И мене ми личи на сипаница. Ако излегуцаат уште,тоа е. Помини пак на матичен да ти провери. Ако се сипаници пази го многу. Иминитетот им паѓа синко доата тешко помина.
На 4-5 места прашав,со испратена слика и сите викаат 90% тоа е. Утре сабајле на инфективно ќе одам за потврда. Ме чуди што не го чеша.Дали дека можеби пие 3-та недела Летизен заради алергиска кашлица
Пишува од 40 до 90 mg за секој килограм телесна тежина.И сега не знам колку да дадам а на пакувањето не можам да дешифрирам колку пишува
Шприц за дозирање нешто нема....ако е шприцот по кг. полесно е...вака треба да пресметуваш. 250мг/5мл. АКо даваш по 50мг на кг значи на 5кг тежина/5мл. Така го дешифрирав јас.
Мајки веќе 2 дена синко исфрли на газето брунчиња дури му е разрането и крв тече по малку,до сега во овие две години прв пат се случува вакво нешто,го мачкам со креми и ориг.павличева го измивам ама џабе се,а сетоа поради суво јадење,едвај какаше неколку дена.со што да го мачкам,ако знаете кажете?
Мајки кажете нешто за затнат нос? За 8 март беше затната, ни дадоа оперил со антибиотик. Премногу брзо ми е за капки пак. А неможе да дише сирота, на уста дише едвај. На плука нема ништо. Јаде, весела е.. колку што може да биде од носов. Цела вечер не спиевме, еве иде нок се плашам дека пак ке дежураме. Инхалирам, ставам физиолошки раствор. Ставам и капки од диво оригано 1x1. Сум го изгубила упатството ама мислам еднаш на ден се прскаше. Знае некој? Ја мачкам и со викс балсам. Знае некој дали е ист како мукоплант? Ако не да го праќам мм по аптека. Друго што да превземам стварно незнам, кажувајте некој магичен лек
Оперил П и така повеќе од 4 дена не смее да се користи. Диво оригано ни нас не ни помага (инаку може комотно три пати дневно да прскаш), физиолошки па ич. Сме имале сличен случај и кратко време после оперил земавме Септаназал. Помага за одзатнување, тој може и подолго да се користи, по 3 пати на ден. Мукоплантот го имаме, а викс сум користела порано (како дете) така што колку се сеќавам ист е, нема потреба да го менувате. Јас и' мачкам гради пред спиење кога е така затната, и тоа помага. Тоа се тие методи, можеш и топла купка и инхалации....нема друго.
@Kitten оперил и ставав скоро затоа сакам да пробам без нив. Не е препирачливо често да се користат, така слушнав. Инхалации правиме но незнам колку се ефикасни затоа што не вдишува на нос. Со уста дише.. Ке пробам сега и топла купка со морска сол. Фала мила @joy1 сега му ги нарачав на мм, кога гледам дома сум ги имала . Ич не ги сака, мислам до мозок прскаат но може се така направени за да го разводени секретор.. фала многу
@chocolade и кај нас беше носето затнато пред некоја недела и јас и прскав оперил пред спиење за да диши убаво и мачкање со мукоплант,преку ден само физиолошки,исто и топла бања,за три дена како нова е.Исто можеш и со септаназалот.
Мила втората вечер фати ларингит. Седевме на тераса навечер во 3 за да може да дише. Потоа ја однесовме на лекар ни даде солени капои за нос и летизен за да се смири ларингитот. Викс и мачкам, инхалации, супи, цедени сокови, чаеви.. Денес носето малкууу и е подобро но гласот зарипнат едвај збори. Ич незнам колку држи ларингитот, кога ке и се врати гласот. Антибиотик не ни дадоа. Кај она болна и мене ме фати носот, грло, омалаксана сум ептен. Ме продува вчера или вирус од малата не знам.. Има ли вируси сега? Ај ке помине, се надевам утре веке подобри ке бидеме...
Знам но ми е страв да и дадам . Не и давав ништо топло, само собна температура и овошје од балкон Фала мила..
Од петок здравје се префрлуваме во оваа тема. Наминав да видам како сте. Да се читаме почесто за убаво.
Муабетов можеби не е за темава,ама па нема соодветна... Од вчера на моменти сум очајна Синко има 2+7 м.Вчера штрака на таблет и отвори некои глупости.Му викам "мама не гледај такви глупости,страшни се,не се убави,дрн дрн...".Ми врати "не мама,ти си глупава" Не знаев дал да плачам дал да се смеам.А речиси десетина дена на моменти ме клоца,вика на мене,одбива да си играме. Веројатно дека само јас го караммм и бабите се му дозволуваат,па автоматски јас сум лошата Фаза е,а?Што викате? За очекување...
И кај мене така, јас сум лошата. И син ми е 2 години и 9 месеци и знае да „не ме сака“. Не сака да го облакам, да му правам за јадење, кога го карам бега кај татко му... Понекогаш кога скока многу или се качува некаде му викам „ти си мајмунче“, и еднаш ми врати „не, ти си мајмун“... На вакво нешто ми доаѓа да се смеам ама се воздржувам, а не го карам, му викам „како јас мајмун, нели сум ти мајка“.... И поминува. Детево мое сега почнува да слуша се што збориме така да сигурно ќе фати и нешто што не треба. Плус оди во градинка па таму има деца од различни средини, секое од дома си носи воспитување па и таму тек ќе „учи“ работи... Мислам дека сега е период на нагли промени, интелектуални и емотивни. Се запознаваат со нови чуства како лутина, бес, среќа... а и почнуваат многу повеќе да разбираат и да комуницираат. Кај нас е фаза и гледам дека „како дошло, така прошло“...
Син ми еве има скоро 6, никогаш досега не ми кажал ништо слично или недај Боже да не ме сака, или да ме мрази Јас едноставно не би го тоа оставала така. Поучи го дека не е убаво така на никого да каже, дека е глупав. Да не прејде во навика такво однесување. Јас сум убедена од примериве наоколу дека им дозволат на децата такви зборови, можеби им се смешни па детето уште повеќе се охрабри, ама мене тоа воопшто не е смешно, дури жално е. Неодамна еден внук (4-5 години) и вели на баба ми дека е смотана, за друг вели: а тој глупав еден. Мислам, одвратно за слушање. Објасни му на син ти, колку и да разбира, дека и кога го караш ти го сакаш, всушност го и караш за неговото добро. Поучи ги и бабите ако треба