Кај нас уште не е почната таа фаза, но ако се случи планирам да земам од истото неколку за да можам да ротирам за перење. Купи неколку пара исти чорапи и терај без нервози.
Купи исти чорапи и реши проблем без да се нервирате и двајцата. Син ми има опсесија со клучеви и си носиме куферче со нас.
Како да го одвикнам од фрлање работи што и да дофати? Во продавница не е да одиш со него, дофаќа и фрла, се смее и среќен е. Се пукнуваме од зборење со мм, не му е гајле, т.е. слуша внимателно кога му зборуваме, па ќе се изнасмее на глас и после пак прави исто. Не ми е пријатно така невоспитано да се однесува по маркети, книжарници, бутици и каде веќе не. Каде згрешив што вака се однесува? Како игра го гледа тоа, но никогаш не сме го охрабриле така да прави, секогаш му збориме сериозни, никогаш не сме се насмеале за да мисли дека е забавен. Нешто вака прават и други?
Син ми дома фрла коцки, чорапи расфрла, кога ќе му дојде момент, не бира што фрла. Колкаво беше твоето? Двеипол? Фазата е најактуелна, да видат што ќе се предизвика. Не се осеќај дека нешто си згрешила, нормален процес од учење е. Само што нервира ептен. Кај нас во телевизор фрла, шо дека му објаснуваше последици. Посилно од него е. Уште немаат свест, сѐ уште не разбираат зошто како...
Исто и мојов, не е повеќе малото бебе да си седи мирно и да си гледа. Се нешто да фати, да фрла и по продавници не е појќе за носење дома е растурено нон стоп, ми се смачи да суредувам играчки, алишта ќебиња се е на земја, се шо ќе фати абе јас ќе го наместам, ме гледа и одма по мене фрла. Можи фаза е..
Исто, исто... Седнување цел ден нема, енергија нескротлива. Ај додека диплам алишта и тој глуми диплење, па за секунда сè на земја ќе се најде и се кикоти. Преку ден е лом, но пред легнување со татко му прибираат сè и чистат. Кај нас сè е тргнато, телевизорот уште на таван што не ни е качен. Во продавница само во оние колите со корпа со возење е мирен, инаку шанси нема. Само ние се слушаме каде и да одиме.
Не си сама. Пропатив од мигрена од што не можам да се справам веќе. Не знам дали ти оди во градинка ,само тогаш ми е по спокоен да кажам...комуницира, мирен е, весел...а остане дома повеќе од 3 дена хорор. Се превртува, он се плеска од плочки. Сама со него некаде ми е поим шанса нема. Искочивме да го шетаме и траеше шетањето 15м вкупно надвор после седи на асфалт не оди и се враќаме дома...
Женски, се нервирате за ситници од другите кои му ги кажуваат на детето? Еве пример. За баба и дедо што му кажуваат на детето, дали го анализирате нивното однесување од нив кон детето? Пример, му зборува сега бабата на син ми за боење во боенката дека кога ќе ја боеле, ќе му кажела таа во линијата внатре да бои и ќе му речела кога да престане. Ова е ситница, знам, ама не знам зошто осеќам потреба сѐ да контролирам. И како да не знаат како да се однесува кон него, а и општо бабиве и дедовците такви се. Дали сум контрол фрик дали вистина согледувам причина, не можам да распознаам. Некако како да не сакам да оставам да ми го "моделираат" според нивни сфаќања. Уф ќе збеснам кога ги слушам, а шо да прам осеќам потреба да коригирам цело време оти ко втренчени се и глупости нешто кажуваат. Што да правам? Да се ослободам од ова чувство и да ги оставам да им тече односот како било?
Не оди уште во градинка, со мм сами го чуваме, јас сама во оваа фаза не го шетам. Мм сам може, му го има фатот некако, јас не сум способна сама со него Ако пробаш да го застанеш додека трча каде што наумил или ако го допреш да го насочиш на друга страна, клекнува и ја брише земјата со двете раце, пафта како со метлички. Само со муабет ако му објаснувам 5 минути зошто одиме на друга страна, тогаш знае да послуша. Уште не легнал на земја и да се треска, но затоа ако нешто запне, а јас речам не, тогаш трча во својата соба, ни треснува врата како тинејџер и трча со плачење околу креветче лут. Ќе си поплаче, па ќе глуми дека плаче кога веќе ќе заборави зошто почнал и потоа се враќа во дневна
Истото само плус трескањето од земја. Јака ви душа дома што сте, ама пушти го ќе видиш која промена ја има кога оди. Друго дете добивам кога оди редовно во градинка. Ми доаѓа дома уморен, наигран, најаден се гушка се мази...а сме дома 5-6 дена уште по ѕидови што не се качува.
Мајки, како се однесуваат и какви промени забележувате кај децата после 2 години. Дали ова однесување е нормално и вообичаено, да редат играчки една до друга, една позади друга, или носат од едно на друго место. Понекогаш растураат, или почнуваат да фрлаат предмети, дури може и во телевизор. Се вртат често во круг. Не слуша ако кажеш седни, дојди, донеси, единствено разбира ако кажеш не, иако понекогаш може да се побуни зошто забрануваш. Трча, или сака да си игра со камчиња, но ако го запреш во намерата, тогаш легнува на земја и прета со нозе и раце и плаче. Многу повеќе викање, појава на нервоза и тантруми, многу тешко успивање. Ако го фатат тантруми се витка наназад, плаче, прета со нозете, но ако е поблага нервоза тогаш почнува да стега тупаница и брзо опушта, неколку пати истото, или сега при нервоза почнува да ги прави рацете како крилјата на шатките да "лета", или некогаш си ја удира главата со рацете. Како се однесуваат вашите деца кога се нервозни, што прават со рацете. Каков пристап имате при појава на негодување, нервози, тантруми. Каков развој се очекува до 3тата година.
Ќерка ми има 25 м. може и затоа се уште не сум забележала некои големи промени во однесувањето, може допрва следуваат. Мислам дека зависи и од карактерот на детето, мене таа ми е второ и гледам дека воопшто не се однесува како брат и што се однесуваше на оваа возраст. Моментално кога ја викам по име или доаѓа или вика што, важно ме слуша И таа реде играчки, коцки. Во количката наместо бебе вози некое други играчки по нејзин вкус или пак, алишта за перење става, вади... Кога сме надвор и таа игра со камчиња, јас и дозволувам, гледам дека и се допаѓа а и ќе помине пола саат во тишина. Некогаш дури јас и ја предложуваме оваа игра, на пример кога брат и има тренинг на фудбал, нејзе и е досадно да чека саат ипол и вака побрзо и минува времето. (Си ги реди или ги полни во пластично шише/кутивче). Во последно време забележувам кога има тантруми се удира во главата, среќа не трае многу. Освен зборување, друго не помага. Имало моменти кога ја гушкам, милувам, зависи од ситуација, или кога гледам дека ептен не бива ја оставам да се исплаче, потоа како да е нова Промени во спиењето нема. Деца, така растат.
Не фрла Оли мојава,ама се криви и плука со јазик(ме сваќаш како нели).. И мене ме вадат од такт вакви испади,знам дека се својствени за возраст и индивидуални карактерни црти,ама ме асоцираат на невоспитано дете.Има некои стекнати манири(на пешачки да крене рака кога ѝ застануваат),да каже фала и сл..и секогаш ја фалам,но знае и да е мало ѓаволче.Вчера имавме дома агентка за осигурување,девојката не ни седна,кога почна-Оди си дома,ова е мој стан,моја соба,оди таму кај мајка ти…и притоа покажувајќи со прст ко диктатор Цела среќа што не разбираше македонски женскава,пропаднав и се препотив. Беше многу кротка,сега е посесивна. Почна во градинка,од таму исто доби влијание,екрани речиси и да не гледа.. Мислам дека се фази,за нив развојни,за нас учење трпение
Дома не е лош мојов поголемиот дел од времето, иако некогаш од досада знае да збесне, па почнувам да му смислувам што да прави, но и знае да се заигра, си вози кола, точак по дома и заедно кога си играме е умен. Надвор е збеснат или ако одиме кај баба му, на пример. Сам со неа си шета за раче, седи и ја слуша како му раскажува или пее, само што ќе влеземе мм или јас во просторијата, почнува да збеснува и да и' расфрла работи, да и' отвора вратнички, да смислува бељи. Со братучедите кога игра е бубаче, како хипнотизиран оди по нив, прави што ќе му речат, си игра, ги гали и гушка. Поголемите ако му речат не таму, не оди. Ако му речат не фрлај, нема да фрла. Нас како да не нè ферма. Ме изнасмеа Смешни и слатки се бе, толкацкај човечиња како ѕверчиња. Ама баш тоа како невоспитани знае да иритира. Екрани и мојов не гледа, ретко и не е многу заинтересиран, повеќе гледам да е надвор и со игра. А добро, за рака сакаат да одат, онака да си шеткате? Мојов со нас нема шанси, исклучок прави само на пешачки. Застанува до работ на улицата и само тогаш подава рака и без да му кажеш, или ако одиме по улица каде што има коли. Само што ќе заврши пешачкиот, веднаш трга рака со мрчење. Или гледам дете некое ќе се измори, па бара во раце да го носат. Моево ако му кажеш да го кренеш или да седне да се одмори, ќе почне да вика, како може да не е изморен? И тоа не мислам на некоја кратка прошетка, туку на долго пешачење.
Се ова шо наброја истото го прај и мојот. Кога е нервозен мава на нас со раката, самиот се удира или ќе фрли во нас со играчка. Јас велам не тој плачи. После ќе го смирам или со зборување или ќе го гушнам. Не секогаш помага па го оставам да се исплачи или ќе му го свртам вниманието со друго нешто, некоја игра, ќе заборави. Некогаш кога е нервозен и плачлив цел ден е таков, другиот ден како ново дете. Мислам дека проблемот е шо не знае да се искажи и затоа така избувнува. Пред неколку дена му ја тргнав цуцлата, плачи повеќе од претходно, но мислам дека повеќе кажува некои зборчиња и сакам да се пушти со зборење за да можи да се разбираме и да нема толку вакви нервози.
Мојава дома вришти на цел глас, среќа не живееме во зграда, ќе не избркаат. Фрла играчки, тропа со се што ќе стигне. Вчера на гости дојде моја братучетка, кога запна, оди си дома Маре, ајде, одма ,оди! И тоа со прстот кон врата покажува.. Девојчево си замина за кратко, вели секако на тренинг треба да одам Или ако сака нешто, а не и дозволувам ми вели : Ама Софче плаче, Софче лутаа..