Колку шо му се јаде, му давам како за ужинка после јадење и не пред спијање, 5,6 зрна јади после ги фрла по соба јас собирам.
Давате ли д3 капки/апчиња сега кога ќе залади? Мојата е 3 ипол години, ама се мислам да се јавам за консултации кај матичната дали да и давам пак д3
Јас давам Рибиновит- масло од црн дроб на бакалар од Еурофарм го зимам 1 литар е и му давам по 1 лажичка 2 години и 3 месеци е убаво е и за коски и за имунитет.Може и големи да пијат се препорачува.
Мојата девојка на 2 години доби братче.Не сум користела ни книга ни курс за припрема а го прифати преубаво.Додека бев бремена цело време зборував и кажував дека ќе имаме мало бебе кое многу ќе ја сака, кое заедно ќе го чуваме ќе му купуваме играчки ќе го шетаме и слично.Откако се породив секоја слободна минута ја минував со неа а додека бебето беше будно ја уклучував да ми помага во секоја активност како на пр. да ми донесе алишта(да одбере сама како да го облечеме), дозволував да го гали да го држи во рака со моја придружба и слично.Мислам дека најдобрата припрема е зборувањето.Се надевам дека супер ќе го прифати и ти препорачувам да не се плашиш некако спонтано се си доаѓа во свое време децата брзо се навикнуваат само им треба многу внимание при вака поголеми промени.Би ти го препорачала и профилот на Инстаграм vaspitacicadvebebe која е како што сватив воспитувачка во градинка која сега пред некој месец доби ќерка а има 3 годишен син и често дели прекрасни совети.Поздрав
Ти благодарам премногу што ми пиша за кај вас како сте си поминале. Така некако и јас размислував, дека треба почесто да му зборувам, всушност за време на бременоста тоа е припремата. Друг начин не ми текнува. И бебе кукла да купам па да му покажувам како бебето заспива, капење и сл. Сега му давам да ми го мачка стомакот со крем, па така му зборувам дека го масира бебето, дека тоа е мало. Тој ми враќа "внатре има бебе" Очекувам да има разни расположенија, како и што веќе му се појавија, а пак со бебе уште повеќе. И како што кажа, во право си, и после породување треба да му се дозволи на детето близина со бебето, вклученост во активности, ама најважно е и мајката да поминува време со него. А кажи ми, дали ќерка ти имаше тантруми за време на бременоста, дали беше темпераментно дете? Прашувам, дека сега мојов писка многу, го фаќаат испади на нервоза и затоа си викам тогаш здравје уште повеќе можно е да има. Значи, да не земам курс, да му зборувам повеќе и потоа здравје отом потом. Фала ти многу
Имаше ама ретко.Отако се породив малку зачестиа ама можам да речам не беа пречесто и никогаш не беа поврзани за бебето барем не делуваа така ,го оставав бебето во креветче или на подлога ја земав неа во рака ја смирував,ако плачеше бебето ја прашував дали може да го земам,некогаш мораше да го остававм бебето малку да поплаче додека се договорам со неа и после со неа заедно го смирувавме,во главно таа беше прва за се бидејќи сметав дека бебето е мало и не разбирам да се налути додека таа веќе разбираше.Некогаш се случуваше да плаче многу и бебето па заедно ги земав ги смирував.Инаку ќерка ми не е премногу темпераментно дете често знае за многу работи и да ме послуша, зборувањето со неа секогаш ми помага во секоја ситуација.
Син ми има 2 години и 4 месеци, си пие наутро Аптамил 3, самиот ми бара. До 3 години ќе му давам ако сака дотогаш.
Сакам да купам постелнина за малиот, во составот има рециклиран полиестер и памук. Рециклиран полиестер е до рециклирани пластични шишиња Се мислам дали да ја земам. Што мислите, треба да биде 100 посто памук?
Па и јас исто мислам. А какви се убавки со дезени, читам состав отворам гугл и шо ќе видам пластични шишиња. Глупости, а не е евтина.
Мајки син ми 4ти ден пие антибиотик алмацин на 8 саати, од сабајле заприметив дека мокрачата му е матна, ко ке се помоча е во ред ама после некое време има како бело во неа матно, дали ви се случило вака се мислам дали е од антибиотикот или треба да испитам ?
Утеха ве молам. Фазава со опсесија со некое парче облека до кога трае? Сака да носи само едни чорапи, утрата со врискање ми почнуваат да ги ставел кафеавите чорапчиња. Шо да прам, да купам 5 пари па нека ги носи дур му здосадат? Објаснувам дека се испрале, водени се, не разбира шо е и очекувано. Кога поминува фазава на "разбира ама не разбира" 2 години и 7 месеци има. Јас веќе не знам како да се однесувам. Да објаснам не бива, да игнорирам се нервира, не можам да слушам пискање.