? Дали има некое мерило, дали може да и биде нешто ако претера? Значи, не знам каде да го сокријам грозјето. Му се радува како на новогодишна елка Јаде и друго овошје ама грозје би изела цела чинија одеднаш (ако не ја сокријам). И давам на рати, 2,3 пати во денот.