Nie sme 3 godini i 3 meseci. Po kolku IE Kapki od D3 vitamini davate? Posledno zedov na babytoll tie ko ripki so se. I toa treba da go skinam i da kapnam edno vo usta? Nekako malku mi stoe ili neznam?
Мајки за шлајм што е ефикасно? Детево се удави во шлајмови, синоќа бевме кај матична амоксиклав му даде, ама цела ноќ плачеше, се дави и кога кашла плаче го боли најверојатно плуќата или грлото. Плус и зарипнат е.. Тој чајот од кромид и јаболко за што се користи?
Кс и брис имаш направено, грлото му е црвено? Џабе амоксиклав ако е вирус и ако треба другачие да се третира. Шлајмови кај син ми претежно од нос што му се слевале, сум ставала солен раствор за нос, влечам со носко и септаназал прскам. И многу течности, вит ц, имунобор или вирантно зависи. И го носам надвор да се истрча и испоти ( ова не знам колку ми е паметно, ама така правам). Е лој од гуска помагал тоа немам пробано. Исто има плачено се давел, нормално не може да дише. Гледај да спие на високо поткренат.
Црвено му е грлото,жар. Давам вит ц, молерс, мед имам некој со прополис и не знам точно што има друго во него, ацидосалус спреј прскам, прополис прскам два три пати дневно обавезно, ама џабе. Цела година глава немаме кренато. Така спиеше сношти ама џабе, денес не е претнат од кревет, пола час ако бевме надвор не сака плаче, цел ден во кревет и зарипнат глас не му се слуша. Ларингит го фаќа почесто. Налет.
Кога се отфрла единствената дремка? Едвај заспива навечер. Наутро до 8 спие, па едвај за 5 часа заспива за дремка, а на дремката може и 3 часа да спие, ако не го разбудам. Значи околу 13 часот го заспивам и до 15 - 15 и 30. Не знам како да сменам. Или ако има некој развоен период сега, па да го тормози во спиење. Како бебе периодот ме потсетува.
Кога детето ќе покаже. Кога влијае на ноќното заспивање. Или прво пробај да спие пократко денски, не го оставај 3ч.
Многу спие денски. Син ми некаде од 2 години спиеше по 1 час дневно. Околу 2 и пол престана да спие. Од тој еден час добиваше сила да седи буден до 23-00.
Какво отрфлање дремка, никако. Јас едвај чекам да дремне, да сум малу на пауза До кај 2 и пол часа максимум понекогаш го оставам. Зш? Зш лево десно и времето летнало, а сакам повеќе време за себе. До пред недела 6 часа му беа доволно да е изморен, ќе го ставев во креветче, излегував и заспиваше. Ама ова сега по еден сат се врти, па ќе тропне на креветче, нешто ќе зборне. А забележуваме дека говорот сѐ повеќе му се развива, можда и до тоа е. Ќе морам да видам дали до времето на будност е или до некаков период. Твоето колку спие сега? Дека врсници ептен се. Сега колку спие?
@elenaklasik Хаха ме насмеа, па нормално дека поубаво за тебе денски ќе си се одмориш ама па кога ќе видиш навечер се мачите со заспивање. Шала на страна 3 саати дневна дремка е многу и погоре ти пишав. моето во денови кога е во градинка од околу 22h-07.30 и после дома си спие од oколу 12.30h до 14.30максимум Во денови кога е дома поарно не прашувај не е за во јавност
Се снаоѓаме некако. Играме игри, обавезно два пати шетање некаде, одиме на гости кај баби дедовци, оди кај тетка ми, измислувам нешто да го анимирам. Сака да му се посвети велосно внимание. Плус што бара многу да му зборувам, прашања милион, логички нелогички, преморена сум.
Јас моето и го будев и не го оставав да спие и уште полошо пак до доцна седеше...3 саати се таман за две години дете... само порано го легнувај денски и оставај го нека си спие ќе се фати во ред ( мене ме советува една мајка преуморен е затоа не ти спие)
Се уште стојам на ставот дека дневна дремка од 3 часа за 2,5годишно детенце се премногу, тоа во ниту една литература не го пишува, сепак секоја мајка си го знае најдобро своето дете
3 саати се многу за дневна дремка за над 1 година. Ноќното спиење не треба да е пократко на сметка на дневна дремка. Плус доаѓа период на загаден воздух, некогаш не ни можеш да го прошеташ надвор, нема каде да се истрча, да потроши енергија.
Ако е ларингит во прашање давај му сладолед и поладни напитоци. Почести прошетки, да дише ладен, свеж воздух. За шлајмови ако сакаш пробај направи го лекот со кромид. Измиј една глава кромид со лушпа, направи и неколку дупчиња со нож, стави вода колку да се облие (ако имаш може и една лажица ленено семе, ако немаш не мора). Готово е кога водата ќе дојде на половина. Кромидот се притиснува со виљушка да го испушти целиот сок, остатокот се фрла. Се прецедува, се додава една лажичка мед уште кога е топло. Се нуди изладено, по неколку лажички. Не се чува повеќе од еден ден. Во врска со спиењето, ќере тера денска дремка од околу 2 саата. Вечерта спие по 10 саата. За сега не гледам никаков проблем, не планирам да менувам ништо, освен ако таа сама не почне поинаку. Од наредната недела почнува во градинка, сигурно ќе има некои промени и во нејзиното досегашно секојдневие.
@elenaklasik иста ситуација сме и ние. Можеби дремката е предолга, но и јас забележувам голем развој во говорот периодов, и како да е поврзано со тоа...
Еве вечерва во 9 и 20 го легнавме. Досега не слушнав да тропка, да туфка. Ама беше излезен на трчкање со татко му, се пентерел на лизгалки, а разбуден е во некоја минута пред 15 часот . Два часа дневна дремка ми е таман мислам, и за него и за мене да здивнам. Кога ќе почне ептен да го ремети, ќе ја прекинеме. Попосле ќе проверам дали заспал, ама луѓе, од старт уште од бебе ептен се потресував за ова спиењево. И откако се поправи, конечно да не го подречам, на секоја промена мааалку да не заспива ко шо сакам јас, одма се потресувам. Сите сте вакви?